Aко не­кој пред не­кол­ку ме­се­ци ме пра­ша­ше да го из­не­сам сво­е­то мис­ле­ње за важ­но­ста на во­лон­терската работа, нај­ве­ро­јат­но вкуп­но­то гле­ди­ште ќе бе­ше на­со­че­но кон тоа што ти, ка­ко во­лон­тер, при­до­не­су­ваш со сво­ја­та актив­ност во со­од­вет­на­та об­ласт во ко­ја ра­бо­тиш.

Ако пр­вич­но, при мо­е­то при­ја­ву­ва­ње ка­ко во­лон­тер бев во­де­на од мо­јот до­ктор­ски ин­стинкт да се по­мог­не на чо­век ко­га има по­тре­ба од по­мош, спо­ре­ду­вај­ќи го со реф­лекс на чо­ве­кот ко­га се бра­ни од опас­ност, се­га, си­гур­но би се на­со­чи­ла и кон тоа што би мо­же­ла да изв­ле­чам по­зи­тив­но од це­ла­та актив­ност, што, пак, ќе до­ве­де до по­раст на мо­ја­та лич­ност, се­ка­ко, не за­бо­ра­вај­ќи го пр­вич­ни­от мо­тив. 


Из­ле­гу­ва­ње од сопс­тве­на­та ком­фор­на зо­на

Од нас, сту­ден­ти­те, ка­ко па­сив­ни учес­ни­ци во здрав­стве­ни­от си­стем во те­кот на на­ши­те сту­дии, одед­наш се по­ба­ра да се аку­му­ли­ра­ат на­ши­те до­то­гаш­ни здо­би­е­ни ве­шти­ни и актив­но да из­ле­зе­ме на бој­но по­ле со не­при­ја­те­лот, кој е, на­ви­сти­на, во го­ле­ма пред­ност.
По­чув­ству­вав ка­ко на­ед­наш из­ле­гу­вам од сопс­тве­на­та ком­фор­на зо­на и сум из­ло­же­на на те­сти­ра­ње на мо­ја­та ела­стич­ност и пла­стич­ност. Ка­ко ко­ор­ди­на­тор на 25 сту­ден­ти, ан­га­жи­ра­ни во ра­бо­та­та на Цен­та­рот за јав­но здрав­је во Скоп­је, за прв­пат бе­ше те­сти­ра­на мо­ја­та спо­соб­ност за ли­дерс­тво и тоа за ор­га­ни­за­ци­ја за ко­ја не­мав ни­ка­кво искус­тво.
на­ша­та ра­бо­та ба­ра­ше овоз­мо­жу­ва­ње ко­ор­ди­на­ци­ја ме­ѓу нас ко­ле­ги­те - мен­то­ри­те епи­де­ми­о­ло­зи, си­те сту­ден­ти, си­сте­мот „Мој тер­мин“, ма­тич­ни­те ле­ка­ри, дру­ги­те ин­сти­ту­ции вклу­че­ни во бор­ба­та со пан­де­ми­ја­та, што, пак, од сво­ја стра­на, по­драз­би­ра­ше се­којд­нев­на ко­му­ни­ка­ци­ја со лу­ѓе со раз­лич­ни ста­во­ви, идеи, на­чин на ра­бо­та, ка­ра­ктер, ин­ди­ви­ду­ал­ност, со цел ре­ша­ва­ње еден проб­лем – па­ци­ент по­зи­ти­вен на сарс-ков 2 ви­ру­сот.

Нај­до­бар на­чин за да се про­нај­де­те се­бе­си е да се из­гу­би­те во служ­ба на дру­ги­те

Ра­бо­та­та ка­ко во­лон­те­ри ни овоз­мо­жи ко­му­ни­ка­ци­ја со па­ци­ен­ти­те еден на еден, што до­то­гаш не сме ја иску­си­ле, на­со­чу­ва­ње и прис­по­со­бу­ва­ње на на­ша­та ра­бо­та на нив­ни­те по­тре­би, со цел ус­пеш­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот и до­би­ва­ње бла­го­да­рен па­ци­ент. 

Ра­бо­та­та ка­ко во­лон­те­ри за мла­ди­те ли­ца функ­ци­о­ни­ра ка­ко бру­сил­ка. Од ка­ме­нот пра­ви сја­ен ди­ја­мант, спо­со­бен да зра­чи со сопс­тве­на­та гра­ци­оз­ност во на­та­мош­ни­те пре­диз­ви­ци. Или, ка­ко што ре­кол Ма­хат­ма Ган­ди: 

- Нај­до­бар на­чин да се про­нај­де­те се­бе­си, е да се из­гу­би­те во служ­ба на дру­ги­те.   


Не пре­ста­ну­вај­те да ра­бо­ти­те на се­бе и во ко­рист на дру­ги­те, ко­га е воз­мож­но

Мо­ја­та по­ра­ка до чи­та­те­ли­те на „Ли­це в ли­це“, кои ра­бо­тат на сво­јот раз­вој, би би­ла ни­ко­гаш да не пре­ста­нат да ра­бо­тат на се­бе, да го ра­бо­тат тоа што го са­ка­ат и да ра­бо­тат во ко­рист на дру­ги­те, се­ко­гаш ко­га е тоа воз­мож­но.
На кра­јот, се­ко­ја ра­бо­та и труд се вред­ну­ва, без раз­ли­ка да­ли тоа ќе би­де ма­те­ри­јал­но или не.

(Автор­ка­та е сту­ден­тка на Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет при уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диj“ – Скоп­је )

Прочитајте ја целосната верзија во актуелниот број
https://kupi.licevlice.mk/p/44...