Магазин

Таа, тој, ти, јас - Лицата на Лице в лице

Секој од нас може да направи промена и да придонесе кон поеднакво општество.

Пандемијата нè (на)учи дека само заеднички можеме да ги издржиме нејзините удари но и дека истрајноста, отпорноста и адаптибилноста се важен елемент од човековата природа. Човековата еволуција зависела од тоа. (кхм, Дарвин, фала ти!)Резилиентност = отпорност, да, но, и грижа, меѓусебна поддршка, ...
Прочитај повеќе......

Волонтерската работа не е само чистење и ковање шајки!

Сѐ уште се сеќавам на првото влегување во Куршумли ан, состојбата во која беше оставен и идејата за тоа како треба да изгледа просторот во рок од четири-пет дена. Магијата почнува со запознавањето на сите други волонтери и на екипата од фестивалот. Работата е секогаш многу полесна со добро друштво, добра екипа, која најчесто е со многу сличен поглед на светот како тебе

Во­лон­тер­ска­та работа е приказна за искуство што никогаш никој не може да го за­ме­ни или да го земе. За жал, не е претставено како секојдневна типична работа. Не дека не е приз­на­е­на од општеството, ама сѐ уште не е целосно нормализирана кај нас, со оглед на тоа дека се работи без финансиска ...
Прочитај повеќе......

Новата генерација е гласник на циркуларната економија

Се верува дека причината за еколошката освестеност кај младите доаѓа од еколошките проблеми со кои пораснале. Претпријатијата низ светот почнаа да ја вклучуваат етичката и еколошка одговорност во своите деловни стратегии и секојдневно работење

Филозофијата на управување на синџирот на снабдување динамично се менува. Развива полиња на дејствување во согласност со актуелните трендови на пазарот. Кога еколошките проблеми се закануваат дека ќе го променат начинот на животот на луѓето, се развиваат т.н. зелени иницијативи.Во време кога се ...
Прочитај повеќе......

Треба ли некогаш црвен картон за публиката на спортските трибини?

Многу често се злоупотребува слободата на говорот за говор на омраза или говорот на омраза се оправдува со слобода на говорот. А, всушност, многу е јасна разликата меѓу едното и другото, вели спортската но­ви­нар­ка и колумнистка Билјана Б. Петрушевска

Спортот носи универзална димензија за создавање вредности што го менуваат општеството, развиваат национална кохезија, ја афирмираат демократијата, ги остваруваат човековите права и слободи, ја засилуваат економијата и ја поттикнуваат заштитата на здравјето на граѓаните. Треба да послужи како ...
Прочитај повеќе......

За квалитетно општество се потребни луѓе што мислат

Слободата на мислата е олицетворение на автономијата на човекот. Брзото живеење, достапноста на информациите, популизмот, пропагандата, лажните вести и модерните трендови, тукуречи ја заробија човековата мисла, па, за жал, живееме во ера во која луѓето сѐ помалку размислуваат со сопствениот мисловен капацитет

Илустрација: Лирим ХоџаЗа­ед­но со слободата на говорот, слободата на мислата е еден од основните постулати на демократијата. Еден од неславните трендови на денешнината е токму тоа што про­сеч­ни­от човек сѐ помалку ја користи оваа слобода и сѐ помалку размислува. Се пре­тво­ра во несвесен ...
Прочитај повеќе......

Да пливаме наспроти консумеристичките струи!

Ако продолжиме со овој брз начин на живот, без да обрнеме внимание на тоа што е најважно, ќе ни требаат две и пол Земји за да опстанеме наредните години. Ако не преземеме нешто денес, за некоја година ќе ни биде веќе предоцна

Живееме во изобилство и сè што ќе посакаме ни е на само еден клик од нас. Научени сме вниманието и љубовта да ги искажуваме преку материјални купени продукти. Научени сме да купиме нова техника кога старата ќе се расипе, нова гардероба кога старата ќе се искине. Купуваме парчиња од брзата мода, кои ...
Прочитај повеќе......

Лит-чет

Лана Басташиќ и Румена Бужаровска се писателки чии книги претходните години стигнаа и до широката книжевна публика и до недвосмислени пофалби од критиката, но и писателки кои своите јавни настапи укажуваа на бројните аномалии на општеството и општествата во кои живееме. Во нашиот магазин во три ...
Прочитај повеќе......

Живеење на „американскиот сон“ во кичевско Карбуница

Просечниот Американец не е свесен колку може да се живее убаво во Македонија, истото тоа важи и за луѓето тука. И едните и другите се залажуваат со оној „американски сон“, а истото можат да го остварат и тука, се разбира, со труд, знаење и со многу напор - раскажува Американецот Џеб Адамс, кој со години живее во Македонија

Др­жа­ви­те од Балканот мака мачат за да ги задржат младите дома. Ученици, работници, дип­лом­ци, цели семејства, по помалку или повеќе размислувањa, преиспитувања, се решаваат да го на­пу­штат родниот крај во обид да ја побараат среќата надвор од земјата.Иа­ко нема официјални податоци, одредени ...
Прочитај повеќе......

Слем-поезија и рапување за подобра иднина

На неговите слушалки пишува „љубовпитен“, токму такви беа и нашите продавачи. Горазд го отвори бележникот и ги покани на несекојдневна игра: - Ќе напишам една реченица и ќе го оставиме тефтерот да кружи кај секој од нас. Да се обидеме да напишеме наша, заедничка кратка песна... или барем да ја почнеме – ги повика тој. Клучните зборови во овој прв обид за поезија кај нив беа чесност, среќа, работа

Најдраго искуство – пишување книгаСредбата со младиот поет Горазд Кени се случи на нашето омилено место, во близина на Школка во Градски парк. Ни донесе интересни моменти и топла атмосфера, со која си заминавме со нови искуства. Ваквите активности со нив ги спроведуваме редовно, а целта е, освен да ...
Прочитај повеќе......

Вкусен и здрав залак – од семе до трпеза

Иако Демир Хисар е мало место за живеење, приказната за „Моја бавча“ го прави посебно привлечно како туристичкото искуство и доживување. Сите леи во оваа бавча, длабоко во себе, носат вкусни рецепти од демирхисарските мајки и баби, кои, на свој начин, му даваат посебен белег на местото, кое вообичаено ни е познато само како богат извор на железна руда. Демирхисарско, за среќа, е кладенец и на здрава храна, руда злато вредна

Фотографии: Кети Талевска и Јована ЛозановскаДа се консумира домашна, здрава и органска храна е можно само ако расте и се одгледува во бујна и незагадена вегетација. И ако го носи автентичниот мирис на природата. Ако, пак, е зачинета и со гостопримливост и срдечност на локалните жители, тогаш, ...
Прочитај повеќе......
[ Страница 1 од 14 ]Следно