Од си­те ри­би што жи­ве­ат кај нас, па­стрм­ка­та ба­ра иск­лу­чи­тел­но чи­сти во­ди, во спро­тив­но, за кра­тко вре­ме ќе ис­чез­не. И по­крај ре­ла­тив­но го­ле­мо­то и не­кон­тро­ли­ра­но за­га­ду­ва­ње, сѐ уште мо­же­ме да ја срет­не­ме, но сѐ по­ре­тко. Тоа  ука­жу­ва на  не­од­го­вор­но­то  од­не­су­ва­ње кон при­ро­да­та, ко­ја, очиг­лед­но, не­ма дол­го да ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те од на­ше­то жи­ве­е­ње.  По­дол­го вре­ме во зем­ја­ва сѐ по­че­сто се збо­ру­ва и пи­шу­ва на те­ма за­га­ду­ва­ње. Ста­ну­ва­ме свес­ни  за ло­ша­та еко­ло­шка сре­ди­на во ко­ја жи­ве­е­ме и во ко­ја рас­тат на­ши­те де­ца, на кои ќе им го пре­да­де­ме тоа што не­ма да ус­пе­е­ме да го уни­шти­ме. За­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, во­да­та и на поч­ва­та е пос­ле­ди­ца на чо­ве­ко­во­то не­со­вес­но  и не­кон­тро­ли­ра­но дејс­тву­ва­ње. Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то се ја­ву­ва по­вре­ме­но, во зи­ма, и тоа пре­теж­но во по­го­ле­ми­те ур­ба­ни сре­ди­ни и во нив­на­та не­по­сред­на око­ли­на. За­га­ду­ва­ње­то на поч­ва­та од не­кон­тро­ли­ра­на­та упо­тре­ба на пе­сти­ци­ди, ин­се­кти­ци­ди и на дру­ги хе­ми­ски суп­стан­ции се слу­чу­ва по­сто­ја­но, но, за сре­ќа, са­мо на обра­бот­ли­ви­те по­вр­ши­ни.  Но, со та­ло­же­ње­то на че­стич­ки­те од воз­ду­хот, ка­ко и со вр­не­жи­те што ја „ми­јат“ поч­ва­та, си­те тие опас­ни ма­те­рии се но­сат во ре­ки­те, а по­тоа во мо­ри­ња­та. 

Еден друг, го­лем дел од отров­ни­те и опас­ни че­стич­ки се де­по­ни­ра во ре­зер­во­а­ри­те на под­зем­ни­те во­ди или се за­др­жу­ва во поч­ва­та. На тој на­чин, пре­ку воз­ду­хот, во­да­та и зем­јо­дел­ски­те про­из­во­ди, ние по­сто­ја­но вне­су­ва­ме опас­ни хе­ми­ски суп­стан­ции, кои пре­диз­ви­ку­ва­ат нај­раз­но­вид­ни бо­ле­сти, кои нај­че­сто за­вр­шу­ва­ат фа­тал­но.

Единс­тве­на свет­ла точ­ка и на­деж за нас се ви­со­ки­те пла­ни­ни и шу­ми­те, со кои изо­би­лу­ва Ма­ке­до­ни­ја и кои ни го обез­бе­ду­ва­ат не­оп­ход­ни­от кис­ло­род.

Мно­гу руд­ни­ци на ма­ла те­ри­то­ри­ја – го­ле­ма опас­ност!

Во мо­мен­тов, Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чу­ва со ед­на за­ка­на од мож­но трај­но за­га­ду­ва­ње на ре­чи­си си­те над­зем­ни и под­зем­ни во­ди, за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот и на поч­ва­та, но и од фи­зич­ка де­струк­ци­ја на при­ро­да­та, пла­ни­ни­те, шу­ми­те, ре­ки­те, жи­вот­ни­те. Во не­кои слу­чаи има ди­рект­на фи­зич­ка опас­ност и за на­се­ле­ни­е­то, во бли­зи­на на ме­ста ка­де што се да­де­ни и ќе се до­де­лу­ва­ат кон­це­сии за иско­пу­ва­ње ру­да и дру­ги ми­не­рал­ни и ме­та­лни су­ро­ви­ни. Доз­во­лу­ва­ње­то отво­ра­ње тол­ку мно­гу руд­ни­ци, на ед­на тол­ку ма­ла те­ри­то­ри­ја, во бли­зи­на на из­во­ри на во­да, на ре­ки, на на­се­ле­ни ме­ста, во плод­ни­те кот­ли­ни, во ус­ло­ви на сла­ба или ни­ка­ква кон­тро­ла на др­жав­ни­те инс­пек­ци­ски служ­би, со огром­на стап­ка на ко­руп­ци­ја и со ми­нор­но вла­де­е­ње на за­ко­ни­те, не са­мо што прет­ста­ву­ва опас­ност по жи­во­тин­ски­от и рас­ти­те­лен свет, ту­ку е и аларм за фи­зич­ки­от оп­ста­но­кот на лу­ѓе­то.

Се­то ова се слу­чу­ва ко­га на­бр­зи­на, и од лу­кра­тив­ни при­чи­ни, се до­не­су­ва­ат за­ко­ни, се из­да­ва­ат кон­це­сии, без по­ши­ро­ка ана­ли­за и ела­бо­ра­ци­ја, без кон­сул­та­ци­ја и со­ра­бо­тка со струч­ни­те ли­ца и ин­сти­ту­ции, без вклу­чу­ва­ње на нев­ла­ди­ни­от се­ктор, без да се пра­ша на­ро­дот, кој ќе ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те од та­кви­те „раз­вој­ни“ про­е­кти.

Ви­нов­ни сме ние, гра­ѓа­ни­те. Со прст не мрд­ну­ва­ме

Со огром­на до­за са­мо­кри­ти­ка, тре­ба да се истак­не, де­ка, се­пак, за ва­кви­те со­стој­би нај­ви­нов­ни сме ние, обич­ни­те гра­ѓа­ни, кои за­ва­ле­ни во удоб­ни­те фо­тел­ји, до­ма по­крај те­ле­ви­зо­рот или комп­ју­те­рот, сме „нај­па­мет­ни“, и „нај­сил­ни“, но со прст не мрд­ну­ва­ме за да ги спре­чи­ме ва­кви­те по­губ­ни по­ја­ви. Из­го­во­ри­те од ти­пот „не­ма­ме вре­ме“,  „сѐ е ве­ќе до­го­во­ре­но“ или „што им мо­же­ме, тие се мно­гу моќ­ни“, пра­шу­вај­ќи се ме­ѓу­себ­но „зна­еш ли кои се тие?“ - не­ма да нѐ оправ­да­ат. На­ша­та па­сив­ност, ко­ја упор­но се сти­му­ли­ра, на­ше­то мол­че­ње, зна­чи и одо­бру­ва­ње на та­кви­те по­стап­ки.

(Авто­рот е дип­ло­ми­ран гра­де­жен ин­же­нер, член на Управ­ни­от од­бор на „Здра­ва кот­ли­на“ и пре­тсе­да­тел на „Екодо­ли­на“)

Прочитајте го целиот текст во актуелниот 44ти број
https://kupi.licevlice.mk/p/44...