Не­кој, пред две години, да ми го поставеше прашањето: „Дали се гледаш себеси во ид­ни­на како дома чуваш повеќе од 100 растенија?“, мојот одговор сигурно ќе беше: „Нема шан­си“.

Ин­те­ре­сот кон растенијата се роди кога се обидував да спасам неколку растенија од штет­ни­ци, кои не беа лично мои. За среќа, во современиот свет сите ни се до­стап­ни информации на телефон и на интернет. Треба само да се провери за каков проблем се работи и „гос­по­дин ‘Гугл’“ дава неколку можни решенија како да си го спасиш растението. Има и ап­ли­ка­ции каде што според слика од листот или цветот може да го идентификуваш рас­те­ни­е­то, ако не знаеш што е, и со тоа да најдеш повеќе информации за неговите потреби и ус­ло­ви за одгледување.

Светлина, влажност, температура



Факт е дека пред да купиме одредено растение многу е важно прво да знаеме за каков вид  се работи и какви услови бара за домашна нега.

Си­те дома имаме различни услови во поглед на светлина, температура, влажност на воз­дух, грејни тела и сл. Не значи дека секое растение може да биде среќно во нашиот дом, но има повеќе начини како да му ги подобриме условите.

Ако нема доволно светлина во домот, може да се набават светилки за растење на рас­те­ни­ја­та.
Или, ако воздухот е многу сув, може да се земе навлажнувач за воздух и сл.

Пред да се купи одредено растение, исто така, мора да се внимава на тоа дали е отровно или не, во случај да имаме дома деца или миленичиња.

За време на пандемијата предизвикана од ковид-19 имав многу слободно време, па почнав многу да истражувам за нив. Секој ден носев дома различно растение. За мене тие влијаеа и смирувачки и терапевтски. Многу е убаво чувството кога гледаш дека растението е среќно во условите што си му ги овозможил и те наградува со нови листови или цветови. Јас ги гледам како мои миленичиња, така и се грижам за нив. Секој нов лист е нова радост и успех. Има денови што ги посветувам само за нив. Си пуштам музика, ги земам сите на едно место и лист по лист ги чистам. Тоа ми е како медитација и многу ме смирува.


Живот во рачно насликани саксии од локални грнчари


Љу­бо­вта кон растенијата ми отвори и нова врата во животот, ме донесе на пат каде што отсе­ко­гаш сакав да бидам, но никогаш не замислував дека тоа ќе изгледа вака.

Жел­ба­та да имам уникатни и интересни саксии за моите растенија ме натера да раз­мис­лу­вам за тоа да ги изработувам сама. Така, го почнав мојот мал бизнис со рачно насликани са­ксии. По професија сум ликовен уметник и ги имав потребните материјали и идеи за да поч­нам. Но, имав проблем да најдам модели на саксии какви што сакав и имав за­мис­ле­но. Тогаш ми дојде идејата да стапам во контакт со локални грнчари, кои ќе ги изра­бо­ту­ва­ат саксиите по модел, по моја идеја, а јас ќе ги доработувам.

Оваа соработка се одвива одлично, со голема поддршка.



Ра­сте­ни­ја­та ме инспирираа да го почнам својот мал бизнис, што прерасна во целодневно ра­бот­но време, и многу сум благодарна за тоа.

Среќ­на сум што успеав со мојата професија и со моето хоби да направам промена и да раз­бу­дам интерес кај многу луѓе за одгледување растенија дома. Ателјето е резултат на љу­бо­вта кон  уметноста и природата. Се радувам кога некој ќе ми пише дека поради мо­и­те насликани саксии си купил растенија за домот, затоа што, нели, едното без другото не оди. На секое растение му треба саксија, а уште поголемо е задоволството кога саксијата се вклопува во домот и ентериерот и сето тоа изгледа убаво. Ур­ба­на­та џунгла за мене значи живеење со природата дома, нејзино доживување и вос­хи­ту­ва­ње на нејзината убавина.

(Автор­ка­та е дел од „Atelier Foliage“)