По­ми­наa петнаесет месеци од првиот случај на ковид-19, а светот сè уште не успеа да се соочи со но­во­на­мет­на­ти­те правила и потреби. Последиците се огромни – загубени животи, но и фи­нан­си­ска криза што ја доживува речиси секое семејство.

Аген­ци­ја за вработување на Република Северна Македонија дава податок дека во првиот квартал на 2021 година имаме пораст од 66,3 проценти на невработени лица во однос на невработените ли­ца од  првиот квартал од минатата година. Освен што голем број луѓе го загубија своето ра­бот­но место, добар дел и гo напуштија поради ризикот да го изгубат својот живот поради слабата здрав­стве­на состојба. Пандемијата успеа да го запре светот како никој досега. За еден месец карантин, при­ро­да­та успеа толку многу да се обнови и светот повторно да задише чист воздух. 


Дали сме сведоци на освестувањето на поединецот?

Да претпоставиме дека пандемијата заврши и сите ние научивме да бидеме потрпеливи, по­љу­без­ни и поемпатични. Светот се враќа во нормала и сите ние им се враќаме на нашите обврски. Све­тот станува место каде што секој се пронаоѓа себеси и има можност да се грижи и да за­ра­бо­ту­ва за својот живот. Под наметката на човечноста има место за сите, доволно е само да си подадеме ра­ка едни на други и заедно да чекориме кон иднината. 
Се­то ова е лесно да се каже, доколку, навистина, секој поединец во нашето општество се ан­га­жи­ра. За ефикасно соочување со невработеноста и за инклузија потребен е голем напор од властите, но и од поединците, кои ќе создадат целина и ќе ги научат младите на вистинските вредности. 
А младите, плодната почва што ќе се посее со семе на учтивоста, емпатијата и на свесноста за мож­но­сти­те што им се понудени и за нивно правилно искористување, значат вродување здрав цвет и сочен плод што може да му донесе многу на светот. 
За добрите вредности да бидат пренесeни, секоја индивидуа треба да биде свесна за нив. Поч­ну­вај­ќи од тие што во своите раце ја имаат моќта за промена на барем еден човечки живот на по­до­бро. Сите да почнат од себе! Кога поединецот се менува, се менува општеството, а со тоа и светот. 



Тех­но­ло­ги­ја­та ни ги олесни животот на милион начини, но не може да подари љубов и топла нас­ме­вка. Знаеме дека стрпливоста на шалтер во аптека е наградена со насмевка од Нина, кафето под­го­тве­но и послужено во „Umbrella“ е некако поубаво од обично, а ние станавме верни под­др­жу­ва­чи на сите храбри луѓе што не се покоруваат пред животот. 

(Автор­ка­та е студентка, извидник и волонтерка)

Читајте во 45-тиот број.