Пандемијата, но и автоматизацијата и дигитализацијата најавуваат значајни промени во ра­бот­ни­те места. Некои од нив се губат, но доаѓаат нови.  И во еден ваков момент, кога  сè по­и­зра­зе­на станува и потребата од нова економија во која фокусот ќе биде ставен на нај­вред­ни­от ресурс – човекот, се чини дека дигитализацијата и автоматизацијата не ни се непријатели. Тие никогаш нема да можат да го заменат суштинското во човекот, но можат да придонесат во соз­да­ва­ње­то услови за работникот да го искористи својот вистински потенцијал.

До 2025 година, според СЕФ, времето поминато на тековни задачи во работниот процес ќе би­де еднакво меѓу луѓето и машините, a 43 проценти од анкетираните претпријатија планираат да го намалат бројот на вработени поради технолошките промени. Значителен дел од ком­па­ни­и­те, исто така, во следните пет години очекуваат да ги променат своите локации, вред­нос­ни­те синџири, како и бројот на вработени поради фактори што немаат врска со технологијата.
Но, бројот на загубени работни места ќе биде надоместен, па и надминат со бројот на ра­бот­ни­те места на иднината што ќе се создадат допрва. Тоа што загрижува во моментов е  што соз­да­ва­ње­то нови работни места забавува, додека губењето на веќе постојните работни места за­бр­зу­ва. 


Од­го­во­ри­те на прашањата како да се соочиме со овие предизвици, како да се заштитат нај­ран­ли­ви­те категории работници загрозени од технолошкиот напредок и економскиот ефект пре­диз­ви­кан од пандемијата, беа побарани и на четвртиот Форум на добри компании што се одр­жа неодамна, за првпат на интернет, во организација на Асоцијацијата за истражување, ко­му­ни­ка­ции и за развој „Паблик“ и на Германското друштво за меѓународна соработка  - ГИЗ.

По­го­лем фокус кон социјалното претприемаштво е еден од начините за надминување на овие проб­ле­ми, смета вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Би­ти­ќи, кој имаше чест да го отвори Форумот.

- Ве­ру­вам дека светската економија ќе има сериозно поместување кон социјалната економија, ка­де што центарот на вниманието ќе им припаѓа на општествено одговорните компании, тие што работат за добро на општеството, а кои преку генерирање профит создаваат и можности од голема важност за ранливите групи - истакна Битиќи.
Тој додаде и дека владата, преку националниот совет за одржлив развој, ја потврдила за­лож­ба­та за спроведување на Агендата 2030 година на Обединетите нации и ја истакнува важноста за стабилна интеграција на целите за одржлив развој во националните стратегиски документи и во локалните планови.

- Го препознаваме големиот потенцијал на социјалното претприемаштво и сме подготвени да го приспособиме нашиот систем за нови идеи и нови начини на создавање бизнис со цел да из­гра­ди­ме инклузивно општество - рече Битиќи.



ИКЕА и „Декатлон“ зборуваат за нови начини на водење бизнис

Ед­на од главните говорници на Форумот, Ен Софи Гунарсон, одговорна за нови партнерства и со­ра­бо­тки во шведскиот гигант ИКЕА, зборуваше како партнерствата меѓу иницијативите за со­ци­ја­лен бизнис прават општо добро. Таа истакна дека преку овој тип партнерства компанијата соз­да­ла повеќе од 30.000 работни места и повеќе од 300 различни нови производи на гло­бал­но ниво.

- Са­ка­ме да пробуваме нови нешта и да ги пробиваме општествените пречки. Вклучуваме жени од ранливите категории, бегалци и луѓе од другите ранливи категории. Ги прашуваме што зна­ат да прават најдобро, и потоа разгледуваме  какви продукти може да бидат направени според нив­ни­те капацитети -  објасни Гунарсон.
Таа додаде дека инклузијата и интеграцијата на овие луѓе е многу важна на долг рок затоа што се создаваат стабилни работни места и економијата се движи напред.

-Ка­ко голем учесник на пазарот, ние можеме да обезбедиме сѐ што им треба на социјалните прет­при­ја­ти­ја. Клучот е во соработката. Нашата цел е да создадеме 95.000 работни места до 2030 го­ди­на. Тоа ќе го постигнеме преку интеграција на овие луѓе, а додадената вредност е што овие производи се рачна изработка - нагласи таа.


