Анета Ристеска

Кафетерија, фарма за животни или нешто трето. Победила првата идеја во дилемата на двојката Мартин Ангелов и Радмила Периќ за тоа каква претприемачка приказна да почнат.
Оштетениот слух не е и не треба да биде пречка за да развиваме одредена бизнис-идеја, и покрај скепсата што често ја чувствуваме од опкружувањето, како и слабата поддршка од системот во обезбедување одговори на нашите потреби, велат тие.
– „Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис“, беше пораката што речиси едногласно стигнуваше до нас на почетокот. Но, тоа не ме натера да се предадам. Напротив. Ме мотивираше уште повеќе – вели битолчанецот Мартин, кој за заедницата на „Лице в лице“ ја раскажа својата претприемачка сага и отворено зборува за условите што ги обезбедува нашето општество за лицата со оштетен слух, во предизвикот наречен бизнис, но и за тоа што треба да менуваме како јавност за да ја подобриме целосната клима за живот и за работа на овие наши сограѓани.
Но, и не само за тоа. Овој млад човек храбро ги идентификува точките од кои може да почне менувањето на перцепцијата и надминувањето на предрасудите за вештините и за потенцијалите на лицата со оштетен слух. Образованието е, вели тој, стартното скалило за создавање општество што ќе обезбедува еднакви можности за сите.

1. „О2 MR Coffee Bar“ е првото знаковно кафуле во Скопје, но и пошироко во регионот. Неодамна го прослави првиот роденден. Како би ги дефинирале впечатоците од овој период? Колку нашата земја е подготвена, респонсивна за потребите на лицата со оштетен слух во поглед на стартување и одржување една претприемачка приказна? Раскажете ни како почна сѐ.

Пред ед­на го­ди­на вле­гов во сфе­ра­та на биз­ни­сот, за­ед­но со мо­ја­та де­вој­ка. Мис­лев де­ка пре­ку тоа ќе мо­же да се отво­ри­ме, не са­мо ка­ко лу­ѓе, ту­ку и ка­ко парт­не­ри, со си­те дру­ги. Имав­ме по­ве­ќе идеи пред да се ре­ши­ме за се­гаш­на­та, за ка­фе-бар. Оп­сеж­но пра­вев­ме ана­ли­зи, де­тал­но сле­дев­ме сѐ, и ова не бе­ше слу­чај­но... Со Рад­ми­ла па­ту­вав­ме мно­гу по све­тот и имав­ме мож­ност да ви­ди­ме де­ка глу­ви­те лу­ѓе ка­ко нас има­ат мно­гу отво­ре­ни мож­но­сти во оп­штес­тво­то за да се за­ни­ма­ва­ат со биз­нис. По­тоа, ко­га се вра­тив­ме во Ма­ке­до­ни­ја, мој бли­зок дру­гар ме ин­фор­ми­ра­ше де­ка УНДП има­ат кон­курс што сти­му­ли­ра ва­ква актив­ност. Не­мав ди­ле­ма да се при­ја­ви­ме. Ја по­ми­нав­ме обу­ка­та, но, пр­во­то не­што со што се со­о­чив­ме бе­ше ка­ко нѐ пер­ци­пи­раа лу­ѓе­то од стра­на. Ме гле­даа не со сом­неж, ама со не­ка­кво дво­у­ме­ње, да­ли, на­ви­сти­на, мо­же­ме да го пра­ви­ме ова. Мо­же­би и ин­сти­ту­ци­и­те не беа си­гур­ни кол­ку ние, ли­ца­та со ва­ква по­пре­че­ност, мо­же­ме да се но­си­ме со ова, па при пот­пи­шу­ва­ње­то на до­ку­мен­ти­те се чув­ству­ва­ше не­ко­ја сте­га да­ли, всуш­ност, ќе би­де­ме до­бри игра­чи во биз­нис-во­ди­те. Би­деј­ќи сум би­тол­ча­нец, ова го ре­а­ли­зи­рав пре­ку би­тол­ска­та Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, од ко­ја до­бив­ме мно­гу го­лем пот­тик. Мо­ја­та де­вој­ка е од Бог­дан­ци. Во неј­зи­но­то ме­сто, пак, има­ше по­ве­ќе прашaња од ти­пот: Зо­што са­ка­те да би­де­те биз­нис­ме­ни?
За сре­ќа, има по­е­дин­ци што пра­ват го­ле­ми по­ме­сту­ва­ња. Со­ци­јал­ни­от ра­бот­ник Ли­ле од би­тол­ска­та аген­ци­ја, ко­ја е и го­лем струч­њак, но, и го­лем чо­век, нѐ бо­дре­ше низ це­ли­от пат.
Ка­фу­ле­то го отво­рив­ме во Скоп­је. Но, про­це­сот ко­га се оби­ду­вав да нај­дам ло­ка­ци­ја, оде­ше, на­ви­сти­на, мач­но. Не­мав­ме тол­ку­вач и бе­ше, на­ви­сти­на, те­шко со лу­ѓе­то што из­нај­му­ва­ат про­стор да се до­го­во­ри­ме за ус­ло­ви­те на из­да­ва­ње. Ту­ка по­втор­но сил­но се из­ди­га тој пси­хо­ло­шки ѕид.... Се срет­ну­ва­те со лу­ѓе на кои им ка­жу­ва­те де­ка са­ка­те да го из­нај­ми­те про­сто­рот и по­втор­но ве до­че­ку­ва­ат со не­до­вер­ба. Си­те нѐ гле­даа со не­ка­кви дру­ги очи­ла на ре­ал­ност.

