„За ге­нет­ски­те мо­ди­фи­ка­ции, осо­бе­но за ГМО-хра­на, мно­гу лес­но се кре­ва прав. Ме­ѓу­тоа, ко­га пре­ку истра­жу­ва­ња­та со ин­тер­вен­ции во ге­ни­те би се дош­ло до лек за не­кои бо­ле­сти од кои лу­ѓе­то сè уште уми­ра­ат, или ко­га би се про­на­шол лек за крај на кри­за­та со ко­вид-19, сли­ка­та би се сме­ни­ла и на­уч­ни­ци­те што се за­ни­ма­ва­ат со тоа би ста­на­ле не­кој вид су­перѕ­вез­ди“, пи­шу­ва на бло­гот за поп-кул­ту­ра и за мен­тал­на фи­скул­ту­ра „Кан­та­рот“, по одр­жа­на­та „На­уч­на­та с(ц)ие­ста“, со Жар­ко Да­ни­ло­ски, истра­жу­вач што ра­бо­ти со CRISPR тех­но­ло­ги­ја. Ту­ка бе­ше на­ша­та ја­ди­ца да го по­ба­ра­ме Да­ни­ло­ски, до­цент до­ктор на Уни­вер­зи­те­тот „Њу­јорк“ и во Цен­та­рот за ге­но­ми­ка „Њу­јорк“, кој ра­бо­ти на истра­жу­ва­ња во об­ла­ста на мо­ле­ку­лар­на и на кле­точ­на би­о­ло­ги­ја и ја истра­жу­ва кон­тро­верз­на­та тех­но­ло­ги­ја CRISPR. Израс­нат во Ки­че­во, за­вр­шил сред­но учи­ли­ште во Стру­га, ка­де што пре­ку нат­пре­ва­ри по би­о­ло­ги­ја и по ма­те­ма­ти­ка, раз­ви­ва го­лем ин­те­рес кон на­уч­но-истра­жу­вач­ка деј­ност. Дип­ло­ми­ра во Бре­мен, Гер­ма­ни­ја, а по­тоа се се­ли во Њу­јорк на до­ктор­ски сту­дии.  До­де­ка све­тот се воодушевува, но, и ги пре­ис­пи­ту­ва етич­ки­те ди­ле­ми во од­нос на неј­зи­на­та упо­тре­ба, Жар­ко, во пр­во ли­це, спе­ци­јал­но за чи­та­те­ли­те на „Ли­це в ли­це“ ја об­јас­ну­ва неј­зи­на­та упо­тре­ба и при­до­би­вки­те што мо­же да се оче­ку­ва­ат од т.н. ге­нет­ски но­жич­ки, кои мо­жат да ин­тер­ве­ни­ра­ат во чо­веч­ка­та ДНК:

Ми­на­та­та го­ди­на пред­во­дев на­уч­на сту­ди­ја за­ед­но со не­кол­ку дру­ги на­уч­ни­ци, чи­ја­што цел бе­ше да се открие ка­ко ви­ру­сот ко­ро­на ин­фи­ци­ра чо­веч­ки кле­тки, ус­пе­ва да ги зло­у­по­тре­би кле­точ­ни­те ме­ха­низ­ми за да се разм­но­жи, па по­тоа да ги ин­фи­ци­ра со­сед­ни­те кле­тки. Со CRISPR тех­но­ло­ги­ја­та, пре­ку пат на ге­нет­ска ели­ми­на­ци­ја, открив­ме кои ге­ни се по­треб­ни за ин­фек­ци­ја на чо­веч­ки кле­тки со ви­ру­сот SARS-CoV-2.

На­род­ски ка­жа­но, CRISPR тех­но­ло­ги­ја се со­стои од мо­ле­ку­лар­ни „но­жи­ци“, кои мо­же да ги ис­пра­ти­те до спе­ци­фич­на „адре­са“, во овој слу­чај ген, со по­мош на ма­ла ри­бо­нук­ле­ин­ска ки­се­ли­на (РНК), ко­ја го пре­поз­на­ва тој ген. Ко­га мо­ле­ку­лар­ни­те „но­жи­ци“ ќе ја пре­поз­на­ат „адре­са­та“, тие мо­жат да го уни­штат или мо­ди­фи­ци­ра­ат тој ген.

Ка­ко и се­ко­ја но­ва тех­но­ло­ги­ја, и CRISPR има свои ма­ни. Ме­ѓу глав­ни­те огра­ни­чу­ва­ња се ефи­кас­но­ста и про­цен­тот на по­са­ку­ва­ни­те ко­рек­ции (on-target) нас­про­ти про­цен­тот на не­по­са­ку­ва­ни про­ме­ни (off-target) во чо­веч­ки­от ге­ном. Го­ле­мо огра­ни­чу­ва­ње е и ме­ха­низ­мот на до­ста­ва на тех­но­ло­ги­ја­та до ор­га­нот / кле­тки­те што тре­ба да се ко­ри­ги­ра. Мо­мент­но, CRISPR тех­но­ло­ги­ја­та е ефи­кас­на ко­га до­а­ѓа до мо­ди­фи­ка­ци­ја на кле­тки во ла­бо­ра­то­ри­ски ус­ло­ви (ex vivo), но не е тол­ку ефи­кас­на за мо­ди­фи­ка­ци­ја на чо­веч­ки кле­тки во са­ми­от ор­ган. Ова е мно­гу го­ле­мо огра­ни­чу­ва­ње би­деј­ќи по­ве­ќе­то чо­веч­ки кле­тки не мо­жат да би­дат тол­ку лес­но изо­ли­ра­ни, мо­ди­фи­ци­ра­ни, па трансп­лан­ти­ра­ни.

Читајте го целиот текст во актуелното издание.