Жи­ве­е­ме во време на пандемија, кога многумина седат дома, а седењето дома предизвикува та­га, депресија, меланхолија. Диетата, односно начинот на исхрана, е исклучително важна ком­по­нен­та на менталното здравје што инспирира цело поле во медицината, наречено ну­три­тив­на психијатрија.

Здрава храна – помал ризик за развој на депресија
Тоа што го јадеме е важно за секој аспект на нашето здравје, но особено за нашето ментално здрав­је. Неколку неодамнешни анализи на истражувања потврдуваат дека постои поврзаност ме­ѓу тоа што јадеме и ризик од депресија. Според една анализа, исхраната што се ка­ра­кте­ри­зи­ра со често консумирање овошје, зеленчук, жито во цели зрна, најчесто без глутен, риба, мас­ли­но­во масло и антиоксиданти е директно поврзано со намален ризик од депресија. Ис­хра­на­та, пак, што се карактеризира со голема потрошувачка на црвено и / или преработено ме­со, рафинирани зрна, слатки, млечни производи со маснотии, путер, компири и маснотии, ка­ко и слабото консумирање овошје и зеленчук, е поврзано со зголемен ризик од депресија.

Сѐ во умерени количини!

И сега ќе прашате: што да јадеме? Јадете растителна храна, овошје и зеленчук, интегрално жи­то (идеално, во необработена форма), семиња и јатки и, ако имате потреба, посни протеини ка­ко риба или домашен јогурт. Избегнувајте храна со додадени шеќери или брашно (како леп­чи­ња, печива, жито и тестенини) и намалете ги на минимум животинските масти, пре­ра­бо­те­ни­те меса и путерот. Повременото консумирање на овие „лоши“ јадења е веројатно добро.

За­тоа запомнете, сè во умерени количини!
За тие што се обидуваат да изгубат тежина, ништо не може да тргне наопаку ако јадат овошје и зе­лен­чук. Никој не се здебелил јадејќи лубеница или зелка. Квалитетот секогаш нека ви е по­ва­жен од квантитетот.

Рецепт за зелено смуди





Нај­важ­ни­от оброк во живата кујна е смудито, особено зеленото смуди.

Зим­ски кашест сок,                       

По­треб­ни состојки (за еден литар смуди)                             

Ки­тка зелје

2 ки­ви

250 гра­ма бело грозје

2 ја­бол­ка                                                                           

1 ла­жи­ца ленено семе (свежо мелено)

1 ла­жи­ца конопово семе (свежо мелено)

800 ми­ли­ли­три сончана, изладена вода (вода што во стаклен сад стоела подолго од 6 часа на сон­це)

По­стап­ка

Си­те состојки ставете ги во блендер и блендирајте од најслабо до најсилно, најмногу една ми­ну­та. Може да го испиете целото смуди, а може и да си оставите за подоцна во текот на денот пре­ту­рај­ќи во стаклено шише или тегла, складирајќи го во фрижидер. Може да трае најмногу 24 ча­са

Ре­цеп­тот е дел од книгата на Маја Платнар „Мојата жива кујна“


(Автор­ка­та е основач на „Бистро здраво живо“ )