Ве­лат дека секој човек игра важна улога во испишувањето на историјата на светот. Водејќи се од ова и од познатата констатација „Светот останува на младите“, несомнена е улогата на пе­ди­ја­три­те за одржување на здравјето на најмалите, а со тоа и на идните генерации.

За наш соговорник го имаме доктор Ѓорѓи Паскалов - Гого, омилен меѓу дечињата и родителите, ле­кар, кој, велат, не зборува многу, но лекува со својата стручност, скромност и насмевка.


Тоа што го прави животот интересен е можноста да ги оствариме нашите соништа, желби и меч­ти. Покрај професионалното остварување, дали со акустичниот Блуз-фестивал ви се оствари токму ед­на од желбите за кои отсекогаш сте мечтаеле и колку сметате дека е важно одржувањето на блуз-културата кај нас? Како се роди идејата за формирање на „Блуз-фамилија“?


Ед­на од моите најголеми желби во изминативе години беше да се основа здружение на блуз-му­зи­ча­ри. Ние сме десетина другари од кои повеќето професионално се занимаваат со блуз. Идејата бе­ше едногласно поддржана, со оглед на тоа дека имаме многубројна публика. Мислам дека одр­жу­ва­ње­то на блуз-културата е неопходно. Идејата се роди сосема спонтано. Поминуваа години, а гру­пи­те што го формираа здружението беа сѐ поангажирани за настапи. Цело време се држевме за­ед­но и се поддржуваме едни со други. Со текот на времето, кај сите се јави желба за фор­ми­ра­ње база каде што сите би припаѓале и од каде што понатаму би ја граделе културата. Така дојде и име­то, другари со љубов кон музиката, кои се поддржуваат едни со други како едно.


Му­зи­ка­та како лек е споменувана низ историјата, од старогрчката митологија, па сѐ до еги­пет­ски­те храмови и библиски записи. Колку верувате во исцелителската моќ на музиката и колку му­зич­ки­те интервенции помагаат во подобрување на одредени здравствени и емоционални со­стој­би кај децата, па и, генерално, кај сите луѓе?


Ако зборувам за себе, искрено ќе кажам дека музиката ме спаси. Канализирањето на се­којд­нев­ни­от стрес за мене би бил невозможен ако нема музика. Како педијатар, секогаш сум ја пот­тик­ну­вал креативноста кај децата зашто верувам дека е најискрената емоција и, дефинитивно, помага.

За педијатрите велат дека љубовта кон децата ја предодредила и нивната професија. Вие сте еден од позитивните примери за тоа, со оглед на тоа што Вашата должност кон децата не завршува со стетоскопот и прегледите. На Ваша иницијатива беше реконструирано детското игралиште во оп­шти­на Карпош. Колку сметате дека луѓето, чијшто глас се слуша и почитува во општеството, дејс­тву­ва­ат и зборуваат доволно гласно и притоа придонесуваат за одредени промени? Како би ја дефинирале таа граѓанска должност или одговорност на секој од нас?


Од аспект на гласно говорење, како општество, мислам дека сме добри. Да бидам искрен, не сум јас никаков авторитет ако ја немам поддршката од родителите на моите пациенти. Во случајов со игра­ли­ште­то беше предложено реновирање, кое веднаш наиде на позитивен одговор. Оттогаш мо­ја­та ординација и општината заедно го одржуваат. Во почетокот имавме малку проблеми, но се­га со радост кажувам дека е самоодржливо, а вандализмот исчезна.



Све­до­ци сме на ера на поголема достапност на информации. Дали тоа донесе можност ро­ди­те­ли­те да бидат поинформирани за одредени состојби кај децата, ја подигна ли здравствената кул­ту­ра или донесе поголема анксиозност, па родителите реагираат и за најмали промени кај де­ца­та?

Тоа ја подигнува здравствената култура, доколку протокот на информации е умерен. Родителите се­ко­гаш реагираат на најмалите промени кај децата, тоа нам ни помага сѐ да биде ди­јаг­но­сти­ци­ра­но навреме. За жал, последнава година  анксиозноста е зголемена. Не мислам дека е само поради про­то­кот на информации, туку и поради притисокот од неизвесноста за тоа како сѐ ќе се одвива. Но, јас сум оп­ти­мист.



Прочитајте го целото интервју во 45тиот број на Лице в лице