Ка­ко др­жа­ва че­сто сме ста­ве­ни на ли­ста­та на ре­кор­де­ри во за­гу­би на хра­на и во от­пад од хра­на, а исто­вре­ме­но се со­о­чу­ва­ме со проб­лем да обез­бе­ди­ме до­вол­но на­мир­ни­ци за ран­ли­ви­те ка­те­го­рии. Со ог­лед на тоа што за­гу­би­те и от­па­дот од хра­на има­ат зна­чи­тел­ни пос­ле­ди­ци врз си­гур­но­ста на хра­на­та и еко­но­ми­ја­та, што до­ве­ду­ва­ат до на­ма­ле­на до­стап­ност до хра­на за си­те лу­ѓе, до на­ма­лен при­ход кај сит­ни­те зем­јо­дел­ци и дру­ги­те акте­ри во вред­нос­ни­от син­џир, ка­ко и до по­ка­чу­ва­ње на це­ни­те на хра­на­та, што, пaк, ги по­го­дувa ур­ба­ни­те по­тро­шу­ва­чи, на­ма­лу­ва­ње­то на от­па­дот од хра­на тре­ба да е еден од при­о­ри­те­ти­те на јав­на­та по­ли­ти­ка, осо­бе­но во ус­ло­ви на кри­за.

Од етич­ки и од мо­ра­лен ас­пект, ви­шо­ци­те се­ко­гаш мо­жат да се ди­стри­бу­и­ра­ат до ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци што има­ат по­тре­ба, а со тоа да се на­ма­ли и не­си­гур­но­ста во при­ста­пот до хра­на. Ви­шо­кот хра­на има и еко­ло­шка ди­мен­зи­ја би­деј­ќи про­из­водс­тво­то, пред сè, по­драз­би­ра тро­ше­ње во­да и плод­на поч­ва, кои, во спро­тив­но, мо­жат да се на­ме­нат за дру­ги по­тре­би. По­на­та­му, ви­шо­ци­те хра­на што за­вр­шу­ва­ат на де­по­ни­и­те се зна­ча­ен из­вор на ме­тан. И за крај, упра­ву­ва­ње­то на ви­шо­ци­те хра­на има и еко­ном­ска ди­мен­зи­ја.

Упра­ву­ва­ње­то на ви­шо­ци­те хра­на не тре­ба да се разг­ле­ду­ва са­мо од перс­пе­кти­ва­та на јав­на­та по­ли­ти­ка. Раз­во­јот на ре­ше­ни­ја­та тре­ба да би­де врз ос­но­ва на ино­ва­ции раз­ви­е­ни од прет­при­е­ма­чи­те, со­ци­јал­ни­те ино­ва­то­ри, со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја и / или акте­ри­те во при­ват­ни­от се­ктор. Раз­ви­ен си­стем за ди­стри­бу­ци­ја на хра­на по­драз­би­ра и раз­вој на ло­кал­ни мре­жи и учес­тво на мно­гу­број­ни акте­ри, вклу­чу­вај­ќи ја и ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва. Но, ва­кви­от си­стем по­драз­би­ра и мно­гу­број­ни чо­веч­ки и фи­нан­си­ски ре­сур­си.


Со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја – ре­ше­ние за функ­ци­о­на­лен си­стем за ди­стри­бу­ци­ја на ви­шо­кот хра­на

