Не мо­жам да вле­зам во не­чиј дом за примерок, а да не си на­пра­вам му­а­бет со до­ма­ќи­ни­те. Го пра­вам тоа што са­кам да го до­жи­ве­ам. Има си­ту­а­ции ка­де што сѐ што им тре­ба на лу­ѓе­то е мал­ку му­а­бет, по­не­ко­гаш за ко­ро­на, по­не­ко­гаш на ка­ква би­ло те­ма. Стра­вот ги др­жи лу­ѓе­то под при­ти­сок, а уба­ви­от збор вре­ди зла­то.
 

Имам ви­де­но мно­гу не­при­јат­ни мо­мен­ти отка­ко бе­ше прог­ла­сен пер­и­од на пан­де­ми­ја. Мно­гу че­сто се сре­ќа­вав со смртта во нечиј дом. Ќе оти­дам не­ка­де да зе­мам примерок и по два ча­са доз­на­вам де­ка па­ци­ен­тот по­чи­нал. На мој при­ја­тел, ро­ди­те­ли­те му по­чи­наа во рок од три де­на. При­ја­те­ли на мај­ка ми и на та­тко ми, со­пруж­ни­ци, по­чи­наа во ист ден. Со пе­е­ње­то, пред старт на ра­бот­ни­от дел, не­ка­ко ми бе­ше по­лес­но да го истур­кам де­нот. Ни­ко­гаш не сум пе­ел јав­но, но се ос­ме­лив и ви­дов де­ка лу­ѓе­то го при­фа­ти­ја тоа, а ме­не ми ста­на по­лес­но та­ка да се но­сам со не­при­јат­ни­те случ­ки. 

- Де­нис Јан­ку­лов­ски, ме­ди­цин­ски­от тех­ни­чар што вне­се по­зи­тив­на енер­ги­ја ме­ѓу гра­ѓа­ни­те и мно­гу ве­дри­на во те­шки­те де­но­ви ис­пол­не­ти со страв и со не­из­вес­ност за вре­ме на пан­де­ми­ја­та.


Ве­ќе ед­на го­ди­на Де­нис вр­ши до­маш­ни по­се­ти за да им зе­ме при­ме­ро­ци од гр­ло и од нос на па­ци­ен­ти што се или за­ра­зе­ни од ви­ру­сот ко­ро­на, или се сус­пект­ни. Тие што го при­ми­ле во сво­јот дом зна­ат на што се дол­жи не­го­ва­та по­пу­лар­ност. Де­нис е чо­век што бр­зо го за­поз­на­ваш и лес­но го за­са­ку­ваш. При­ја­тен, до­бар, ве­сел, по­зи­ти­вен, искрен и отво­рен. При­ја­тел на се­ко­го. И во нај­те­шки­те ми­го­ви ус­пе­ва да ја со­чу­ва сво­ја­та при­себ­ност и трез­ве­ност. Не­го­ва­та жи­вот­на фи­ло­зо­фи­ја е ед­но­став­на: да се би­де чо­ве­чен и не­по­сре­ден во ко­му­ни­ка­ци­ја­та со лу­ѓе­то.

Toj не­о­дам­на ос­но­ва­ше Здру­же­ние за ли­ца со ау­ти­зам, но ве­ли де­ка отсе­ко­гаш зна­ел де­ка жи­во­тот ќе го од­не­се по пат ка­де што ќе мо­же да им по­мог­не на ли­ца­та со по­себ­ни по­тре­би. Пред не­кол­ку го­ди­ни, ко­неч­но, му се ука­жа­ла мож­ност да при­до­не­се во оваа сфе­ра.

Читајте во новиот број!