Бет­мен, Ајрон­мен, Су­пер­мен, Вон­дер Во­ман, Су­пер­грл, Кеп­тен Мар­вел, Про­ме­теј, Ахил, Хе­ктор, Гил­га­меш, Joван­ка Ор­ле­ан­ка... дол­га е ли­ста­та на (су­пер)хе­рои и хе­рој­ки кои го спа­су­ва­ле чо­веш­тво­то, све­тот (ду­ри и oној, има­ги­нар­ни­от). Оваа при­каз­на е за лу­ѓе слич­ни на нив, но ло­кал­ни, од ма­ло ме­сто, кои пра­ват им­пакт на мал број лу­ѓе. Ај­де да за­мис­ли­ме де­ка „Нетф­ликс“ за 50 го­ди­ни има хит-се­ри­ја за ло­кал­ни­те хе­рои што ја спа­си­ја Шар Пла­ни­на од (са­мо)уни­шту­вач­ка­та ра­ка на ка­пи­та­лиз­мот, алч­но­ста, не­од­го­вор­но­ста, се­бич­но­ста. Ов­де прет­ста­ву­ва­ме дел од епи­зо­ди­те, а вие, пи­ше­те ни на licevlice@public.org.mk за ва­ше­то гле­да­ње, ва­ше­то сце­на­рио за за­шти­та­та на Ша­ра, но и на мно­гу дру­ги по­драч­ја во зем­ја­ва, кои зас­лу­жу­ва­ат вни­ма­ние и за­чу­ву­ва­ње.
На Ша­ра ѝ е не­оп­ход­но одрж­ли­во упра­ву­ва­ње, со­од­вет­на упо­тре­ба на неј­зи­ни­те при­род­ни бо­гат­ства, но и со­ци­ја­лен и еко­ном­ски раз­вој и бла­го­со­стој­ба. Ова би би­ло ре­зул­тат од се­та ра­бо­та што ќе сле­ду­ва по прог­ла­су­ва­ње­то за на­ци­о­на­лен парк. Пред нас се че­ко­ри­те, пла­ни­нар­ски­те па­те­ки ги има­ме, на­ше е да се за­ло­жи­ме да ги за­чу­ва­ме и да ги изо­ди­ме. 

