Мар­тин Га­лев­ски збо­ру­ва­ за су­штин­ски­те еле­мен­ти на по­ста­ву­ва­ње те­мел­на ви­зи­ја и про­ек­ци­ја на одрж­лив и ква­ли­те­тен обра­зо­вен си­стем. Та­ков, што ќе овоз­мо­жи ус­ло­ви за раз­вој на ди­вер­гент­но­то мис­ле­ње и за уна­пре­ду­ва­ње на ве­шти­ни­те на 21 век, важ­ни за се­стран раз­вој на де­ца­та, и, исто­вре­ме­но, што ќе под­го­тви од­го­вор­ни гра­ѓа­ни, кои ќе соз­да­ва­ат сил­но оп­штес­тво спо­ред мно­гу па­ра­ме­три. 

- Тоа што тре­ба да го раз­бе­ре­ме е де­ка ре­фор­ми­те се се­ко­гаш бо­лен про­цес би­деј­ќи по­драз­би­ра­ат про­ме­на на на­ше­то од­не­су­ва­ње. Че­сто ко­га се по­ви­ку­ва­ме на искус­тва­та од скан­ди­нав­ски­те или дру­ги раз­ви­е­ни зем­ји, нај­че­сто ка­ко кри­ти­ка на тоа што се слу­чу­ва кај нас, ка­ко да за­бо­ра­ва­ме де­ка и та­му во­ве­ду­ва­ње­то на ре­фор­ми­те е те­жок и ма­ко­тр­пен про­цес, кој е под­ло­жен на от­пор или кри­ти­ка. Тре­ба да от­ста­пи­ме од ро­ман­ти­зи­ра­ње­то де­ка та­му ра­бо­ти­те те­чат ка­ко под­мач­ка­ни. Лич­но сум учес­тву­вал во не­кол­ку ре­форм­ски про­це­си во зем­ји­те од За­пад­на Евро­па и знам де­ка и та­му пре­диз­ви­ци­те се со­ста­вен дел од ре­фор­ми­те.
Пр­во тре­ба да се за­пра­ша­ме да­ли ни е по­треб­на ре­фор­ма на обра­зов­ни­от про­цес. Кон­крет­но ќе ка­жам: да, по­треб­на ни е. Тоа е не­што што со го­ди­ни ни го по­ка­жу­ва­ат мно­гу­број­ни истра­жу­ва­ња од об­ла­ста, без раз­ли­ка за кој сте­пен на обра­зо­ва­ние збо­ру­ва­ме. Зе­ме­те ги истра­жу­ва­ња­та EGRA, EGMA, TIMSS и PIRLS за ос­нов­но, или пак PISA за сред­но, си­те тие, без иск­лу­чок, по­ка­жу­ва­ат де­ка по­стиг­ну­ва­ња­та на на­ши­те де­ца се мно­гу зад тие на нив­ни­те врс­ни­ци во по­ве­ќе­то зем­ји во све­тот, не за­тоа што има­ат не­ка­ков при­ро­ден де­фи­цит, ту­ку ток­му по­ра­ди обра­зов­ни­от си­стем во кои рас­тат.
По­да­то­ци­те од те­стот PISA по­ка­жу­ва­ат де­ка де­ца­та што по­се­ту­ва­ле ква­ли­тет­ни про­гра­ми за ра­но уче­ње по­стиг­ну­ва­ат по­ви­со­ки ре­зул­та­ти при уче­ње на 15-го­диш­на во­зраст. Ед­но­став­но ка­жа­но, што се слу­чу­ва со де­те­то на пет или 10-го­диш­на во­зраст ни ка­жу­ва мно­гу за тоа што ве­ро­јат­но ќе му се слу­чи на 15 или 20-го­диш­на во­зраст. Ова е уште еден ја­сен по­ка­за­тел зо­што е важ­но ре­фор­ми­те да поч­нат од те­ме­лот за по­доц­на да мо­же ту­ла по ту­ла да стиг­не­ме до пос­лед­на­та ќе­ра­ми­да.
Тоа што истра­жу­ва­ња­та со си­гур­ност го по­ка­жу­ва­ат е де­ка ка­па­ци­те­тот за уче­ње и за раз­би­ра­ње на ма­те­ри­ја­та кај уче­ни­ци­те зна­чи­тел­но се зго­ле­му­ва ко­га вр­ска­та ме­ѓу раз­лич­ни­те со­др­жи­ни што се обра­бо­ту­ва­ат е си­нер­гет­ска. Ова е уште по­ве­ро­јат­но да би­де слу­ча­јот и во ид­ни­на ко­га ре­ша­ва­ње­то на оп­штес­тве­ни­те проб­ле­ми  со кои се со­о­чу­ва чо­ве­кот ќе ба­ра­ат поз­на­ва­ња од раз­лич­ни дис­цип­ли­ни. Всуш­ност, тоа се слу­чу­ва и во мо­мен­тов. Ре­чи­си си­те важ­ни откри­ти­ја во на­у­ка­та се ре­зул­тат на ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни истра­жу­ва­ња. Зе­ме­те го ка­ко при­мер се­квен­ци­о­ни­ра­ње­то на чо­веч­ки­от ге­ном. Тех­ни­ки­те по­треб­ни за ова им­пре­сив­но до­стиг­ну­ва­ње вклу­чу­ваа ко­ле­ктив­ни на­по­ри од мно­гу об­ла­сти, вклу­чу­вај­ќи фи­зи­ка, хе­ми­ја, би­о­ло­ги­ја и комп­ју­тер­ски на­у­ки.

Клуч­но е да се наг­ла­си и де­ка обра­зо­ва­ни­е­то е си­стем на вр­за­ни са­до­ви. Проб­ле­ми во ед­на об­ласт мо­же да до­ве­дат до проб­ле­ми во ни­за дру­ги об­ла­сти. От­ту­ка, тре­ба да се дејс­тву­ва во по­ве­ќе сег­мен­ти одед­наш, при­тоа да се пре­поз­нае ка­ко ре­фор­ми­ра­ње на ед­на ком­по­нен­та има по­тен­ци­јал да вли­јае по­зи­тив­но или не­га­тив­но и на дру­ги­те. Но, тоа не зна­чи де­ка на си­те еле­мен­ти мо­же да им се по­све­ти по­дед­на­кво вни­ма­ние.
Всуш­ност, ре­фор­ма­та ќе би­де ус­пеш­на са­мо ако е воз­мож­на транс­фор­ма­ци­ја на све­ста, а за да се слу­чи тоа е по­треб­но на­став­ни­ци­те да би­дат мо­ти­ви­ра­ни и да мо­же да ја пре­поз­на­ат цел­та на нив­ни­от труд.

Прочитајте го интервјуто во актуелниот 44. број