„За­па­ме­те­те ги мо­и­те збо­ро­ви, ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја е мно­гу по­о­пас­на од нук­ле­ар­ни­те цен­тра­ли “, ек­стре­мен е кон­тро­верз­ни­от ино­ва­тор и прет­при­е­мач Илон Маск, кој збо­ру­ва за ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја. „Лу­ѓе­то тре­ба да би­дат за­гри­же­ни по­ра­ди за­ка­на­та што ја но­си ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја“, ве­ли и еден од нај­бо­га­ти­те и најв­ли­ја­тел­ни лу­ѓе, Бил Гејтс. Ако обај­ца­та ва­жат за лу­ѓе на кои те­ма­та за ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја им е бли­ска, да­ли е оправ­да­на за­гри­же­но­ста што по­стои во вр­ска со ова пра­ша­ње?

Спо­ред из­ве­шта­јот на Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум, се оче­ку­ва 75 ми­ли­о­ни ра­бот­ни ме­ста да би­дат пре­зе­ме­ни од ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја, ро­бо­ти­ка и авто­ма­ти­за­ци­ја во след­ни­те три го­ди­ни! Се­пак, ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја но­си и но­ви мож­но­сти и уло­ги, кои не по­сто­е­ле во ми­на­то­то. Всуш­ност, исти­от из­ве­штај ука­жу­ва де­ка ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја ќе пот­тик­не не­то-по­раст на но­ви ра­бот­ни ме­ста, што ре­зул­ти­ра со но­ви 133 ми­ли­о­ни ра­бот­ни ме­ста во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни. Тоа се ре­чи­си 60 ми­ли­о­ни по­ве­ќе ра­бот­ни ме­ста, откол­ку што ќе би­дат из­гу­бе­ни. Тоа зна­чи де­ка оваа но­ва тех­но­ло­ги­ја што ја но­си де­неш­ни­на­та не­ма да ги од­зе­ме ра­бот­ни­те ме­ста, ту­ку ра­ди­кал­но ќе ги про­ме­ни.


Ко­ле­кти­вен од­го­вор на ко­ре­ни­та­та про­ме­на

Јас, ка­ко сред­но­школ­ка на ко­ја ѝ прет­сто­јат го­ле­ми од­лу­ки, ве­ру­вам де­ка при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки би тре­ба­ло да ги зе­мам пред­вид и вли­ја­ни­ја­та што ги има на­пред­на­та тех­но­ло­ги­ја врз oгро­мен оп­сег на про­фе­си­о­нал­на ка­ри­е­ра. За не­кол­ку го­ди­ни, нај­важ­на ка­ра­кте­ри­сти­ка што ќе ја ба­ра­ат ра­бо­то­дав­ци­те ќе би­де ток­му спо­соб­но­ста вра­бо­те­ни­те да се адап­ти­ра­ат на но­ви­те тех­ни­ки и на бр­зи­те из­ме­ни. Овие про­ме­ни со се­бе ќе им до­не­сат и но­ва од­го­вор­ност на ли­ца­та што ба­ра­ат ра­бо­та – да се за­поз­на­ат со ди­ги­тал­ни­те ала­тки и да ги зна­ат тех­но­ло­шки­те но­ви­ни.


Би­деј­ќи ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја нав­ле­гу­ва во на­ши­от се­којд­не­вен жи­вот, ќе би­дат откри­е­ни енор­мен број но­ви на­чи­ни на ра­бо­та. Та­ка, таа ги зго­ле­му­ва ра­бот­ни­те ме­ста, ме­сто да ги ели­ми­ни­ра. Отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста во по­мал­ку раз­ви­е­ни­те зем­ји, збли­жу­ва­ње на ин­ве­сти­то­ри­те и на ма­ли­те прет­при­ја­ти­ја, без ог­лед на ло­ка­ци­ја­та.
Го­ле­ми­те про­ме­ни со се­бе но­сат и те­шки тран­зи­ции. Па, та­ка, иа­ко сли­ка­та за вра­бо­ту­ва­ња­та, си­гур­но, ќе се про­ме­ни, јас ка­ко млад чо­век ве­ру­вам де­ка, се­пак, мо­же да би­де на по­до­бро.

Илустрација на Мартина Талевска.

Читајте во 45-тиот број на Лице в лице.