2. Кои се глав­ни­те пре­диз­ви­ци со кои се со­о­чи­вте на стар­тот, но и со ка­кви преч­ки, пак, се со­о­чу­ва­те се­га, те­ков­но?


Мое оми­ле­но ме­сто ка­де што пла­ни­рав да отво­рам биз­нис бе­ше Де­бар ма­а­ло, но при­фа­тив де­ка не сум мо­ќен да отво­рам та­му ло­кал по­ра­ди ви­со­ки­те ки­рии, кои за нас ка­ко по­чет­ни­ци беа не­воз­мож­ни. Се­пак, ло­ци­ра­ни сме во цен­та­рот на Скоп­је, кај пло­шта­дот „Ја­дран“ и има­ме оп­кру­жу­ва­ње што ни да­ва уба­ви ус­ло­ви за ра­бо­та. Со средс­тва­та што ги до­бив­ме, на­ба­вив­ме ре­чи­си сѐ што има­ме во ка­фе­те­ри­ја­та, ма­си, сто­ло­ви, шанк, тех­ни­ка, фри­жи­дер, шпо­рет, ма­ши­ни за ка­фе... Бев­ме под­др­жа­ни со по 5.000 евра, зна­чи за­ед­но со мо­ја­та де­вој­ка до­бив­ме 10.000 евра фи­нан­си­ска под­др­шка, но имав­ме и свои средс­тва. Единс­твен проб­лем ни бе­ше ко­му­ни­ка­ци­ја­та. Тоа е те­шко и за нас, и за тие нас­про­ти нас. На при­мер, ко­га оти­дов­ме да на­ба­ву­ва­ме шанк, сто­ло­ви, ма­си... одев­ме по про­дав­ни­ци, тре­ба­ше да ка­же­ме на­чин, ка­ко ќе пла­ќа­ме, ка­ко ќе би­де фа­кту­ри­ра­но, ко­му, и, на­ви­сти­на, тоа е си­ту­а­ци­ја низ ко­ја те­шко се по­ми­ну­ва.
Ме до­пи­ра ва­ше­то пра­ша­ње, ме вра­ќа­те на по­че­то­кот што не бе­ше тол­ку одам­на, но, пси­хич­ки не се чув­ству­вам уба­во ко­га на­ле­ту­вам на ко­му­ни­ка­ци­ски ѕид. Да е ед­наш, чо­век ќе под­голт­не, но, ко­га се­ко­гаш тре­ба да ја ја­де­те иста­та пор­ци­ја, те­шко... Има глу­ви лу­ѓе, кои по­ра­ди ва­кви ко­му­ни­ка­ци­ски те­шко­тии се отка­жаа од фа­кул­тет, се отка­жаа од сту­ди­ра­ње, се отка­жаа од си­те свои до­бри на­ме­ри да че­ко­рат и да се раз­ви­ва­ат. Но, јас сум во дру­га­та ка­те­го­ри­ја мла­ди, не се пла­шам, не се разг­не­ву­вам, про­дол­жу­вам.
