Глобални настани, како почеток или крај на долга војна, државен преврат или природна непогода, која длабоко засегнала некоја територија или општество, се моменти во човечката историја што можат јасно да укажат дека претходната фаза во општествениот или економски развој завршува, а почнува нова. 

Според израелскиот историчар Јуал Ноа Харари, состојбата со пандемијата, несомнено, e најзначителен глобален настан во историјата на неколку генерации, по кој светот има шанса да ја насочи глобалната економија кон сосема нов курс, кој ќе ја прекине практиката што доведе до огромни последици за планетата и за човештвото. 

Од друга страна, новиот систем би можел да отвори можности за сосема нова економска практика со капацитет да ги анулира негативностите на претходниот систем. Идеја што во овој момент, можеби, ни звучи утопистичка?

Но, еминентни имиња, економисти и практичари имаат конкретни ставови и предлози за можни сценарија за воспоставување комплетно нови парадигми во економијата, во институционалниот сетап, во бизнисот.

Како би можело да изгледа едно сценарио за тоа што е неопходно да се направи СЕГА, кога светот е сведок на моментот на пауза од кој, можеби, може да се почне одново. На страниците пред вас се изјави од тројца научни работници и практичари дадени за „Фајненшал тајмс“, „Ла република“, „Хафингтон пост“ и „Медиум“. Преку нивните размислувања се кристализира можно, но и моќно сценарио базирано на нивната долгогодишна научна и претприемачка историја за тоа што е можно во периодот што е непосредно пред нас.

Целата тема е достапна во актуелното издание на „Лице в лице“ бр.40

Од кого купи „Лице  в лице“?

Поддршката за продавачите на „Лице в лице“ може да ја изразите преку купување печатено издание од нашата е-продавница, со персонализиран купон: https://bit.ly/3fhM13Z
Доволно е во полето КУПОН да внесете код KupivOd (името на продавачот), а тој списанието ќе ви го испрати по пошта, или доколку сте организација или компанија, ќе ги достави списанијата до вашите простории.
Вашата поддршка може да стигне до продавачките од Poraka Negotino, Волково, (KupivOdMariche, KupivOdAnabela, KupivOdGorde, KupivOdKate и KupivOdPepi), како и до продавачите Кико и Игорче, (KupivOdKiko, IgorPoraka).

Со секое купено печатено издание од продавачките од „Порака Неготино" ќе добиете и подарок цртежи од нивните креативни работилници.
Вие читате, ние креираме. Промената ја носиме заедно.
Повеќе за акцијата - на линкот.