петок, 18 септември 2020 13:44 Вести, Галерија, Лице в лице со граѓаните
Најновото, 41. издание издание на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, e посветено на тема: потенцијалите на руралниот развој.Во продолжение дел од илустративните решенија подготвени од Среќа.мк, а објавени во актуелниот број, (печатено и електронско издание).
Штом слеговме од сплавот, не ми требаше многу време за да сфатам дека во селото се судираат две крајности: дамнешниот начин на живеење и вжарената желба на мештаните да ги вратат нештата, ама на нов начин. Што друго би можеле да посакаат оние чие детство е длабоко потонато во зелените води?
според Евгениј Хоуп, понеделник, 14 септември 2020 12:02 Вести, Лице в лице со граѓаните
Се разбудив со неверување. Сонував како неодамна од печат излегла моја книга за која не ни знаев дека некогаш сум ја напишал. После тоа, со неповрзани мисли, набрзина го спакував ранецот, го напуштивме апартманот во Охрид и со неколку другари заминавме кон Глобочица. Од единственото улично списание ...
четврток, 10 септември 2020 12:44 Вести, Галерија, Лице в лице со граѓаните
Најновото издание издание на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, посветено на тема: потенцијалите на руралниот развој, својата промоција ја доживеа во недопрената убавина на струшкото село Глобочица, кое е синтеза на приказни кои го запираат здивот за некогашниот начин на живеење, и, во ...
Се свртуваме кон локалното, сè повеќе ја препознаваме неговата вредност, млади од градските средини се обидуваат да почнат живот на село, ни се зголемува интересот за здрава храна и потребата да се знае производителот. Стануваме и посвесни за нашите природни потенцијали, а за да ги искористиме соодветно, треба да го свртиме фокусот кон развој на руралните средини почнувајќи од инфраструктура, па до дигитализација. И, секако, да вложуваме во развој на земјоделците од иднината, во човечкиот капитал што ќе ги развива овие средини
според Сузана Трајковска, среда, 09 септември 2020 15:21 Вести, Лице в лице со граѓаните
Јули 2020 годинаРефлексија од настан на „Зум“Тема: Земјоделецот од иднинатаУчесници: Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери (НФФ)Давид Неделковски, млад фармер од РаштакИгор Поповски, производител на овчо млеко, с. ДиховоИлчо Даскалоски, производител на кравјо сирење, ...
според Aлександар Бачиќ, среда, 09 септември 2020 13:29 Вести, Лице в лице со граѓаните
„Жилава заедница“. Тоа би бил најкусиот опис на една група луѓе на кои судбината им ги одзеде огништата. Заминаа, но не се предадоа. Решија да го сочуваат својот корен, да останат заедно, меѓусебно да се крепат и се одржаа. Потоа замислија да си ги вратат назад своите домови што им ги однесе ...