Бла­го­да­рен сум му на ар­хи­те­ктот што го ди­зај­ни­ра­ше на­ше­то ка­фу­ле и, на­ви­сти­на, го уре­ди та­ка ка­ко што са­кав­ме да изг­ле­да. За­до­вол­ни сме со изг­ле­дот на ова ма­ло ме­сто, кое е мош­не сим­па­тич­но за пре­стој. Же­ле­за­ри­ја­та, за­ва­ру­ва­ње­то, сто­лар­ски­те ра­бо­ти, сѐ што пра­вев­ме ов­де ка­ко ди­зајн и ка­ко ам­би­ент го ра­бо­теа глу­ви мај­сто­ри. Мо­же­ме да се по­фа­ли­ме де­ка во си­сте­мот на изра­зу­ва­ње има­ме ед­на аз­бу­ка што ја ко­ри­сти­ме си­те глу­ви, и Ма­ке­дон­ци, и Ал­бан­ци, и Ро­ми, глу­ви од си­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци. Во на­ши­от свет не­ма раз­ли­ка.
Гла­вен пре­диз­вик и на стар­тот, а и се­га, е не­ма­ње­то тол­ку­ва­чи. Тоа ги одол­жу­ва­ше си­те под­го­то­вки за по­че­ток на биз­ни­сот. Би би­ло до­бро ко­га др­жа­ва­та би ни овоз­мо­жи­ла ус­ло­ви, тол­ку­ва­чи, во нај­важ­ни­те сег­мен­ти од во­де­ње­то биз­нис. Не ко­га одам по на­ба­вка на про­ду­кти, но, ко­га има­ме по­тре­ба од ус­лу­ги на Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди, или во Ми­ни­стерс­тво за фи­нан­сии, или во Инс­пе­кто­ра­тот за хра­на (са­кав­ме да ја про­ши­ри­ме деј­но­ста), то­гаш има­ме проб­лем ка­ко да ги при­ми­ме ин­фор­ма­ци­и­те, ка­ко да раз­бе­ре­ме, ту­ка сме тен­ки со мож­но­сти­те.
Са­мо што поч­нав­ме со ра­бо­та, се слу­чи пан­де­ми­ја­та со ко­вид-19 што по­втор­но на­мет­на но­ви пра­ви­ла на функ­ци­о­ни­ра­ње. На­ше­то ме­сто е мно­гу прив­леч­но, иа­ко сѐ уште скром­но по­се­те­но. Но, ка­ко што ми ве­лат, и по­крај го­ле­ма­та кон­ку­рен­ци­ја на ло­ка­ли во цен­та­рот, во овој про­стор има пар­че ти­ши­на. Кај нас, на­ви­сти­на, е мно­гу ти­вко, мир­но и пр­вич­но на чо­век му е чуд­но. Но, ука­жу­ва­ме де­ка има­ме „са­мо­пос­лу­жу­ва­ње со му­зи­ка“. Ние не го слу­ша­ме му­зич­ки­от си­стем, не мо­же­ме да го упра­ву­ва­ме, но, го­сти­те мо­жат са­ми по свој из­бор да си нај­дат ста­ни­ца и да си го на­пра­ват ам­би­ен­тот по свој ме­рак.

3. На што се дол­жи скеп­са­та кај ин­сти­ту­ци­и­те, кај си­сте­мот, или, по­точ­но, нив­на­та тро­ма­вост во прис­по­со­бу­ва­ње на ус­ло­ви­те за биз­нис и за ли­ца­та со оште­тен слух? Да­ли мо­же­ме да збо­ру­ва­ме за преч­ки што мно­гу јас­но мо­же да се адре­си­ра­ат кај нив и што е тоа што тре­ба да се ме­ну­ва?