Еден од главните говорници на Форумот беше и Чарли Фелгејт, лидерот за иновации и за ви­зи­ја во „Декатлон“, францускиот синџир продавници за спортска опрема, кој апелираше дека е ко­неч­но време фокусот да биде ставен на иднината на луѓето и дека проблемите може да се ре­шат само ако сите засегнати страни работат заедно.

- Са­ми­те вработени ги носат главните идеи, a мојата работа е да ги слушнам и да ги спро­ве­ду­вам. Кога зборуваме за иднината на работните места, прво разговараме за иднината на луѓето. Проб­ле­ми­те со кои се соочуваме можеме да ги решиме заедно, само заедно! Тоа е единс­тве­ни­от начин - вели Фелгејт.
Тој посочи и дека компанијата вработува врз основа на вредности:
- То­гаш си поинклузивен во регрутирањето. Не сме заинтересирани за модерни универзитети и за скапи дипломи. Многу ни е важна инклузијата, па оттука го цитирам мојот пријател, кој ве­ли: културна разновидност е да бидеш поканет на забава, а инклузија е да бидеш поканет да тан­цу­ваш и да се вклучиш во сите разговори.



Инклузивноста како приоритет
Кли­мен­ти­на Илијевски, директорката на „Паблик“, ја истакна инклузивноста како приоритет на оп­штес­тво­то во развојот по пандемијата. Таа смета дека на пандемијата може да се гледа и ка­ко на значителен глобален настан во историјата на неколку генерации, по кој светот има шанса да ја насочи глобалната економија кон сосема нов правец, кој ќе ја прекине практиката што до­ве­де до огромни последици за планетата и за човештвото.
-Во посакуваниот општествен систем, инклузивните работни места, инклузивните прет­при­ја­ти­ја и инклузивниот пораст се високи приоритети. Во нив порастот нема да се следи само преку до­маш­ни­от бруто-производ, туку преку сет индикатори, кои истовремено ќе носат ин­фор­ма­ци­ја - кој има бенефит од економскиот пораст, дали порастот е одржлив во однос на ефектите врз животната средина и како тој влијае врз благосостојбата на луѓето - истакна Илијевски.



Кои работни места се најзагрозени од автоматизацијата?



На­ста­ни­те од изминатата година драматично го забрзаа темпото на дигиталната транс­фор­ма­ци­ја на општеството во целина. Дигитализацијата се чини како нужен и неопходен чекор, а за­вр­шу­ва­ње­то на работата побезбедно и поефикасно е само дел од нејзината предност, велат од „Бре­ин­стер“, платформата што помага во усовршување на кариерата. Во Европа, индустрии из­ло­же­ни на најголем ризик за губење работни места како последица од ковид-19 и од авто­ма­ти­за­ци­ја­та, според анализата на „Мекинси“, се трговија на големо и мало, производство, хо­те­ли­ерс­тво и угостителство и градежништво.


Меки вештини што ќе бидат најбарани на пазарот за труд до 2025 година

Ме­ки­те вештини (soft skills) што се значајни во контекстот на работните места на иднината зна­чат способност за управување на самиот себе (self – management), активно учење, фле­кси­бил­ност и толеранција на стрес или издржливост на работникот, велат анализите на Светскиот еко­ном­ски форум. Овие трендови, исто така, ќе бидат предизвик и за самите компании, што зна­чи дека, покрај процесот на автоматизација на работата, паралелно ќе постои и пре­диз­ви­кот за активно учество и следење на трансформациите на работните места, создавање услови за преквалификација, оспособување на работникот и сл.
СЕФ  направи и список на меки вештини за кои ќе расте потребата во блиска иднина:
-Ана­ли­тич­ко размислување и иновативност
-Актив­но учење и стратегија на учење
-Ре­ша­ва­ње комплексни проблеми
-Кри­тич­ко размислување и аналитичност
-Кре­а­тив­ност и оригиналност
-Ли­дерс­тво и влијателност
-Упо­тре­ба на технологија
-Ди­зајн на технологија
-Фле­кси­бил­ност и отпорност на стрес
-Стру­кту­ри­ра­ње идеи
-Емо­ци­о­нал­на интелигенција
-Ло­ци­ра­ње проблеми
-Убе­ду­ва­ње и преговарање.






Илустрации Лирим Хоџа и Мартина Талевска


Прочитајте го целиот текст во 45-тиот број на Лице в лице