Да се би­де по­ма­гач е да се би­де при­ви­ле­ги­ран да им се да­ва под­др­шка на тие на кои им е по­треб­на. Тоа, по­не­ко­гаш, зна­чи це­лос­но пре­да­ва­ње на ми­си­ја­та на по­ма­га­ње­то и мож­ност да се до­жи­ве­ат си­те по­зи­тив­ни про­ме­ни на би­ти­е­то со кое си и на кое, мо­же­би, му прет­ста­ву­ваш ед­на од ре­тки­те лич­но­сти што ни­ко­гаш не се отка­жа­ла од не­го.

По­ма­га­чот, кој мо­же да би­де пси­хо­лог, пси­хо­те­ра­певт, со­ци­ја­лен ра­бот­ник... че­сто ну­ди еден по­и­на­ков мо­дел на гри­жа и на под­др­шка и го во­ди про­це­сот на по­втор­но ро­ди­телс­тво за кли­ен­тот со цел да му овоз­мо­жи мал­ку по­и­на­кви мо­де­ли на гри­жа во ол­ку оту­ѓе­но оп­штес­тво.

Жи­ве­е­ме во свет на мно­гу кра­тки ин­тер­пер­со­нал­ни ин­тер­вен­ции и до­кол­ку не­ко­ја не да­ва ре­зул­тат вед­наш, теж­не­е­ме бр­зо да се отка­же­ме. Ве­ро­јат­но не се отка­жу­ва­ат са­мо тие што би­ле та­му, кои го пре­жи­ве­а­ле тоа, тие што се свес­ни де­ка без под­др­шка и со­од­вет­на по­мош те­шко се пре­бро­ду­ва­ат и нај­ма­ли­те кри­зи. За­тоа, мно­гу е по­треб­но по­ма­га­чот да би­де све­сен за сво­и­те стра­да­ња и да ги ос­ло­бо­ди.


Се сме­та де­ка знае да по­мог­не тој што го по­ми­нал па­тот, ја по­чув­ству­вал бол­ка­та и знае да по­ну­ди под­др­шка од ед­на сво­ја пре­поз­на­е­на по­зи­ци­ја на ра­не­тост. Ра­не­то­ста кај по­ма­га­чи­те е иста со таа кај кли­ен­ти­те. Раз­ли­ка­та е де­ка по­ма­га­чот има из­гра­де­но по­го­ле­ми вна­треш­ни и над­во­реш­ни ре­сур­си на под­др­шка, кои знае да ги осве­сти и упо­тре­би во мо­мент на по­тре­ба. Во­ед­но, мно­гу по­бр­зо знае да пре­поз­нае ко­га се акти­ви­ра емо­ци­о­нал­но­то про­це­си­ра­ње на стра­да­ње­то и да доз­во­ли тоа да се слу­чи та­ка што не­ма да го ис­цр­пи, ту­ку ќе го за­си­ли и мо­ти­ви­ра. По­ма­га­чот не се пла­ши од сво­и­те огра­ни­чу­ва­ња и стра­да­ња. Јас­но ко­му­ни­ци­ра со нив и ги ко­ри­сти. Тој не се крие од на­дој­де­ни­те емо­ции, им се ра­ду­ва и ги ко­ри­сти во ре­ла­ци­ја со кли­ен­тот за да го за­поз­нае со ре­ал­но­ста на про­це­сот.


Жи­вот­ни­те про­це­си ко­ег­зи­сти­ра­ат еден до друг, ка­ко што ран­ли­во­ста ко­ег­зи­сти­ра со бла­го­дар­но­ста на жи­ве­е­ње­то. Ед­но­то не го иск­лу­чу­ва дру­го­то, ту­ку го на­до­пол­ну­ва. Ка­ко што жи­вот­ни­от оп­ти­ми­зам нѐ де­фи­ни­ра, та­ка нѐ де­фи­ни­ра­ат и на­ши­те луз­ни од на­ши­те стра­да­ња. На­ши­те луз­ни го­во­рат за се­којд­нев­ни­от хе­ро­и­зам на жи­ве­е­ње­то, ја раз­не­би­ту­ва­ат илу­зи­ја­та на со­вр­ше­ни­от жи­вот и се­моќ, ги но­сат мно­гу поб­ли­ску до нас до­жи­ву­ва­ње­то и кон­тро­ла­та на ре­ал­ни­от жи­вот. Од бол­ка­та учи­ме да ди­ше­ме и жи­ве­е­ме, од ра­до­ста и бла­го­дар­но­ста учи­ме ка­ко да го по­чи­ту­ва­ме жи­во­тот и не­го­ви­те.

(Автор­ка­та е пси­хо­лог-пси­хо­те­ра­певт од „Пси­хо­те­ра­пи­ка“- Здру­же­ние за пси­хо­ло­ги­ја и за пси­хо­те­ра­пи­ја)


Прочитајте го целиот текст во 44тиот број на Лице в лице
https://kupi.licevlice.mk/p/44...