Ин­сти­ту­ци­и­те тре­ба да ја про­ме­нат сли­ка­та за нас. Ве­ро­јат­но и тие нѐ гле­да­ат ка­ко глу­ви ли­ца со не­ка­кви огра­ни­че­ни спо­соб­но­сти или мож­но­сти. Јас ве­лам де­ка са­мо ко­му­ни­ка­ци­ја­та  е единс­тве­ни­от проб­лем за да мо­же да се поч­не биз­нис. Ни­што дру­го. Са­мо ко­му­ни­ка­ци­ски­от мо­мент, и ин­сти­ту­ци­и­те мо­ра да го раз­бе­рат тоа. Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште не го прис­по­со­би­ла сво­јот си­стем или из­гра­ди­ла на те­ме­ли на ед­но мо­дер­но вре­ме, 21 век сме, да по­тсе­ти­ме. Во Евро­па, би­деј­ќи теж­не­е­ме да оди­ме во Европ­ска­та уни­ја, та­мош­ни­те си­сте­ми, по европ­ски­те пра­ви­ла, обез­бе­ду­ва­ат сѐ на тој пат. Зна­чи си­сте­мот ве слу­ша и ви по­ма­га вие да би­де­те ус­пеш­ни во тоа што го пра­ви­те, а ов­де си­сте­мот ве те­ра да оди­те од вра­та на вра­та. Не на оваа, оде­те на след­на­та, и та­ка на 10, са­мо се пре­пра­ќа, од­нос­но се по­со­чу­ва со пр­стот де­ка не­кој друг тре­ба да ви по­мог­не, друг да ви го ре­ши проб­ле­мот, што не е во ред.

4. Кои би би­ле ва­ши­те глав­ни пре­по­ра­ки за по­до­бру­ва­ње на сли­ка­та кај нас во пог­лед на пра­ва­та на ли­ца­та со оште­тен слух и на мож­но­ста да се ли­де­ри во одре­де­на прет­при­е­мач­ка иде­ја?

Еве еден при­мер... Има­ме мо­би­лен те­ле­фон и пре­ку не­го мо­же­ме да по­ба­ра­ме не­кој од тол­ку­ва­чи­те. Го за­мо­лу­ва­ме шал­тер­ски­от ра­бот­ник, на при­мер во не­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја, по­да­вај­ќи го те­ле­фо­нот, да ја ис­пра­там по­ра­ка­та што ја имам пре­ку тол­ку­ва­чот, но не при­фа­ќа­ат та­ква ко­му­ни­ка­ци­ја. Те­шко оди одо­бро­во­лу­ва­ње­то кај нив. Во си­сте­мот не­до­сти­га се­ри­оз­но ре­ша­ва­ње на по­тре­ба­та од тол­ку­ва­чи во ин­сти­ту­ции. Не­оп­ход­но е да вра­бо­тат ба­рем по еден тол­ку­вач. Таа ра­бо­та тре­ба што по­бр­зо да би­де про­ме­не­та. Оти, ако ве­ли­ме де­ка теж­не­е­ме да би­де­ме рам­но­прав­ни, ка­ко што сме во Уста­вот, во пра­кти­ка­та не сме. Пра­кти­ка­та го по­ка­жу­ва тоа, и ан­га­жи­ра­ње­то тол­ку­ва­чи е пра­ша­ње што др­жа­ва­та мо­же да го ре­ши ако са­ка...
Ние жи­ве­е­ме од кли­ен­ти­те, дел од нив се охра­бре­ни, ќе вле­зат, ќе се снај­дат, има­ме ме­ни прис­по­со­бе­но на зна­ко­вен ја­зик, но, не­кои не­ма да се снај­дат на ме­ни­то, ќе ни на­пи­шат со лив­че. Но, има и лу­ѓе што не са­ка­ат да вле­зат, со са­мо­то тоа што гле­да­ат де­ка сме глу­ви, не­ка­ко се пре­мис­лу­ва­ат. Не се мно­гу на број, но ги има. Са­кам лу­ѓе­то да има­ат отво­рен ум, да не гле­да­ат со пре­дра­су­ди, ни­ту на глу­ви­те, ни­ту на кои би­ло дру­ги раз­лич­но­сти што ги има­ме ме­ѓу се­бе, ту­ку да има­ат отво­рен ум што ги прид­ви­жу­ва.




5. Што ве­лат ва­ши­те искус­тва, во спо­ред­ба со не­кои дру­ги европ­ски зем­ји, за пра­ва­та што ги има­ат ли­ца­та со оште­тен слух на дру­го под­неб­је, осо­бе­но ко­га се во пра­ша­ње биз­нис-при­каз­ни­те? Што мо­же и тре­ба да на­у­чи­ме од ус­пеш­ни­от при­стап и од ус­ло­ви над­вор? Кои искус­тва би ги од­во­и­ле ка­ко по­себ­но инс­пи­ра­тив­ни? И во пог­лед на све­ста на оп­штес­тво­то, но, и на јав­но­ста, ка­ко глав­ни подд­жу­ва­чи? Ка­ко да стиг­не­ме до та­ква фа­за на ме­ѓу­себ­но раз­би­ра­ње?

