Др­жа­ви­те од Балканот мака мачат за да ги задржат младите дома. Ученици, работници, дип­лом­ци, цели семејства, по помалку или повеќе размислувањa, преиспитувања, се решаваат да го на­пу­штат родниот крај во обид да ја побараат среќата надвор од земјата.

Иа­ко нема официјални податоци, одредени истражувања и анализи укажуваат дека последните де­се­ти­на години Македонија ја напуштиле околу 500 илјади лица. Причините за таквата состојба се многубројни, проблематиката е повеќеслојна – од политичка нестабилност, преку лоша еко­ном­ска состојба и ниски примања, до општествените околности со сите нелогичности, изместени вред­но­сти, ерозија на етичноста, перцепција за неказнивоста на новопечената квазиелита. При­тоа, како дестинација за заминување се гледа западниот свет, најчесто тоа се европските земји, но има и многумина што заминуваат многу подалеку, преку океанот, со цел да го сонуваат аме­ри­кан­ски­от сон…




Не течат сите реки по текот…



Нас­про­ти текот на таа, навидум, несопирлива река луѓе, кои, веројатно, неповратно заминуваат кон „запад“, има и такви што се обиделе да пливаат спротивно од струјата и од „ветената земја“ да дојдат да живеат тука.  Станува збор за Американец, кој е во Македонија за тука и да остане и кој во Кичево, поточно во село Карбуница, ја најде не само егизистенцијата, туку и смислата на жи­ве­е­ње­то.

Џеб Адамс од Вајоминг е обичен човек, но исклучителна личност. Дечар по душа, работник без за­мор. Него го знае цело Кичево, за жителите на село Карбуница е веќе староседелец, зборува пер­фект­но македонски, дури и фразеолошки, но со интересен акцент што го открива неговото стран­ско потекло. Веќе ги познава и македонските адети, кои со задоволство ги практикува. Од со­се­ла­ни­те и роднините научил да одгледува пчели, да околчува ограда, да калеми, а садењето и одг­ле­ду­ва­ње­то овошје и зеленчук е веќе секојдневна практика…

Не­го­ви­от животен пат што го носи во Кичево почнува во 2000 година, кога преку Мировниот кор­пус е ангажиран како професор по англиски јазик во кичевската гимназија „Мирко Милевски“. По ед­на свирка во кичевски клуб, каде што настапува со група составена од неколку кичевци, ја за­поз­на­ва Кристина, сестрата на еден од музичарите од групата. Тука му се изместува лежиштето, ве­ќе и самиот е свесен дека младата професорка по книжевност и по англиски јазик ќе биде не­го­ва­та муза и инспирација за неговиот иден пат и успех во Македонија.



„Мини-свет“ со многу љубов



– Ра­бо­тев на проекти надвор од домот. Кога живеевме во Александрија – Вирџинија, по два часа па­ту­вав­ме до работа менувајќи автобус, метро, па и пеш. На работа по цел ден, додека при­стиг­нам дома веќе е мрак. Во Америка се живее брзо, напорно се работи, нема време за семејството, за пријатели уште помалку… Сѐ беше издржливо додека не се роди второто дете. Тогаш и падна од­лу­ка­та, се селиме за Македонија, со водилка и за двајцата – никако назад, вели Адамс.


– Пла­нот да работиме со деца, да ги учиме странски јазици, ни беше изработен уште таму. Пред да дој­де­ме планиравме буџет, целата наша заштеда, со пресметка колку ќе ни требаат за првата го­ди­на да преживееме тука, барем додека пуштиме корен. Мислевме дека ќе дојдеме тука, ќе ра­бо­ти­ме, ќе обезбедиме егзистенција, немавме поим дека таа приказна ќе заживее и ќе се развива тол­ку добро – вели Џеб.
Вед­наш по доаѓањето во Кичево изнајмуваат мал стан и со поддршка на родителите и на при­ја­те­ли­те на Кристина, почнуваат да го реализираат замисленото, да отворат училиште за странски ја­зи­ци.

-Ту­ка сѐ беше полесно, поотпуштено, постои некаква блискост кај луѓето. Полека, полека учи­ли­ште­то го почнавме од нула, посветено, со цела душа внесени во проектот – вели Адамс.


Во рамки на училиштето и авантурата на семејството Адамс во Кичево, се јавуваат и семејства што има­ле намера да помогнат на некаков начин. На тој начин се обезбедени бесплатни курсеви за де­ца од ранливите категории, за семејства од ромската заедница. Така, секоја година во училиштето има 30 деца од ромската заедница, во повеќе степени.



Како Џеб стана комита?



Са­кај­ќи целосно да се интегрира во македонската заедница, во ова наше општество, Џеб не се воз­др­жу­ва да биде дел од сите случувања, локални манифестации, веселби, прослави.
Во една пригода, поканет е да биде дел од машко друштво што секоја година се собирa на Ѓур­ѓеј­ца, на местото каде што на 4 август 1903 година прославениот војвода Јордан Пиперката извојувал по­бе­да над турски аскер. Средбата поминува со сите салтанати и содржини што следуваат – друж­ба, скара, веселба, пијанка. Тогаш најстариот и најредовниот „комита“ пред „соборците“ побарал тие што се првпат тука да ја положат свечената заклетва за верност на татковината. Така и Џеб бил дел од таа иницијација, па во согласност со сите адети и со задолжителното бакнување на ре­вол­ве­рот и на камата, станал комита без притоа и да знае, нешто што дури отпосле му станало јасно.


Прочитајте го целиот текст во број 47, купете ТУКА.