Пр­ва епи­зо­да: Врат­ни­ца, во ску­тот на Шар Пла­ни­на

Ко­стен, зим­зе­ле­ни гр­му­шки, леш­ни­ци, зе­ле­ни­ло што се из­ви­шу­ва во дво­рот на ку­ќа ѕи­да­на со ка­мен. Ти­ши­на, се слу­ша са­мо цр­цо­рот на пти­ци­те.
- Кој не би са­кал да жи­вее ов­де - има­ме 300 сон­че­ви де­но­ви во го­ди­на­та, маг­ла не сме ви­де­ле ни­ко­гаш, а не, пак, за­га­ден воз­дух. И во нај­то­пол ле­тен ден ду­вка све­жо ве­тер­че – ја ка­жу­ва сво­ја­та во­вед­на реп­ли­ка Дра­ги­ша Јо­вов­ски, сопс­тве­ник на хо­сте­лот „Ки­тка“ во Врат­ни­ца, мал биз­нис што ра­бо­ти со сме­сту­вач­ки ка­па­ци­те­ти за аван­ту­ри­сти­те што трг­на­ле да ја истра­жу­ва­ат пла­ни­на­та.
Јо­вов­ски, со сво­е­то те­рен­ско во­зи­ло но­сел ту­ри до пла­ни­нар­ски­от дом „Љу­бо­тен“ на Шар Пла­ни­на. Си­те што оде­ле та­му го пра­шу­ва­ле за ме­ста за прес­пи­ва­ње, па та­ка до­шол до иде­ја да на­пра­ви хо­стел. Ка­ме­ра­та се пре­фр­ла на не­го­ви­те ра­це. Дра­ги­ша по­сто­ја­но ра­бо­ти не­што. Ду­ри збо­ру­ва, пре­бри­шу­ва ма­са, де­зин­фи­ци­ра стол­чи­ња, под­ме­сту­ва пре­кри­вка, а ве­ќе во след­ни­от ка­дар гле­да­ме тег­ла со мед. (Жал ми е, ка­ме­ра­та не мо­же да ги до­ло­ви вку­сот и ми­ри­сот).
- На пче­ли­те на ме­ни им се да­бо­ва­та и ко­сте­но­ва­та шу­ма, кои се ка­ра­кте­ри­стич­ни за Врат­ни­ца. Не го про­да­вам, но мо­и­те го­сти за кои под­го­тву­вам по­ја­док ре­дов­но се оду­ше­ве­ни од ква­ли­те­тот – ве­ли тој, до­де­ка се слу­ша кр­ше­ње­то на јај­ца­та и зву­кот на врел зеј­тин во та­ва­та за пр­же­ње.
Не од­мо­ра ни ми­ну­та. Збо­ру­вај­ќи за ме­дот, вед­наш пре­ми­нал на по­ја­до­кот. Па има го­сти, мо­ра да им по­ка­же ка­ков е вку­сот на јај­ца­та од сел­ски­те ко­ко­шки.
- За да жив­не се­ло­во, тре­ба ов­де да жи­ве­ат „љу­ди“. Има ин­те­рес да дој­дат ов­де да жи­ве­ат, но ни­кој не ги про­да­ва ку­ќи­ве. Зја­ат праз­ни. Огром­ни, уба­ви, а бе­ско­рис­ни. Сопс­тве­ни­ци­те се исе­ле­ни во Де­тро­ит, САД. Јас се за­ла­гам да им об­јас­нам де­ка ако са­ка­ме да ја вра­ти­ме Врат­ни­ца во жи­вот, не­кој мо­ра да жи­вее ов­де, да до­а­ѓа. Се­ло со праз­ни ку­ќи не­ма ид­ни­на, тоа мо­ра да го сме­ни­ме – рас­ка­жу­ва тој за сво­ја­та ми­си­ја про­мо­ви­рај­ќи го се­ло­то што се на­о­ѓа во под­нож­је­то на Шар Пла­ни­на, на 730 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на. 
Го пра­шав­ме за не­го­ви­от хо­стел, ка­ко се сна­о­ѓа се­га и со ко­ро­на­ва, а тој збо­ру­ва за жи­вот во се­ло­то. Чо­век со ви­зи­ја. Јас­но ни е де­ка тој е еден од ло­кал­ни­те хе­рои, кој би бил ме­ѓу глав­ни­те уло­ги во се­ри­ја­та за Шар Пла­ни­на. Ка­ме­ра­та го сни­ма сно­у­бор­дот, пот­прен до влез­на­та вра­та на хо­сте­лот. Ма­ја Ки­ро­ска е кре­а­тив­на же­на, вљу­бе­нич­ка во бор­да­ње и во пла­ни­на­та, таа е парт­нер­ка на Дра­ги­ша и со не­го го упра­ву­ва хо­сте­лот. Има сво­ја мод­на мар­ка и е по­сто­ја­но на ре­ла­ци­ја Те­то­во - Врат­ни­ца.
- Ра­бо­там во ател­је­то, па до­а­ѓам ов­де. Не­до­сти­га­ат по­ве­ќе лу­ѓе, но ко­га ќе дој­дат, оста­ва­ат мно­гу ѓу­бре. Тоа се на­ши ту­ри­сти, стран­ци­те не го пра­ват тоа. Се шко­лу­вав во Љуб­ља­на, го­лем дел од жи­во­тот по­ми­нав та­му и знам де­ка ни­ко­гаш не ви­дов от­пад фр­лен на не­со­од­вет­но ме­сто – ве­ли Ма­ја.
Таа по­со­чу­ва де­ка не­о­дам­на ин­ве­сти­ра­ле во на­ба­вка на ве­ло­си­пе­ди за на пла­ни­на, но нај­че­сто, тие оста­ну­ва­ат „пар­ки­ра­ни“.