Ед­на и пол го­ди­на пре­сто­ју­вав во Хо­лан­ди­ја, за­ед­но со мо­ја­та де­вој­ка. Си­те ра­бо­ти ми по­ми­наа низ про­цес на ана­ли­за и на раз­мис­лу­ва­ње. Тоа оп­штес­тво го оце­ну­вам со ви­со­ка де­се­тка за сѐ! Зна­чи, та­му, освен што се­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја има обез­бе­де­но тол­ку­вач во кое би­ло вре­ме, се­ко­гаш ко­га ви тре­ба да ве при­дру­жи, има и под­др­шка за глу­ви ту­ри­сти. Зна­чи, ако дој­дат во Хо­лан­ди­ја лу­ѓе од ко­ја би­ло стра­на на све­тот имаат 30 ча­са по­да­рок од др­жа­ва­та – на стран­ци им обез­бе­ду­ва пре­вод на зна­ко­вен ја­зик. Ова за ме­не бе­ше фас­ци­нант­но. Глу­ви­те лу­ѓе во хо­ланд­ско­то оп­штес­тво ги има во си­те сфе­ри на биз­ни­сот, ка­ко заб­ни про­те­ти­ча­ри, умет­ни­ци, мод­ни кре­а­то­ри, шмин­ке­ри, из­во­нред­ни ди­зај­не­ри, кои пра­ват мо­де­ли за крал­ско­то се­мејс­тво, за ВИП-лич­но­сти... Та­му др­жа­ва­та ја отво­ри­ла вра­та­та за се­кој ус­пе­шен по­е­ди­нец со оште­тен слух. Се­га да ве вра­там ка­де сме ние. Ние сѐ уште има­ме про­фи­ли за­ни­ма­ња во учи­ли­ште­то за глу­ви, ко­га тре­ба да ре­ши­ме ка­ко сред­но­школ­ци со што ќе се за­ни­ма­ва­ме. Ма­жи­те мо­же да би­дат бра­ва­ри, ме­ха­ни­ча­ри, а же­ни­те ши­вач­ки. Нас др­жа­ва­та нѐ гле­да са­мо ка­ко бра­ва­ри или шнај­де­ри. Јас пра­шу­вам, што ако, на при­мер, не са­ка­те да би­де­те бра­вар. Сте се ро­ди­ле глув, ама не са­ка­те да сте бра­вар... Таа тор­ту­ра што ја на­мет­ну­ва др­жа­ва­та пре­ку ста­ро­мод­ни­те обра­зов­ни про­фи­ли ве­ќе не од­го­ва­ра за мла­да­та ге­не­ра­ци­ја. Ве­ли­ме ни тре­ба­ат де­мо­крат­ски про­це­си, са­ка­ме да би­де­ме де­мо­крат­ско оп­штес­тво, ама тап­ка­ме во ме­сто со ста­ри­те на­ви­ки и со ста­ри­те по­стап­ки.




6. Кол­ку ни не­до­сти­га да се приб­ли­жи­ме до не­ко­ја фа­за што би ја ока­ра­кте­ри­зи­ра­ле ка­ко со­лид­на во пог­лед на рам­но­прав­ност во оп­штес­тво­то на ли­ца­та со оште­тен слух? Да­ли ра­бо­та­та со ба­рот ви но­си не­ка­ква на­деж де­ка на­ша­та јав­ност ста­ну­ва по­свес­на за тоа де­ка ко­му­ни­ка­ци­ја­та е не­што во кое си­те тре­ба да има­ме влог, да го учи­ме зна­ков­ни­от ја­зик, мо­же­би тре­ба да би­де учи­ли­штен им­пе­ра­тив за си­те нас? Кои дру­ги че­ко­ри би би­ле след­ни? Ка­ко да се дви­жи­ме кон про­ме­ни­те?

