За­на­ет­чии од различни земји во светот, кои се соочуваат со општествени и со социјални предизвици, но­сат нова вредност преку партнерство со светската марка ИКЕА. Од една страна, компанијата до­би­ва уникатни предмети за разубавување и функционалност во домот, а дејствувајќи на полето на одрж­ли­ви­от развој има и подобар брендинг, а, од друга, влијае на обезбедување интеграција за ран­ли­ви сограѓани, поттикнува процеси на инклузија, вработување и поставува важни оп­штес­тве­ни прашања.
Со Ен-Софи Гунарсон, менаџерка на одделот за нови партнерства и соработка во шведската марка ИКЕА, се запознавме на Форумот на добри компании, каде што таа беше меѓу главните говорници.
- Оп­штес­тве­на промена и интеграција се основни точки и за бизнисот - децидна е Гунарсон.
Со неа разговараме токму за соработката со социјалниот бизнис и за промената што ја прават за­ед­но. Носи инспиративна приказна, со професионално искуство во маркетинг, развој на дигитални про­из­во­ди и менаџирање промена во компанијата. Самата вели дека ѝ е важно што има можност да работи на засилување ранливи луѓе:
- Са­кам да ги поврзам веб-развојот и развојот на интернет со ранливите луѓе. Интернет-сферата ну­ди начин да ги засилиме луѓето. Добивате пристап до знаења, содржини, информации, кои, ина­ку, на некои луѓе не би им биле достапни. ИКЕА постигнува многу со интегрирање на со­ци­јал­но­то претприемаштво во нашиот синџир на вредности и со создавање инклузивни работни места за маргинализираните и ранливи луѓе или граѓани, кои од различни причини се далеку од пазарот на труд – посочува Гунарсон.

Уникатност, долгорочност и лојалност

Гу­нар­сон бележи и идентификува социјален бизнис што нуди производ што може да се продава под името на ИКЕА, а во кој се вклучени како кокреатори. Заеднички го развиваат производот, има­ат заеднички бизнис-тимови и тимови за развој.  Соработката меѓу ИКЕА и социјалниот биз­нис, како што појаснува Гунарсон, најчесто се однесува на пазари каде што нема добро развиени си­сте­ми за социјална заштита и државни структури што на сигурен начин ги поддржуваат ран­ли­ви­те граѓани.
- Тие со кои соработуваме се приватни претпријатија или се здруженија на граѓани, а прават ви­стин­ска разлика. Тие можат да бидат инспирација бидејќи создаваат придобивки за ком­па­ни­и­те со кои соработуваат. Не станува збор за филантропија бидејќи ова е социјален бизнис!
Гу­нар­сон посочува дека е важно што во овие социјални претпријатија гледа потенцијал за пораст.
- Збо­ру­вам дури и за глобален пазар, па и да станат редовни снабдувачи на ИКЕА. Социјалните прет­при­ја­ти­ја што се наши партнери имаат уникатни вештини, изработуваат ракотворби или нив­ни­от бизнис припаѓа и на циркуларната економија. Тоа е една придобивка што ние ја спо­де­лу­ва­ме со нашите клиенти, тоа е уникатно, а за бизнис како ИКЕА уникатноста има големо значење – по­со­чу­ва Гунарсон.
Збо­ру­вај­ќи за клучните придобивки од ваквата соработка, таа нагласува и дека производите се од одрж­ли­ви или сурови материјали или, пак, ја применуваат циркуларноста како принцип во ра­бо­те­ње­то.
- Друг важен елемент е што нашите партнери размислуваат долгорочно. Овие социјални прет­при­ја­ти­ја не мислат на тоа да постигнат максимален профит за сопствениците, туку гледаат дол­го­роч­но како можат да ги унапредат бизнис-моделите за да можат да адресираат социјални и оп­штес­тве­ни предизвици преку бизнис. Ова, исто така, значи долгорочно влијание во општеството. Ви­стин­ска­та придобивка за 10 години значи дека се поттикнало размислување во нашето оп­штес­тво на кое сега никој не мисли, не го гледа – се ангажирале, се вработиле луѓе, кои, инаку, не би ја има­ле таа можност, некои материјали не завршиле на депонија, туку од нив е направен нов про­из­вод. Ова е стратегиски пристап. Социјалните претпријатија со кои соработуваме, исто така, вра­бо­ту­ва­ат луѓе, кои, со сличен менталитет на овој, остануваат во компаниите токму поради мисијата што ја имаат овие фирми – да направат промена. Ваквите луѓе се лојални и остануваат многу по­дол­го на работните позиции бидејќи работата не им носи само плата, туку подлабока смисла, ми­си­ја – вели таа.




Прочитајте го целиот текст во број 45 на Лице в лице