- Мо­же тре­ба­ше да ин­ве­сти­ра­ме во ка­фу­ле, не во ве­ло­си­пе­ди – се смее таа, а Дра­ги­ша до­да­ва:
- На­ши­ве ту­ри­сти се на­вик­на­ти на од­мор на мо­ре. Те­шко им е да би­дат на се­ло, на пла­ни­на. Си ба­ра да про­ше­таш, да разг­ле­даш, ну­ди по­и­на­кви искус­тва, акти­вен од­мор, аван­ту­ра, до­жи­ву­ва­ње. Ве­ру­вам де­ка мо­же­ме мно­гу да на­пра­ви­ме со еду­ка­ци­ја, по­треб­но е да не­гу­ва­ме вред­но­сти, тоа ѝ тре­ба на пла­ни­на­та. Оваа свес­ност се бу­ди во мо­мен­тов, важ­но е да се акти­ви­ра­ме се­га – ве­ли Дра­ги­ша.
Тој ну­ди но­ќе­ва­ње со по­ја­док, а по жел­ба на го­сти­те, мо­же и да зго­тви не­кој ло­ка­лен спе­ци­ја­ли­тет.
- Пе­чур­ки со­би­ра­ме низ шу­ма­та, раз­ни тре­вки за чај, за са­ла­та. Не­што са­ми одг­ле­ду­ва­ме, не­што зе­ма­ме од со­се­ди­те од ов­де, осо­бе­но зим­ни­ца. Пре­по­ра­чу­вам и на ру­чек да се оди во „Чор­ба­џи­ски ан“ ов­де во Врат­ни­ца, или да се пој­де до Бе­ло­ви­ште, та­му има че­ти­ри ре­сто­ра­ни, си­те се од­лич­ни – ве­ли тој не­се­бич­но „рек­ла­ми­рај­ќи“ ги.
Врат­ни­ца има дол­га исто­ри­ја на го­сто­примс­тво, уште во 50-ти­те го­ди­ни во се­ло­то има­ло ба­зен, има­ло и мо­тел, кој бил атра­кти­вен и бил по­чет­на точ­ка за иска­чу­ва­ње на Љу­бо­тен. Јо­вов­ски по­јас­ну­ва де­ка е поз­на­та и нај­ста­ра­та транс­фер­за­ла од Љу­бо­тен до Охрид, а од па­тот од За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, на­кај При­зрен, се по­ми­ну­ва­ло од Врат­ни­ца. Се­га, ве­ли тој, се­ло­то има 450 ку­ќи, по­ве­ќе­то мо­дер­ни, а жи­ве­ат са­мо 260 лу­ѓе.
- Од нив, око­лу 130 се пен­зи­о­не­ри, 100 се на сред­на во­зраст и има око­лу 30 де­ца. Мно­гу­ми­на што дош­ле ов­де, са­ка­ат да ку­пат ку­ќа, но ни­кој не про­да­ва. 
Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, пак, да­ва по­да­ток де­ка ре­чи­си си­те на­се­ле­ни ме­ста под Ша­ра, освен оп­шти­на Те­то­во, има­ат по­ма­ла стап­ка на на­та­ли­тет од др­жав­ни­от про­сек. 
Врат­ни­ца е поз­на­та и по тоа што во 1944 го­ди­на аме­ри­кан­ски бор­бен ави­он пад­нал над Се­но­кос. 
- Пре­жи­ве­а­ле трој­ца аме­ри­кан­ски вој­ни­ци, бла­го­да­ре­ние на се­ла­ни­те што ги спа­си­ле. Има­ло и шест­ми­на мр­тви, ги за­ко­па­ле во се­ло­то. Сè уште има пар­чи­ња од ави­о­нот  оста­на­ти го­ре. Врат­ни­ца е ед­но од ре­тки­те се­ла што ус­пеа да си ја од­бра­ни ре­ка­та за да не се из­гра­дат ма­ли хи­дро­цен­тра­ли на неа – спо­де­лу­ва Јо­вов­ски да­вај­ќи ни по­твр­да де­ка е све­сен за ло­кал­ни­те хе­рои под Ша­ра. 
Ду­ри се дви­жи на­кај про­дав­нич­ка­та, ка­де што, исто та­ка, ра­бо­ти отка­ко ќе ги за­вр­ши об­вр­ски­те со по­се­ти­те­ли­те на хо­те­лот, Дра­ги­ша збо­ру­ва на те­ле­фон. Ги со­ве­ту­ва до­маш­ни­те ту­ри­сти утро­то да трг­нат кон Љу­бо­тен, да ја про­ше­та­ат Леш­ни­ца, Ка­ра­ни­ко­лич­ко Езе­ро, а ако не се во добра кон­ди­ци­ја, мо­же да оти­дат до бли­ска­та во­де­ни­ца, до Се­но­кос или до Бе­ло­ви­ште, кај во­до­па­ди­те. Ре­ди ли ре­ди... не­ма лен­та да го по­фа­ќа ка­ме­ра­та...