Сѐ трг­ну­ва од обра­зо­ва­ни­е­то. Јас по­тек­ну­вам од се­мејс­тво во кое си­те се глу­ви, и тоа не е ед­но­став­на ра­бо­та. Мај­ка, та­тко, брат, си­те глу­ви. Но, и на­на­зад, чич­ков­ци, стри­ни, мо­е­то се­мејс­тво има 27 ли­ца со оште­тен слух. И ние, ни­кој од нас не се чув­ству­ва хен­ди­ке­пи­ра­но, си­те се вра­бо­те­ни, си­те тр­ча­ат, има­ме ра­це, збо­ру­ва­ме со ра­це, и тоа е тоа. Но, че­ко­ри­те поч­ну­ва­ат од мо­мен­тот ко­га го учи­те сво­е­то де­те да се чув­ству­ва авто­ном­но, пис­ме­но, да се обра­зу­ва на сво­јот ја­зик, на мај­чи­ни­от, на зна­ко­вен ја­зик. Да има наг­лед­ни средс­тва во обра­зо­ва­ни­е­то, да гле­да те­ле­ви­зи­ја, да ра­бо­ти на комп­ју­тер, пре­ку ви­де­о­со­др­жи­ни да се чув­ству­ва ка­ко жи­во де­те и по­крај тоа што не слу­ша. Да го при­ма све­тот со си­те ин­фор­ма­ции, на на­чин што ќе би­де прис­по­со­бен. Обра­зо­ва­ни­е­то е ал­ка­та број еден за ус­пе­шен млад чо­век по­на­та­му. Не­ма да би­де­те не­си­гу­рен. Мно­гу сум бла­го­да­рен на би­тол­ско­то учи­ли­ште за глу­ви де­ца би­деј­ќи та­му нѐ на­у­чи­ја де­ка во жи­во­тот тре­ба да се бо­ри­ме. Јас сум ро­ден со нор­ма­лен слух и го­вор, но, на осум-де­вет­ме­сеч­на во­зраст сум до­бил ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра и пре­ку при­ме­на ин­јек­ци­ја сум го из­гу­бил слу­хот. Тоа е слу­ча­јот кај ме­не, но, мо­и­те ро­ди­те­ли не го сфа­ти­ле тоа ка­ко тра­ге­ди­ја би­деј­ќи и са­ми­те се глу­ви. И имав­ме проб­ле­ми, од гра­дин­ка, па на си­те след­ни ни­воа, но се­га те­ма­та ни е дру­га.  

7. Кри­за­та со пан­де­ми­ја­та из­ме­сти мно­гу од пла­но­ви­те што по­сто­е­ја во биз­нис-сфе­ра­та. Ка­кви се ва­ши­те про­ек­ции за пер­и­о­дот пред нас, ва­ши­те след­ни че­ко­ри со „02 MR Coffee Bar“?
 
Пан­де­ми­ја­та ја до­жи­ве­ав ка­ко шок-мо­мент во про­це­сот на ра­бо­та. Има­ме но­ва си­ту­а­ци­ја под ко­ја функ­ци­о­ни­ра­ме, мо­ра да се но­сат ма­ски, но ка­ко глув чо­век, ме­не тоа ми е двој­но по­го­лем проб­лем би­деј­ќи ние глу­ви­те лу­ѓе и та­ка има­ме ко­му­ни­ка­ци­ски преч­ки, а се­га пре­ку ма­ска­та, ко­га гле­да­те са­мо очи, не мо­же­те да раз­бе­ре­те ап­со­лут­но ни­што. Во европ­ски­те зем­ји ова е уба­во ре­ше­но. Др­жа­ви­те нај­доа ре­ше­ние и за глу­ви­те. Се но­сат про­ѕир­ни ма­ски и вие мо­же­те да чи­та­те од уста­та на со­го­вор­ни­кот, или да го гле­да­те изра­зот на не­го­во­то ли­це, што збо­ру­ва мно­гу во да­ден мо­мент. Фран­ци­ја е са­мо ед­на од др­жа­ви­те што ре­а­ги­ра­ат вед­наш во мо­мен­тот за тоа што е по­треб­но за ли­ца­та со по­пре­че­ност. Не да вр­ват ме­се­ци, го­ди­ни, ту­ку вед­наш, за се­кој глув гра­ѓа­нин под­го­тви­ле па­кет со комп­лет еле­мен­ти за за­шти­та во ус­ло­ви на ко­вид за глу­ви­те ли­ца. Ус­ло­ви­те за ра­бо­та во ка­фе­те­ри­ја­та, во ус­ло­ви на пан­де­ми­ја, се, на­ви­сти­на, те­шки. Ге­не­рал­но, ус­ло­ви­те за сто­па­ни­су­ва­ње се те­шки. Но, хра­бар сум, и на­деж­та е тоа што ме вле­че да из­др­жам. И ги по­ви­ку­вам си­те лу­ѓе до­бр­но­на­мер­ни­ци, не­ка по­ве­лат, не­ка ѕир­нат во на­ши­от, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат „свет на ти­ши­на­та“, па не­ка­ко да ги пре­ле­е­ме тие два све­та. Та­ка се ра­ѓа­ат и при­ја­телс­тва, ги поз­дра­ву­ва­ме на­ши­те кли­ен­ти на зна­ко­вен ја­зик, има­ме, на­ви­сти­на, мно­гу ра­бо­ти со кои мо­же­ме да се по­фа­ли­ме.