Клуч­на­та фор­ма на со­ра­бо­тка ме­ѓу гра­ѓан­ски­те ор­га­ни­за­ции и биз­ни­сот, пред сè, тре­ба да би­де во прав­на фор­ма, ко­ја е де­мо­крат­ска, пот­тик­ну­ва до­бро упра­ву­ва­ње, вклу­чу­ва­ње на си­те за­сег­на­ти стра­ни, ко­ја го ме­ри и транс­па­рент­но из­ве­сту­ва за сво­е­то оп­штес­тве­но вли­ја­ние и ре­ин­ве­сти­ра нај­го­лем дел од сво­јот го­диш­но ос­тва­рен про­фит. Ста­ну­ва збор за фор­ми­ра­ње со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја, кои во зем­ја­ва сè уште не се прав­но пре­поз­на­е­ни. Се­пак, по­сто­јат прав­ни фор­ми што овоз­мо­жу­ва­ат опе­ри­ра­ње во сог­лас­ност со прин­ци­пи­те на со­ци­јал­но прет­при­е­маш­тво, ка­ко, на при­мер, здру­же­ни­ја­та на гра­ѓа­ни со еко­ном­ски актив­но­сти и за­дру­ги. Ен­ти­те­тот мо­же да би­де ре­ги­стри­ран и во дру­га прав­на фор­ма, ка­ко тр­гов­ско друш­тво, на при­мер, ме­ѓу­тоа мо­ра да ги ис­пол­ну­ва клуч­ни­те кри­те­ри­у­ми за иден­ти­фи­ку­ва­ње на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја (до­бро упра­ву­ва­ње и јас­но де­фи­ни­ра­на оп­штес­тве­на ми­си­ја, по­крај јас­на­та еко­ном­ска актив­ност). Ва­кво­то инк­лу­зив­но ре­ше­ние на долг рок мо­ра да обез­бе­ди функ­ци­о­на­лен си­стем за ди­стри­бу­ци­ја на ви­шо­ци­те хра­на, да пот­тик­не со­ци­јал­ни ино­ва­ции и ин­ве­сти­ции во но­ви стар­та­пи, кои ќе би­дат вклу­че­ни во син­џи­рот на ди­стри­бу­ци­ја и пре­ра­бо­тка на хра­на.

Ди­стри­бу­тив­на­та мре­жа, пред сè, тре­ба да би­де ди­ги­тал­на пла­тфор­ма што ги по­вр­зу­ва ди­стри­бу­те­ри­те (фир­ми­те што ге­не­ри­ра­ат ви­шо­ци хра­на) со ор­га­ни­за­ци­и­те што ги при­ма­ат тие ви­шо­ци (бан­ки за хра­на, асо­ци­ја­ции, ор­га­ни­за­ции што се гри­жат за жи­вот­ни).

Зем­ји­те ка­ко Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, Ја­по­ни­ја, Шпа­ни­ја и Пор­ту­га­ли­ја, кои на го­диш­но ни­во има­ат нај­ни­ски стап­ки на от­пад од хра­на, има­ат за­ед­нич­ки ка­ра­кте­ри­сти­ки, ка­ко сил­на и ефе­ктив­на јав­на по­ли­ти­ка за упра­ву­ва­ње хра­на, вклу­чу­вај­ќи го и от­па­дот од хра­на, за­шти­та на зем­јо­дел­ско­то про­из­водс­тво, истра­жу­ва­ња и со­ци­јал­ни ино­ва­ции во зем­јо­делс­тво­то, ви­со­ки вред­но­сти на ин­де­ксот на чо­ве­ков раз­вој, ма­ла по­пу­ла­ци­ја и ни­ска стап­ка на ур­ба­ни­за­ци­ја. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва­ат и клуч­ни­те фа­кто­ри на кои тре­ба да се фо­ку­си­ра јав­на­та по­ли­ти­ка, биз­нис-се­кто­рот и гра­ѓан­ски­от се­ктор за­ра­ди обез­бе­ду­ва­ње­то одрж­лив и функ­ци­о­на­лен си­стем за ре­ди­стри­бу­ци­ја на до­ни­ра­на ви­шок хра­на.


Пан­де­ми­ја­та го зго­ле­ми бро­јот на ли­ца што стра­да­ат за леб

Пан­де­ми­ја­та што го за­фа­ти све­тот е за­ка­на за зго­ле­му­ва­ње на не­ед­на­кво­ста, а Обе­ди­не­ти­те на­ции прес­ме­ту­ва­ат де­ка по кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19, на гло­бал­но ни­во, нај­мал­ку по­ло­ви­на ми­ли­јар­да гра­ѓа­ни ќе би­дат во си­ро­ма­шти­ја. Ду­ри и во еко­ном­ски по­раз­ви­е­ни­те зем­ји па­ке­ти­те за на­ма­лу­ва­ње на ефе­кти­те од кри­за­та не­ма да стиг­нат до со­ци­јал­но иск­лу­че­ни­те. Пр­ви­те ана­ли­зи на Свет­ска бан­ка, Обе­ди­не­ти на­ции и на Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та ор­га­ни­за­ци­ја на тру­дот ве­ќе обез­бе­ду­ва­ат до­ка­зи де­ка здрав­стве­но­то и еко­ном­ско­то вли­ја­ние на пан­де­ми­ја­та се зна­чи­тел­но по­го­ле­ми врз си­ро­маш­но­то население.