Вто­ра епи­зо­да: По­тен­ци­ја­лот на на­ци­о­нал­ни­от парк

Ба­рај го Јо­ван ако са­каш на­го­ре по Ша­ра. Без не­го ни­што не пра­ви­ме, нај­си­лен ве­тар в грб ни е – по­со­чу­ва Јо­вов­ски. 
Јо­ван Бо­жи­но­ски е ту­риз­мо­лог, аван­ту­рист, го­лем вљу­бе­ник во пла­ни­на­та, стра­стен за­лож­ник Ша­ра да го до­бие зас­лу­же­но­то ме­сто на ту­ри­стич­ка­та по­ну­да на зем­ја­ва. Ка­ме­ра­та го сни­ма ду­ри во­ди гру­па кон Љу­бо­тен. Си­те фо­то­гра­фии што ги об­ја­ву­ва­ме ов­де се не­го­во де­ло.
Тој, ка­ко про­фе­си­о­на­лен во­дич во пла­ни­на и пре­тсе­да­тел на Пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“, ги знае си­те клуч­ни точ­ки за раз­вој на Ша­ра, кој не­ма да им на­ште­ти на неј­зи­ни­те при­род­ни ре­сур­си. Во тек е про­цес на прог­ла­су­ва­ње на Ша­ра за на­ци­о­на­лен парк, а за таа цел, ин­фор­ми­ра Бо­жи­но­ски, беа изра­бо­те­ни два до­ку­мен­та, сту­ди­ја за ва­ло­ри­за­ци­ја на при­род­ни­те вред­но­сти на Шар Пла­ни­на и со­цио-еко­ном­ска сту­ди­ја за Шар Пла­ни­на, а ќе се ра­бо­ти и на план за ме­на­џи­ра­ње на ид­но­то за­шти­те­но по­драч­је. 
- Прог­ла­су­ва­ње­то на Шар Пла­ни­на за на­ци­о­на­лен парк е го­лем че­кор, кој ќе ја за­шти­ти при­ро­да­та, но ре­зул­та­ти се оче­ку­ва­ат од на­чи­нот на упра­ву­ва­ње и на функ­ци­о­ни­ра­ње со ид­но­то за­шти­те­но по­драч­је – ве­ли тој.