8. Да­ли се­га до вас стиг­ну­ва­ат по­ве­ќе ре­ак­ции на под­др­шка ток­му од тие што на по­че­то­кот по­ка­жу­ваа по­ве­ќе сом­неж? И да­ли гра­ѓа­ни­те се тру­дат да го по­ба­ра­ат тоа што го са­ка­ат на зна­ко­вен ја­зик? Што е нај­на­ра­чу­ва­но во ка­фе-ба­рот?

Од сом­неж пре­ку ди­ле­ми, со упор­ност и тру­до­љу­би­вост, дој­дов­ме до си­ту­а­ци­ја да нѐ гле­да­ат ка­ко лу­ѓе спо­соб­ни да го ра­бо­ти­ме ова што го из­брав­ме. Ду­ри и ста­ну­ва­ме не­ка­ков при­мер ме­ѓу дру­ги мла­ди што има­ат жел­ба да поч­нат со не­кој биз­нис, па сме ка­ко мо­дел на иден­ти­фи­ка­ци­ја. Нѐ гле­да­ат нас, и поч­ну­ва­ат да раз­мис­лу­ва­ат де­ка е воз­мож­но да се би­де во биз­нис-се­кто­рот. Ко­га сте пр­ва­та пти­ца што се оби­ду­ва да до­не­се не­ко­ја дру­га свет­ли­на, се раз­би­стру­ва­ат тие ди­ле­ми. Јас лич­но сум мно­гу за­до­во­лен де­ка по мал­ку ра­бо­ти­те се ме­ну­ва­ат. Ина­ку, најм­но­гу лу­ѓе­то до­а­ѓа­ат да се на­пи­јат по ед­но ес­пре­со, ма­ки­ја­то, не­ска­фе, нај­че­сто се ка­фе­џии. Пра­ви­ме и вкус­ни це­де­ни со­ко­ви, еве ова не­ка би­де ка­ко не­ко­ја рек­ла­ма... Са­кам да изра­зам и бла­го­дар­ност до мен­то­рот Јо­ван Ста­ле­ски, кој ни бе­ше го­ле­ма под­др­шка, а има­ше и важ­на уло­га во из­бо­рот на име­то на ба­рот.

Лу­ѓе­то со оште­тен слух мо­же да дејс­тву­ва­ат во раз­лич­ни деј­но­сти


Кол­ку сте за­поз­на­ти со прет­при­е­мач­ки при­каз­ни во ре­ги­о­нот што ги ини­ци­ра­ле и ги во­дат лу­ѓе со оште­тен слух?
Ка­фе­те­рии не, но, друг тип деј­но­сти да, ка­ко хо­те­ли­ерс­тво, по­тоа сер­вис / сер­вис за ми­е­ње авто­мо­би­ли, за­бо­тех­ни­чар, умет­ни­ци (сли­ка­ри)...
Во Ма­ке­до­ни­ја не сме единс­тве­ни ка­ко глу­ви лу­ѓе во биз­нис-се­кто­рот. Бра­тот на мо­ја­та де­вој­ка е глув, и тој има фри­зер­ско сту­дио. По­тоа, во Те­то­во има ма­ги­стер по мо­да и ди­зајн, вр­вен ди­зај­нер. Та­му има и брач­на двој­ка со оште­тен слух што др­жи цве­ќар­ни­ца, во При­леп та­ква двој­ка др­жи са­мо­пос­лу­га... Си­гур­но има де­се­ти­на лу­ѓе што се во биз­нис-се­кто­рот. Има и чо­век што има фир­ма за за­ва­ру­ва­ње и под­го­то­вка на ме­тал­ни кон­струк­ции, бра­вар­ски еле­мен­ти, за со­лар­ни па­не­ли и сл.
Да­ли по­стои ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу овие прет­при­е­ма­чи во пог­лед на поц­вр­ста ар­ти­ку­ла­ци­ја на ба­ра­ња­та што ги има­те и до си­сте­мот?
Не. Точ­но е де­ка за­ед­но би би­ле по­сил­ни да ги ар­ти­ку­ли­ра­ме на­ши­те по­тре­би, но си­те сме вр­за­ни со днев­но ис­по­ра­чу­ва­ње ус­лу­ги на раз­ли­чен те­рен, па тоа ја отеж­ну­ва си­ту­а­ци­ја­та. Во ид­ни­на раз­мис­лу­ва­ме за таа иде­ја...