Ако пог­лед­не­ме ло­кал­но, во Ма­ке­до­ни­ја ду­ри и пред поч­ну­ва­ње­то на кри­за­та, во ус­ло­ви ко­га зем­ја­та има­ше по­зи­ти­вен еко­ном­ски по­раст, офи­ци­јал­ни­те по­да­то­ци по­ка­жу­ваа де­ка 460.000 гра­ѓа­ни во зем­ја­ва ги не­ма­ат си­те обро­ци, а се прет­по­ста­ву­ва де­ка кри­за­та зна­чи­тел­но ја зго­ле­ми број­ка­та на лу­ѓе­то што стра­да­ат за хра­на.


Во­лон­тер­ски здру­жу­ва­ња низ све­тот за ре­ша­ва­ње оп­штес­тве­ни пре­диз­ви­ци


Со по­ја­ва­та на пан­де­ми­ја­та во зем­ја­ва поч­наа актив­но­сти­те на до­на­тор­ска­та за­ед­ни­ца, гра­ѓан­ски­те ор­га­ни­за­ции, биз­нис-се­кто­рот и на вла­да­та за на­ма­лу­ва­ње­то на ефе­кти­те и на вли­ја­ни­е­то врз ран­ли­ви­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни. Во исто вре­ме, гра­ѓа­ни сти­хиј­но се здру­жу­ваа и ра­бо­теа во­лон­тер­ски, нај­че­сто во ини­ци­ја­ти­ви за изра­бо­тка на за­штит­на опре­ма од ко­вид-19.

На ни­во на Европ­ска­та уни­ја, во­лон­тер­ски здру­жу­ва­ња за оп­штес­тве­на про­ме­на обе­ди­ну­ваа ви­со­ко­ква­ли­фи­ку­ва­ни гра­ѓа­ни, кои сво­и­те ве­шти­ни ги ста­ви­ја во функ­ци­ја на ре­ша­ва­ње на оп­штес­тве­ни­те пре­диз­ви­ци и раз­вој ток­му на та­кви ре­ше­ни­ја. На при­мер, WorldStartup и ImpactCity во­деа по­ве­ќе ор­га­ни­за­ции на ни­во на ЕУ во на­о­ѓа­ње­то кон­крет­ни ре­ше­ни­ја за но­ва­та ре­ал­ност. Но­ва­та отво­ре­на пла­тфор­ма ги обе­ди­ну­ва ка­па­ци­те­ти­те и ре­сур­си­те на биз­нис-се­кто­рот, вла­ди­те, уни­вер­зи­те­ти­те, стар­та­пи­те, ин­ве­сти­то­ри­те. Во Ита­ли­ја бе­ше ос­но­ва­на но­ва ко­о­пе­ра­ти­ва му­зи­ча­ри и акте­ри што беа по­го­де­ни од кри­за­та и оста­наа без ан­гаж­ман, со цел раз­вој на но­ви ве­шти­ни и по­втор­но учес­тво на па­за­рот на тру­дот, та­му ка­де е по­треб­на ра­бот­на си­ла. Food cloud им по­ма­га­ше на су­пер­мар­ке­ти­те да ги ди­стри­бу­и­ра­ат ви­шо­ци­те хра­на, а со тоа ра­бо­те­ше на тоа ви­шо­кот хра­на да не за­вр­ши на де­по­ни­и­те и да стиг­не та­му ка­де што е не­оп­ход­на. Пла­тфор­ма­та Ekolocal од Шпа­ни­ја про­мо­ви­ра­ше кон­такт ме­ѓу ло­кал­ни­те про­из­во­ди­те­ли и ло­кал­но­то на­се­ле­ние.

Али­јан­са­та за спас на хра­на­та за­си­ле­но ра­бо­те­ше на гра­де­ње на дви­же­ње­то за на­ма­лу­ва­ње на от­па­до­кот од хра­на пре­ку ди­рект­на под­др­шка на про­гра­ми за хра­на, под­др­шка за но­ви ор­га­ни­за­ции и ини­ци­ја­ти­ви на за­ед­ни­ци­те…



(Тек­стот е из­ва­док од „Ино­ва­ции, инк­лу­зив­ност, одрж­ли­вост“,  из­ва­док од пуб­ли­ка­ци­ја­та „Фрлање храна, вишок храна“ из­да­де­на од Бан­ка за хра­на)