Бо­жи­но­ски по­со­чу­ва де­ка низ го­ди­ни­те по­сто­ел раз­вој на Ша­ра и во одре­де­ни пер­и­о­ди од ми­на­ти­от век бил во пред­но­сти и по­раст во од­нос на се­га ве­ќе раз­ви­е­ни об­ла­сти на Бал­ка­нот.
- Тоа ни да­ва ин­фор­ма­ци­ја де­ка ло­кал­но­то на­се­ле­ние знае што зна­чи тоа, са­ка и има жел­ба за раз­вој. Раз­во­јот по­драз­би­ра ло­кал­но­то на­се­ле­ние да оста­не во ре­ги­о­нот, во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, да ин­ве­сти­ра и да спро­ве­де актив­но­сти што ќе му до­не­сат еко­ном­ски бе­не­фит ко­ри­стеј­ќи ги и при­род­ни­те ре­сур­си, а не на­ру­шу­вај­ќи ја жи­вот­на­та сре­ди­наДо­кол­ку ло­кал­но­то на­се­ле­ние оста­не во ре­ги­о­нот и ра­бо­ти, до­би­ва­ме нај­го­лем за­штит­ник на пла­ни­на­та – ве­ли Бо­жи­но­ски.
По­јас­ну­ва де­ка пла­нин­ски­от, ру­рал­ни­от еко­ту­ри­зам и аван­ту­ри­стич­ки­от ту­ри­зам се ос­но­ва­та за иден раз­вој на по­драч­је­то, а е по­тре­бен до­бар план, жел­ба за ра­бо­та од си­те за­сег­на­ти стра­ни, фи­нан­си­ски средс­тва и вре­мен­ски пер­и­од од пет до се­дум го­ди­ни. Бо­жи­но­ски по­со­чу­ва и на не­ре­гу­лар­но­сти­те што мо­ра да за­прат вед­наш:
- Ма­ли­те хи­дро­цен­тра­ли, отво­ра­ње­то ди­ви па­ти­шта, ди­ви­те се­чи, кри­во­ло­вот и ди­ви­те неп­лан­ски град­би се нај­го­ле­ми­те при­чи­ни­те­ли за де­струк­ци­ја на при­род­ни­те вред­но­сти и ја уни­шту­ва­ат пеј­заж­на­та вред­ност на Ша­ра. Са­мо­во­ли­е­то што вла­дее из­ми­на­ти­ве го­ди­ни на пла­ни­на­та е за­стра­шу­вач­ко и е на­со­че­но са­мо кон про­фит на по­е­ди­ни­ци. Не се мис­ли на пос­ле­ди­ци­те што мо­же да се слу­чат, ни­ту на ид­ни­те ге­не­ра­ции. Вле­зо­ви­те во се­ла­та на Ша­ра се пре­пол­ни со от­пад, па­те­ки­те, ду­ри и во нај­ин­тим­ни­те де­ло­ви на пла­ни­на­та, се рас­ко­па­ни од бул­до­же­ри. По­ра­ди ова има­ме пос­ле­ди­ци ка­ко еро­зии, поп­ла­ви, ла­ви­ни од кои стра­да, ни­кој друг, ту­ку ло­кал­но­то на­се­ле­ние. Се­то ова е пре­диз­ви­ка­но од чо­веч­ки фа­ктор и мо­же да се на­ма­ли со прог­ла­су­ва­ње на­ци­о­на­лен парк и со план­ско упра­ву­ва­ње на ре­сур­си­те на Шар Пла­ни­на.

Тој ве­ли де­ка ло­кал­но­то на­се­ле­ние тре­ба да ја има глав­на­та уло­га во за­шти­те­но­то по­драч­је. 
- Тоа со ве­ко­ви жи­вее во овие сре­ди­ни и ги ко­ри­сти при­род­ни­те ре­сур­си не уни­шту­вај­ќи ги. По­треб­но е да се акти­ви­ра и за­си­ли пре­ку еду­ка­ци­ја, за­поз­на­ва­ње со пред­но­сти­те што ги ну­ди за­шти­те­но­то по­драч­је, спо­де­лу­ва­ње до­бра пра­кти­ка пре­ку при­ме­ри, сту­ди­ски па­ту­ва­ња и ин­ве­сти­ции во ту­ри­стич­ка­та ин­фра­стру­кту­ра и су­пра­стру­кту­ра.