Ме­ди­у­ми­те за нас се за­тво­рен про­зо­рец

Ка­де ја гле­да­те уло­га­та на ме­ди­у­ми­те во бор­ба­та за по­до­бри пра­ва на лу­ѓе­то со оште­тен слух? Кол­ку пра­ша­ња­та за нив­ни­те пре­диз­ви­ци се акту­а­ли­зи­ра­ат? Кол­ку тие мо­же да има­ат им­пакт врз по­ме­сту­ва­ња­та во оваа сфе­ра?

Освен МРТ, ко­ја има ре­дов­ни со­др­жи­ни, и со ед­на до две еми­сии ме­сеч­но, сѐ дру­го е куп те­ле­ви­зи­ска про­гра­ма, ко­ја ни­ту е тит­лу­ва­на, ни­ту е прис­по­со­бе­на. Да не би­де­ме не­скром­ни, не де­ка оче­ку­ва­ме сѐ да би­де на зна­ко­вен ја­зик, но, на­ви­сти­на, ако те­ле­ви­зо­рот за си­те е про­зо­рец кон све­тот, кој ну­ди мно­гу со­др­жи­ни, тој за нас е за­тво­рен. На при­мер, лу­ѓе­то за ед­на се­кун­да ќе се ин­фор­ми­ра­ат за мно­гу ра­бо­ти, а ние ги при­ма­ме ин­фор­ма­ци­и­те со за­доц­ну­ва­ње од три де­на. Со та­ква бр­зи­на стиг­ну­ва­ат...
Еве, на при­мер, вла­да­та до­нес­ла не­ка­ква за­кон­ска из­ме­на, мо­же­би вр­за­на за при­ви­ле­гии во од­нос на пан­де­ми­ја­та, си­те го слу­ша­ат тоа, се­га и вед­наш, јас не­мам на­чин ка­ко да го при­мам тоа ка­ко ин­фор­ма­ци­ја, и ќе го раз­бе­рам од еден на друг чо­век и, мо­же­би, не­ко­ја де­се­та си­ту­а­ци­ја ќе до­пре ка­ко ин­фор­ма­ци­ја до ме­не. Или, пак, ќе ги мо­ли­те ближ­ни­те да ви ка­жат што пре­не­ле на те­ле­ви­зи­ја за да мо­же­ме да спо­ре­ди­ме, те­шко е... Тре­ба ме­ди­у­ми­те да би­дат поб­ли­ски до ли­ца­та со по­пре­че­ност. Да ги афир­ми­ра­ат на­ши­те со­стој­би, да пи­шу­ва­ат за на­ши­те проб­ле­ми, да ин­фор­ми­ра­ат за нас.

Зо­што името „02 MR Coffee Bar“?

За љу­бов се по­треб­ни двај­ца, О2 е па­рен број, оти уба­ви­те не­шта одат во пар. О2 мо­же да би­де очи и ра­це, ос­но­ва­та на зна­ков­ни­от ја­зик, ка­ко сим­бо­ли... Ако е 0 то­ле­ран­ци­ја за ди­скри­ми­на­ци­ја, двој­ка­та не­ка би­де сим­бол за пар и за­ед­ниш­тво. По­тоа, 02 е по­ви­ку­вач­ки­от број за Скоп­је, 02 е мост од све­тот во кој слу­ша­те кон еден друг свет...



Целото интервју е објавено во 43. издание на „Лице в лице“, посветено на тема: човекови права

Видео интервјуто, пак, е направено со превод на знаковен јазик, и е достапно на дигиталната платформа на „Лице в лице“
Толкувач на македонски знаковен јазик: Марија Башеска Стојановска