На­ма­ле­ни приходи, зголемени трошоци, изгубени работни места, намалена бизнис-актив­ност, се дел од негативните ефекти што станаа секојдневие за многумина. Пандемијата ја истак­на потребата од финансиска писменост. Токму нивото на финансиска писменост на ед­на личност може да ѝ помогне во градењето капацитети и вештини за соочување со фи­нан­си­ска­та ситуација и за управувањето на сопствените финансиски ресурси.

Неопходна е поголема финансиска едукација во основните и во средните училишта
На­род­на­та банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) спроведе анкета меѓу сред­но­школ­ци­те, која укажува дека голем дел од младите имаат делумно знаење за фи­нан­си­ска­та писменост и сметаат дека имаат потреба од повеќе информации.
Тие мислат дека имаат најмалку познавање од доменот на пензискиот систем, оси­гу­ри­тел­ни­от сектор и финансиската политика. Најголем дел од нив посочиле дека за упра­ву­ва­ње на паричните средства што им се на располагање се информираат од членовите на се­мејс­тво­то, а помалку во училиштето. Овој податок ја афирмира идејата за потребата од по­го­ле­ма финансиска едукација во основните и во средните училишта.

НБРСМ спроведува активности за финансиска едукација, како клучна алка во своето ра­бо­те­ње, а финансиската едукација е една од приоритетните подрачја на институцијата. Фи­нан­си­ска­та (не)писменост, особено кај младите, како општествен проблем, е во фокусот на работа и на други организации и иницијативи од граѓанскиот сектор. Една таква ини­ци­ја­ти­ва е проектот Финансиска писменост за млади, на „Глобал шејперс Скопје хаб“ (огранок на Глобал Шејперс - ини­ци­ја­ти­ва на Светскиот економски форум), која има цел да допре до колку што е можно по­го­лем број млади и да го подигне нивото на финансиска писменост. Вклучува обуки за фи­нан­си­ска писменост, кои се во соработка со Народната банка.



Што значи финансиска писменост?
Са­ми­от термин финансиска писменост претставува разбирање на финансиските концепти, фи­нан­си­ски­те ризици, како и поседување вештини, мотивација и самодоверба за при­ме­на на ова знаење во практика. Донесувањето ефективни одлуки и разбирањето на фи­нан­си­ски­те концепти се важни како за унапредувањето на финансиската благосостојба на по­е­дин­ци­те, така и за унапредување на општествено-економскиот развој.
Са­мо финансиски писмени и едуцирани граѓани можат да донесат правилни одлуки, кои вли­ја­ат непосредно на нивниот живот и на целата економија.

(Автор­ите се дел од Глобал шејперс Скопје хаб)