Фотографии: Кристина Затуровска Илустрација: Лирим Хоџа

Весна Цветаноска се бори со вишок килограми уште од дете, но тоа не ја спречи да биде успешна жена на работа и во опкружувањето. Таа ни раскажува колку ѝ било тешко да се интегрира во општеството поради нејзиниот изглед. Вели дека говорот на омраза кон луѓето со вишок килограми е особено застапен кај девојките на возраст до 30 години. И покрај тоа што е 21 век, додава таа, луѓето сѐ уште имаат многу ограничувања во размислувањата.

- Во една околност, еден носител на јавна функција ми рече: „никогаш нема да ти помогнам да оствариш нешто повеќе и да се вработиш затоа што изгледаш како што изгледаш, како што не треба да изгледа  една девојка“. Кога го прашав според кој критериум оценува како треба да изгледа една личност, тој ми рече: „сигурно не како тебе“.  Се погледнав во огледало и си реков мене ништо не ми недостига, освен што имам вишок некој килограм. Размислив и решив дека нема потреба јас да се менувам за средината, таа треба да го смени својот став кон мене – раскажува Весна. 

„Јас ти кажувам за твое добро“

Технологијата и социјалните мрежи му дадоа друга димензија на говорот на омраза против луѓето со прекумерна тежина. 

Кика Аверио е познат лик на социјалните мрежи. Таа промовира професионални вредности, но и позитивен став за сите жени што не се чувствуваат удобно со или во своето тело. Според неа, најтажното е што добар дел од јавноста како да мисли дека луѓето со поголем број килограми не смеат да си го живеат животот – најнормално, како и секој друг.

- Без разлика каква фотографија и да се објави, од обичен портрет до фотографија од некое животно достигнување, сепак муабетот во коментарите се насочува кон килограмите. Многу луѓе ги мешаат привлечноста и почитта, го почитуваат само тоа што им е привлечно, а сè друго сметаат дека заслужува навреда или потсмев. Голем дел од овој говор на омраза е маскиран со лажна грижа за здравјето: „јас ти кажувам за твое добро“. Вистината е дека е многу лесно да се одреди кој коментар е говор на омраза, а кој, навистина, се грижи за здравјето на индивидуата - вели Аверио.


Дискриминација на влез во продавница

Кога живеев во Шпанија пред 13-14 години, кога во Македонија сè  уште не беа дојдени толку многу трговски марки, цимерката ме праша зошто толку често носам  здолништа, а  не фармерки. Ѝ одговорив дека нема број за мене. Отидовме заедно да побараме и прво што очекував  е продавачката да ме погледне чудно, ама не се случи тоа, туку, напротив, сите гледаат да помогнат да се најде соодветно бројче. За разлика од кај нас, каде што има поглед: „Што бараш ти овде?“ И тоа, буквално, е дискриминација, уште на самиот влез - вели Анита Гаговска, секретар на „Порака Нова“ од Струга.



Училишниот психолог Ана Попризова смета дека проблемот на луѓето со вишок килограми е општествен и социјален , а дури потоа и индивидуален проблем.
- Постои една перцепција дека обележувањето на децата со вишок килограми може да ги мотивира за здрава исхрана и вежбање. Неретко се случува родителите, наставниците по спорт или врсниците да му кажат на детето: „Дебело си!“ Ова има големи последици врз самодовербата на детето, сликата за себе и за сопственото тело, себеприфаќањето и грижата за себе. Детето ќе чувствува дека не е доволно добро за да го прифатат родителите, наставниците или врсниците. Немајќи поддршка и вештини за соочување, голема е веројатноста дека ќе западне во кругот на прејадување за да ја намали емоционалната напнатост. Или ќе почне да „држи диета“ што може да доведе до појава на анорексија или булимија, нарушувања на исхраната, особено кај девојчињата, додека момчињата се посветуваат на напорни тренинзи.



За да го прочитате целиот текст, купете „Лице в лице“ број 47 (кликнете на бројот).