Пан­де­ми­ја­та ја на­те­ра свет­ска­та јав­ност на по­ши­ро­ка ди­ску­си­ја за ас­пе­кти­те на кор­по­ра­тив­на­та оп­штес­тве­на од­го­вор­ност: от­пор­но­ста на биз­ни­сот на шо­ко­ви од овој обем, со­ци­јал­на­та си­гур­ност, ра­бот­нич­ки­те пра­ва, со­ци­јал­на­та ед­на­квост, еко­ло­шки­те тро­шо­ци соз­да­де­ни од прет­при­ја­ти­ја­та ја за­се­га­ат це­ла­та пла­не­та.

Но, кор­по­ра­тив­на­та оп­штес­тве­на од­го­вор­ност (КОО во на­та­мош­ни­от текст) ве­ќе одам­на со сво­ја­та су­шти­на и зна­че­ње из­ле­зе од рам­ки­те на кла­сич­на­та фи­лан­тро­пи­ја (до­ни­ра­ње­то), фор­ма­та пре­ку ко­ја, всуш­ност, бе­ше пре­поз­на­ва­на и фор­мал­но ве­ри­фи­ку­ва­на во сво­и­те по­че­то­ци. Де­нес, КОО е мно­гу по­комп­лекс­на ка­те­го­ри­ја.
Ди­ску­си­и­те за тоа што зна­чи КОО за прет­при­ја­ти­ја­та се пре­фр­ла­ат од зо­на­та на ре­пу­та­ци­ски­от ме­наџ­мент кон по­го­ле­мо, фун­да­мен­тал­но зна­че­ње за биз­нис-мо­де­лот, ду­ри ег­зи­стен­ци­јал­но. Мнош­тво  на­уч­ни сту­дии по­ка­жаа де­ка еко­си­сте­мот на сер­ви­си што ги под­др­жу­ва си­те еко­ном­ски актив­но­сти се­га ја до­стиг­ну­ва кри­тич­на­та точ­ка и на­ско­ро не­ма да би­де во мож­ност да го из­др­жи де­неш­ни­от, страш­но ди­на­ми­чен на­чин на функ­ци­о­ни­ра­ње на прет­при­ја­ти­ја­та.  За­тоа, КОО не е са­мо оп­ци­ја, ту­ку и кри­тич­на точ­ка за дол­го­роч­ни­от оп­ста­нок на при­ват­ни­от се­ктор.

По­и­сто­ве­ту­ва­ње на до­на­ции и на фи­лан­тро­пи­ја со оп­штес­тве­на од­го­вор­ност


Фи­лан­тро­пи­ја­та е са­мо еден сег­мент од оп­штес­тве­на­та од­го­вор­ност. Мно­гу по­важ­но пра­ша­ње со кое се за­ни­ма­ва КОО е на кој на­чин ком­па­ни­ја­та го ге­не­ри­ра про­фи­тот. Да­ли го пра­ви тоа на сме­тка на за­га­ду­ва­ње, пре­ку ла­жен мар­ке­тинг, пре­ку зло­у­по­тре­ба на вра­бо­те­ни­те, пре­ку по­ткуп на тен­дер или, пак, во се­ко­ја сво­ја биз­нис-од­лу­ка се стре­ми да го на­ма­ли на ми­ни­мум не­га­тив­но­то вли­ја­ние врз оп­штес­тво­то и жи­вот­на­та сре­ди­на, а да го зго­ле­ми по­зи­тив­ни­от ефект врз одрж­ли­ви­от раз­вој? Тоа е пра­ша­ње­то во­дил­ка на ком­па­ни­и­те по­све­те­ни на КОО.

Оп­штес­тве­но од­го­вор­на ком­па­ни­ја, не зна­чи ком­па­ни­ја со­вр­ше­на во си­те ас­пе­кти на ра­бо­те­ње­то


Слу­ша­ме за одре­де­ни ком­па­нии де­ка се дек­ла­ри­ра­ат ка­ко оп­штес­тве­но од­го­вор­ни, а, од дру­га стра­на, не ги тре­ти­ра­ле нај­до­бро вра­бо­те­ни­те или го за­га­ду­ва­ле воз­ду­хот и слич­но. КОО е про­цес на осоз­на­ва­ње, со­зре­ва­ње и кон­ти­ну­и­ра­но по­до­бру­ва­ње на пла­ни­ра­ње­то и на во­де­ње­то биз­нис во на­со­ка на од­го­вор­ност и одрж­лив раз­вој. Во си­те ком­па­нии и ор­га­ни­за­ции се слу­чу­ва­ат про­пу­сти и не­га­тив­ни вли­ја­ни­ја. Ком­па­ни­ја­та ја по­ка­жу­ва сво­ја­та ви­стин­ска оп­штес­тве­на од­го­вор­ност ко­га ќе вос­по­ста­ви ме­ха­низ­ми што ќе ги иден­ти­фи­ку­ва­ат ма­ни­те, а ко­га ќе се слу­чи не­га­тив­но вли­ја­ние, ком­па­ни­ја­та ќе ре­а­ги­ра, ко­ри­ги­ра и ќе се по­гри­жи да не се по­вто­ри таа не­га­тив­на пра­кти­ка.

Транс­па­рент­ност и от­чет ка­ко клуч


Транс­па­рент­но­ста и от­че­тот се клуч­ни за до­бро­то кор­по­ра­тив­но упра­ву­ва­ње и за КОО. За жал, кај нас ком­па­ни­и­те мно­гу се пла­шат да проз­бо­ру­ва­ат во јав­ност за сво­и­те пре­диз­ви­ци од ас­пект на оп­штес­тве­на од­го­вор­ност и са­ка­ат да се при­ка­жат са­мо во нај­до­бра свет­ли­на. Кор­по­ра­тив­ни­те ко­му­ни­ка­ции од ас­пект на КОО не по­драз­би­ра­ат са­мо од­но­си со јав­но­ста за тоа ка­ква до­бри­на на­пра­ви­ла ком­па­ни­ја­та, ту­ку и што пла­ни­ра­ла, а не ус­пе­а­ла да на­пра­ви, и со ка­кви пре­диз­ви­ци се со­о­чи­ла. Во сво­и­те де­лов­ни из­ве­штаи или из­ве­шта­и­те за КОО и одрж­ли­вост, ком­па­ни­ја­та за­дол­жи­тел­но тре­ба да вклу­чи це­ли што са­ка да по­стиг­не во си­те сег­мен­ти на КОО на кра­ток, сре­ден и на долг рок, и по­тоа тоа да го сле­ди и отво­ре­но да го спо­де­ли со јав­но­ста и со за­сег­на­ти­те стра­ни. Ни­ед­на ком­па­ни­ја не­ма не­о­гра­ни­че­ни ре­сур­си за одед­наш да на­пра­ви чу­да. Важ­но е да ко­му­ни­ци­ра ка­де са­ка да стиг­не и да по­ка­же ви­стин­ска по­све­те­ност де­ка се­ко­ја го­ди­на оди че­кор по­на­пред. Та­ка ќе ја за­си­ли и до­вер­ба­та во јав­но­ста.   

Целиот текст е објавен во 44тиот број на Лице в лице