Кој е Цветко? 
Тоа е замислен лик на млад ентузијаст на кој ботаниката му е пасија. Се роди во годината за која најмалку сакаме да зборуваме. Но, што е тој? Идеја или олицетворение на пасија? Цве­тко е носител на важна зелена порака, ширење убава мисла и, најважно од сѐ, Цветко е тој што го раззеленува сечиј дом.

Дали е кактусот за вас?
„Ме­не не ми оди со растенија“ е најчестата реченица што ја слушам. Ова, до некаде, е и ви­на на цвеќарите во нашата држава. Знај дека интернетот е бесконечна книга и многу лес­но можеш да дознаеш кој вид растение е совршено за тебе!

Ка­ктус не е растение за секој почетник! Многу е битно да знаеме дека кактусите се рас­те­ни­ја што живеат во посебни услови, многу поинакви од тие што ги имаме ние. Имате ди­рект­но сонце во јужна соба? Тогаш, можеби, кактусот е за вас, но, запаметете, водата е не­ко­гаш и непријател!

Внесете добра вибрација во домот
Ка­ко се вика ова? Го добив на подарок. Социјалните мрежи се одличен медиум каде што со една фотографија пријателите ботаничари ќе ви помогнат да разберете што точно сака ва­ше­то растение за и тоа да процвета како што му прилега.
Ра­сте­ни­ја­та ни помагаат. Сите уживаме во зеленило, шума, полјана... донесете го тоа до­ма. Докажано е дека растенијата помагаат при смирување и носат вкупна добра ви­бра­ци­ја во домот.

Вистини и заблуди за вашите зелени пријатели
„Не можам да си дозволам растение во моментов“. Имате пријател што има растенија, а про­па­га­ци­ја и расадување се најдобар начин за множење на растенија, лесни, едноставни и одлични подароци!

„Не е убаво да имаш растенија во собата во која спиеш“, растенијата прават размена на кис­ло­род и на јаглероден диоксид. Точно, но, тие количини се толку мали што не се за­бе­ле­жу­ва­ат во една соба. Слободно имајте си ги вашите зелени пријатели во соба со вас. За­па­ме­те­те дека некои се штетни доколку се изедат и внимавајте при контакт со деца и со ми­ле­ни­чи­ња!

„Каде да научам повеќе“?
Ин­тер­не­тот е најдобар пријател. Замислете место каде што никој не зборува за политика, раз­ли­ки и за несогласувања. За среќа, повеќето ботанички канали во Македонија се токму тоа. Зборуваме за растенија и како да имаме уште повеќе. Секој е добредојден!
И така зелени пријатели и тие што ќе станете наскоро зелени. ☺
Ужи­вај­те во таа мини-џунгла, помогнете ѝ да расте и, најбитно, растете со неа во секоја смис­ла. Дозволете си едно благородно уживање што возвраќа со плод, буквално!

(Поз­драв од Цветко - @the_cvetko на „Инстаграм“)