Што е првото нешто на кое помислувате кога избирате дестинација за вашето следно па­ту­ва­ње? Кои се неопходните работи што треба да ги понесете на патувањето? Кој ќе ве при­дру­жу­ва? Сигурно помисливте на некоја сончева песочна плажа, изолирана од врева и не­до­стап­на за широката популација. Или, пак, доколку сте личност што повеќе сака ур­ба­ни прошетки, можеби избравте некој од европските културни центри, како Рим, Париз, Бар­се­ло­на, Атина, каде што ќе ги посетите музеите и галериите, а и ќе нурнете во тесните улич­ки на урбаните квартови во тие градови. Единствено на што помислувате кога го под­го­тву­ва­те багажот, е да земeте едно мало ранче со најпотребните алишта и удобни обувки за шетање. Некои од нас преферираат да патуваат сами, а за поголемиот дел е многу важ­но да имаат одлично друштво, кое гарантира незаборавно патување.

Да­ли некогаш сте размислувале како изгледа планирањето на патување за лицата со по­себ­ни потреби?

Непристапните терени и објекти нѐ оддалечуваат од замислените патувања
Што сè треба да понесат со себе? Кого треба да понесат како помошник при патувањето? Кои се дополнителните трошоци што треба да ги преземат, а доаѓаат поради нивната по­пре­че­ност? И најважно од сѐ, од што треба да се откажат при посетата на одредена де­сти­на­ци­ја? Сте помислиле ли како се чувствуваат, доколку по долго истражување за нивната по­са­ку­ва­на дестинација, дознаат дека е невозможно да ја посетат бидејќи е непристапна за лица со посебни потреби или, пак, одредени јавни површини или објекти не се прис­по­со­бе­ни за нивниот вид попреченост?

Ко­га планираме патување со корисниците од „Порака нова“, мораме прво да раз­мис­ли­ме која ќе биде дестинацијата и дали е таа пристапна за луѓе во количка. Доколку не е при­стап­на, треба да направиме план кои двајца или тројца од вработените и во­лон­те­ри­те ќе бидат задолжени за мобилноста на лицето во количка. Тоа подразбира вни­ма­тел­но кревање и спуштање на количката на најмалку 20 места во текот на патувањето.
Тре­ба да се испланира и колку од корисниците се целосно или делумно независни, а кол­ку се целосно зависни од асистент. По сето тоа, се планира и помошниот персонал од вра­бо­те­ни, волонтери и родители, кои би патувале заедно со корисниците. Често се избираат ед­нод­нев­ни екскурзии, но доколку се планираат повеќедневни патувања со преспивање, тие подразбираат и пообемни планирања и помошен персонал. Многу дестинации што сме ги замислиле не се оствариле токму поради непристапноста на теренот и на об­је­кти­те. Сме биле соочени и со ситуации во кои угостителски објекти се претставуваат како це­лос­но пристапни, сѐ до оној момент кога треба да спуштиме количка по тесни и стрм­ни скали. Една, често несоодветна рампа не ни дава примат на пристапен објект.

Позитивни искуства од странство
Во 2008 година заминав на волонтерски престој во организацијата „Аспрона“, во Ал­ба­се­те, Шпанија. Навикната на овој начин на функционирање, за мене екскурзиите беа кош­мар.
Но, во Шпанија се соочив со нова ситуација. Сите јавни површини се пристапни, имаат ни­ски тротоари со накосени завршоци на крстосниците, разлика во текстурата на плоч­ки­те на тротоарите приспособени за слепи и за лица со слаб вид, звучни семафори за сиг­на­ли­за­ци­ја. Сите јавни објекти се пристапни, и тоа не само со рампа или лифт, туку се прис­по­со­бе­ни за лица со сите видови попречености, така што во музеите имате слу­шал­ки со водич, Брајово писмо, сликовити описи за лица со интелектуална попреченост. Ду­ри и паркот со атракции Parque Warner во Мадрид е пристапен, сите ролеркостери и дру­ги објекти се приспособени, а доколку не се, имаат задолжен персонал што им по­ма­га на луѓето на кои им е потребна асистенција. Ова беше прва екскурзија со лица со по­себ­ни потреби, (а ги имаше 50 на број) на која имав можност и јас да уживам, иако бев по­мо­шен персонал на неа.

„Ас­про­на“ спроведува програма за рурален туризам за лица со попреченост. Ор­га­ни­зи­ра­ат викенди или еднонеделни посети во селата низ цела Шпанија. Турите опфаќаат пе­ша­че­ње, планинарење, јавање коњи, кајакарење и други атракции што му се достапни на се­кој човек, а во случајов, приспособени на потребите на лицата со попреченост. Сме­сту­вач­ки­те капацитети, од типот на рурални традиционални куќи, ги завардуваат критериумите за пристапност, иако во исто време ја задржуваат автентичноста на градбата.

При една студиска посета во Тенерифе, на Канарските Острови, ни беше претставено ка­ко изгледаат пристапни плажи и какви сè помагала им се достапни на луѓето со цел ужи­ва­ње во нивните неколку дена одмор на плажа. Дел од опремат што им е на рас­по­ла­га­ње се пристапни патеки, дубаци за движење на песок, колички за движење на си­тен песок, и еден вид пловен објект за влегување во вода на лице со физичка по­пре­че­ност.


Преку пристапен туризам до еднакви можности за сите

При­стап­ни­от туризам е право што треба да им биде загарантирано на луѓето со посебни по­тре­би. Спроведувањето на овој вид туризам подразбира обезбедување на сите мерки што овозможуваат пристапност и непречено користење и уживање во туристичката ин­фра­стру­кту­ра, производи, опкружување и услуги, на нормализиран, независен и безбеден на­чин. Tака, туристот со попреченост нема само потреба од соодветен превоз и сме­сту­ва­ње, туку и од приспособени угостителски објекти каде што ќе може да руча или да пие ка­фе, од посета на музеи каде што ќе има можност да ја разбере уметноста, не само да биде фи­зич­ки присутен во објектот, од спортско-рекреативни активности, независно дали се од­ви­ва­ат на плажа, на планина или во некој живописен кањон.

Не­до­сти­гот од пристапност во туристичкиот сектор е еден вид дискриминација. Така што, преку внесување на пристапноста во туризмот, истовремено работиме на обез­бе­ду­ва­ње еднакви можности за сите луѓе.


(Автор­ка­та е секретар во „Порака нова“, Струга)


Прочитајте го целиот текст во 45тиот број на Лице в лице