Ту­ри­стич­ка ус­лу­га во сог­лас­ност со при­ро­да­та

Бо­жи­но­ски по­јас­ну­ва и де­ка Пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“, за­ед­но со уште три ор­га­ни­за­ции, Ма­ке­дон­ско еко­ло­шко друш­тво од Скоп­је, Цен­тар за еду­ка­ци­ја и раз­вој од Те­ар­це и Ини­ци­ја­ти­ва за гра­ѓан­ски ин­те­гра­ции од Го­сти­вар, се дел од пла­тфор­ма­та „При­ја­те­ли­те на Ша­ра“, чи­ја­што цел е прог­ла­су­ва­ње на Шар Пла­ни­на за на­ци­о­на­лен парк. 
- Оваа за­ед­нич­ка цел не­ма да за­вр­ши ту­ка би­деј­ќи цел е да дејс­тву­ва­ме и по прог­ла­су­ва­ње­то на Ша­ра за за­шти­те­но по­драч­је, во об­ла­сти што се­ко­ја од ор­га­ни­за­ци­и­те ги ра­бо­ти, вклу­чу­вај­ќи ги и дру­ги­те за­сег­на­ти стра­ни со актив­но­сти што ќе би­дат во на­со­ка на по­зи­тив­но упра­ву­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­от парк.

