Сите ние, со пандемијата поминуваме низ голем пресврт, промена која сè уште трае. Единственото нешто кое ги балансира темелите на кои несигурно стоиме, се менталното здравје и спиритуалноста.
Да успееме да си речеме „И ова ќе помине. А додека трае, ќе се адаптирам и нема да давам отпор - затоа што кога даваме отпор кон нешто врз кое немаме контрола - тоа нѐ разболува.”
Сергеј Ѓеоргиев ја познава значајноста на ова и во вакво чудно време им помага на многумина. Тој е филмски режисер и учител по јога и медитација. Живее во Барселона. Во април минатата година, како свој придонес кон Ковид кризата и карантините, држеше бесплатни часови по медитација. Неодамна, Сергеј ја задвижи иницијативата повторно и во моментот има група од 30-тина луѓе кои три пати неделно имаат прилика да медитираат заедно.
Со Сергеј разговараме за неговото искуство со јогата и медитацијата и за бенефитите кои овие практики можат да ни ги донесат.

Ова интервју е значајно за сите и се надеваме дека ќе има такви кои ќе бидат поттикнати да започнат со медитација.