Меѓу најважните аспекти за едно општество се иницијативите и ресурсите што ги насочува државата за медицински истражувања и технолошки напредок во науката и во медицината. Ако недостига поддршка на овој сегмент, многу од услугите ќе бидат приватни, достапни само за одредена група граѓани. Во држави со слаба економија и со сиромашен социјален систем, жално е што граѓаните не можат да си дозволат дијагностика и грижа, која е веќе достапна, а која ја овозможува најновата технологија. 

Менување на улогата на примена на медицината

Преку спроведување на новитетите од светот на дијагностиката и научните истражувања, концептот на персонализирана медицина (ПМ) има улога да го промени начинот на нејзина примена. 
ПМ се базира на целно дијагностицирање одредени заболувања, кои се конкретни за пациентите, и на тој начин се постигнува поспецијализиран третман. Вака се подобрува и самото користење медикаменти, кои нема да се даваат на генерална основа. Споделувам пример од микробиологијата.
Во повеќе држави сè уште се применуваат тестови што за кратко време можат да кажат дали пациентот има вирусна или бактериска инфекција. Без антибиограмски и поспецифични тестирања, се даваат антибиотици со широк спектар и пациентот се третира седум до десет дена. Ако по третманот, пациентот сè уште има знаци на инфекција што не се елиминирала комплетно, тогаш во многу случаи се менува антибиотикот и приказната продолжува.
Со ПМ би се користела соодветна дијагностика, која е во состојба да открие кој специфичен вид бактерија е присутен и е причинител на инфекцијата, заедно со антибиограми што треба соодветно да се ажурираат за да се следи најнова информација, како и со тестови што ќе определат ниво на резистенција на одредени антибиотици. Така, уште од самиот старт пациентот ќе може да ја прими соодветната терапија, која  гарантира поголем степен на елиминирање на патогенот.

(Авторката е доцент и истражувачка на Универзитетот во Роскилд во Данска)

Прочитајте го целиот текст во најновото издание на Лице в лице