Пре­тсе­да­те­лот на „При­ја­те­ли­те на Ша­ра“, Ме­тин Му­а­ре­ми по­со­чу­ва де­ка уло­га­та на пла­тфор­ма­та е ра­бо­та со на­се­ле­ни­е­то со цел не­го­ва еду­ка­ци­ја и по­бр­зо прог­ла­су­ва­ње на овој пре­дел за на­ци­о­на­лен парк. 
- Исто­вре­ме­но ќе се ра­бо­ти со на­се­ле­ни­е­то и по прог­ла­су­ва­њето би­деј­ќи пер­и­о­дот што сле­ду­ва е мно­гу ва­жен и то­гаш тре­ба си­те жи­те­ли да се акти­ви­ра­ат и да ра­бо­тат на за­шти­та – спо­де­лу­ва Му­а­ре­ми.
Тој по­јас­ну­ва и де­ка  пла­тфор­ма­та со­ра­бо­ту­ва со си­те ре­ги­о­нал­ни зем­ји, ка­ко и со Гер­ма­ни­ја и со Ав­стри­ја, ка­де што слич­ни фа­кто­ри рас­по­ла­га­ле со го­лем бу­џет и би­ле наз­на­чу­ва­ни за но­си­те­ли на го­ле­ми про­е­кти.
- Од овие две др­жа­ви мо­же да учи­ме мно­гу би­деј­ќи, слич­но ка­ко ов­де, во овие зем­ји,  пре­ку ло­кал­ни­те ак­ци­ски гру­пи, се вклу­че­ни си­те фа­кто­ри. Та­ква е и на­ша­та пла­тфор­ма, ко­ја ги цр­пи сво­и­те идеи од са­ми­те жи­те­ли во овие пре­де­ли.  
Те­то­ве­цот Ва­се Ви­до­ев­ски спо­де­лу­ва де­ка не­го­ви­от пла­нин­ски об­јект „Ви­ла Љу­бо­тен“ е на­ме­нет за по­се­ти­те­ли и се на­о­ѓа на око­лу 1.500 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на.
- Љу­бо­вта кон пла­ни­на­та и при­ро­да­та со ко­ја се дру­жам од сво­ја­та осум­го­диш­на во­зраст при­до­не­се да поч­нам со град­ба на ту­ри­стич­ки об­јект за пла­нин­ски ту­ри­зам.
Тој, за­ед­но со со­пру­га­та, ну­ди сме­сту­ва­ње, до­маш­на хра­на и ор­ган­ски про­из­во­ди – си­ре­ње, ов­чо мле­ко, зе­лен­чук од жи­те­ли­те што се во бли­зи­на.
- Ша­ра ни го овоз­мо­жи се­то тоа. Има­ме ту­ри­сти од це­ла­та пла­не­та и тие да се за­до­вол­ни – ве­ли тој, наг­ла­су­вај­ќи де­ка низ го­ди­ни­ве пре­че­ка­ле лу­ѓе од САД, Ка­на­да, Ав­стра­ли­ја, Ју­жо­а­фри­кан­ска Ре­пуб­ли­ка, Син­га­пур, мно­гу европ­ски зем­ји, др­жа­ви­те од по­ра­неш­на СФРЈ и, се­ка­ко, до­маш­ни го­сти. 
Ви­до­е­ски спо­де­лу­ва де­ка об­је­ктот го гра­дел во сог­лас­ност со при­ро­да­та, а ко­ри­сти и об­нов­ли­ви из­во­ри на енер­ги­ја.
- При­ро­да­та ни бе­ше нај­важ­на, па та­ка и жи­те­ли­те на пла­ни­на­та, жи­вот­ни­те, на нас гле­даа ка­ко на при­ја­те­ли. Атрак­ци­ја за го­сти­те ни е при­пи­то­ме­на­та ли­си­ца. Таа знае да си дој­де, да се про­ше­та ту­ка, ме­ѓу го­сти­те, да ја­де не­што ако е глад­на. Исто та­ка, мно­гу ср­ни и дру­ги жи­вот­ни би­ле „на го­сти“ кај нас – ве­ли тој.
Ви­до­ев­ски по­со­чу­ва и на тоа де­ка за да функ­ци­о­ни­ра не­пре­че­но, иск­лу­чи­тел­но е важ­но да се вос­по­ста­ви со­од­вет­на ин­фра­стру­кту­ра.
- Јас лич­но го одр­жу­вам ло­кал­ни­от пат, се­ко­ја го­ди­на го са­ни­рам од одро­ни и од ка­ме­ња. Овој пат, пак, се уни­шту­ва ток­му од те­шки во­зи­ла и ка­ми­о­ни што но­сат др­ва од Шар Пла­ни­на – ве­ли Ви­до­ев­ски.
Ма­ри­ја Ѓур­чи­нов­ска е пла­ни­нар­ка, вљу­бе­нич­ка во пла­ни­на­та и во при­ро­да­та, ко­ја се­кој сло­бо­ден миг го ко­ри­сти за да до­жи­вее но­во искус­тво во при­ро­да. Taa по­со­чу­ва де­ка не­до­сти­га­ат мно­гу ал­ки од син­џи­рот – а клу­чот е кај си­те фа­кто­ри за­ед­но и во нив­на­та од­го­вор­ност.
- Ако се на­пра­ват со­од­вет­ни па­ти­шта, се пла­шам де­ка уште по­ве­ќе лу­ѓе ќе одат та­му и ќе оста­ва­ат ѓу­бре, уште по­ве­ќе ќе има ди­во се­че­ње дрв­ја. По­треб­но ни е да гра­ди­ме кул­ту­ра за на пла­ни­на. Од ед­на стра­на, ме ра­ду­ва што тол­ку мно­гу лу­ѓе са­кат да пла­ни­на­рат, но да не за­бо­ра­ва­ме де­ка се­то ѓу­бре што го но­си­ме со нас, тре­ба да го вра­ти­ме, не да го оста­ва­ме во ви­со­чи­ни­те. Важ­но е по­е­дин­ци­те да се еду­ци­ра­ни за ова, а важ­но е и си­сте­мот да функ­ци­о­ни­ра – ве­ли Ѓур­чи­нов­ска.
Таа по­со­чу­ва де­ка ре­дов­но, при иска­чу­ва­ња­та по­чет­ни­те точ­ки им се на не­кои од се­ла­та што се во око­ли­на на Ша­ра.
- Во Веј­це, на при­мер, де­по­ни­ја­та во се­ло­то е ужас­на сли­ка. Се фр­ла ѓу­бре ду­ри и во ре­ка­та. Но пра­ша­ње­то е и да­ли до­кол­ку тие лу­ѓе што жи­ве­ат та­му има­ат со­од­вет­но ре­гу­ли­ран си­стем за упра­ву­ва­ње от­пад и по­на­та­му ќе го фр­ла­ат ѓу­бре­то та­ка.

Пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“ по­вр­зан со пр­ви­те актив­но­сти на Ша­ра


Пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“ по­стои ре­чи­си цел век, ра­бо­ти од 1925 го­ди­на и е нај­ста­ри­от акти­вен клуб во зем­ја­ва. 
- Пр­ви­те ор­га­ни­зи­ра­ни дви­же­ња на Ша­ра, пр­ви­те пла­ни­нар­ски до­мо­ви и при­фат­ни ку­ќи, жич­ни­ци, пр­ви­те ор­га­ни­зи­ра­ни нат­пре­ва­ри во ски­ја­ње, во­де­ње­то на пр­ви­те ту­ри­стич­ки гру­пи, еки­пи за спа­су­ва­ње, пр­ви­те про­мо­тив­ни ма­те­ри­ја­ли и сè што се слу­чу­ва­ло низ го­ди­ни­те на Шар Пла­ни­на. Клу­бот има важ­на уло­га и е по­треб­на ал­ка за раз­вој на пла­нин­ски­от ту­ри­зам на Шар Пла­ни­на. Из­ми­на­ти­ве 10 го­ди­ни актив­но се ра­бо­ти на про­е­кти од об­ла­ста на пла­нин­ски­от ту­ри­зам, за­шти­та­та на би­о­ди­вер­зи­те­тот на Шар Пла­ни­на, про­мо­ци­ја на пла­ни­на­та и еду­ка­ци­ја и ра­бо­та со ло­кал­но­то на­се­ле­ние од ру­рал­ни­те сре­ди­ни. Го­лем е бро­јот на по­се­ти­те­ли што пре­ку актив­но­сти­те на клу­бот ја по­се­ту­ва­ат Шар Пла­ни­на, а се дви­жи од 2.500 до 2.780 по­се­ти­те­ли го­диш­но – ве­ли Бо­жи­но­ски.
Тој об­јас­ну­ва де­ка пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“ го ра­ко­во­ди нај­ста­ри­от пла­ни­нар­ски дом во Ма­ке­до­ни­ја,„Љу­бо­тен“, из­гра­ден во 1931 го­ди­на, и пла­ни­нар­ски­от дом „Љу­бо­тен“ на По­по­ва Шап­ка. 

- Ве­ќе од след­на­та го­ди­на клу­бот ќе отво­ри ин­фо­цен­тар за Шар Пла­ни­на во Те­то­во. 

Љу­бо­тен - за­штит­ни­кот на Ша­ра, но и на Скоп­је


Вр­вот Љу­бо­тен (2498 м н.в.) е ме­ѓу нај­мар­кант­ни­те ме­ста на пла­ни­на­та и по­ра­ди сво­јот изг­лед на пи­ра­ми­да и вид­ли­во­ста од мно­гу ме­ста, тој е осо­бе­но ин­те­ре­сен од по­ве­ќе ас­пе­кти.
Пла­ни­нар­ка­та Ѓур­чи­нов­ска по­со­чу­ва де­ка ток­му Љу­бо­тен се на­о­ѓа на гр­бот на град Скоп­је.
- Поз­нат е и ка­ко за­штит­ни­кот на Скоп­је, кој го чу­вал гра­дот од сил­ни­те се­вер­ни ве­три­шта. Кај и да за­ста­не­те на отво­ре­на по­вр­ши­на во Скоп­је, се гле­да Љу­бо­тен. По­ра­но се ве­ру­ва­ло де­ка тој е нај­ви­со­ки­от врв на пла­ни­на­та, ток­му по­ра­ди не­го­ва­та мар­кант­ност. Ви­стин­ско адре­на­лин­ско до­жи­ву­ва­ње е иска­чу­ва­ње­то на Љу­бо­тен и не­из­бе­жен е за си­те пла­ни­на­ри што се иска­чу­ва­ат на Ша­ра - ве­ли пла­ни­нар­ка­та Ѓур­чи­нов­ска.

Фотографии: Јован Божиноски 

Текстот е објавен во 41-виот број на Лице в лице, купете го ТУКА.