Во­лон­тер­ска­та работа е приказна за искуство што никогаш никој не може да го за­ме­ни или да го земе.
За жал, не е претставено како секојдневна типична работа. Не дека не е приз­на­е­на од општеството, ама сѐ уште не е целосно нормализирана кај нас, со оглед на тоа дека се работи без финансиска поддршка. Во секој случај, финансиската си­ту­а­ци­ја не може да се мери со здобиените вредности и искуства. Затоа, со из­бо­рот на помагање на другите, се постигнува исполнување кај себе, што е по­зи­тив­но влијание врз менталното здравје. Наоѓањето време или мотивација често ја надминува нашата посветеност да направиме нешто добро. Заемна приказна за помагање на другите, воедно и сопствена желба за учество во создавање на не­ка­ква креативна приказна, која од метла прераснала во најубавиот фестивал во текот на годината, кино под ѕвезди.

Преку „Македокс“ ја пронајдов љубовта кон документаристиката

Мо­ја­та приказна почнува во 2016 година. Со „Македокс“ првпат се запознав на Па­ту­вач­ко­то кино во Дојран, како дел од програмата на „Д Фестивал“. Почнав со волонтерска работа истата година во август. Се пријавив, немав ни идеја за ка­ков тип работа станува збор. Сѐ уште се сеќавам на првото влегување во Кур­шум­ли ан, состојбата во која беше оставен и идејата за тоа како треба да изг­ле­да просторот во рок од четири-пет дена. Магијата почнува со запознавањето на си­те други волонтери и на екипата на фестивалот. Работата е секогаш многу по­лес­на со добро друштво, добра екипа, која најчесто е со многу сличен поглед на свет како тебе.
Во текот на тие неколку дена се здобива искуство во многу области, што прет­ход­но ненамерно биле пропуштени, зборувам за себе, иако мислам дека сите до­се­гаш­ни волонтери би се согласиле со мене. Под волонтерска работа не се по­драз­би­ра само чистење и ковање на шајки, туку и средување целосно на про­сто­рот, сценографија, уредување платна што сме ги изработиле сами, фо­то­гра­фии, многу образовни работилници за време на подготовките. За време на фе­сти­ва­лот, пак, местење столчиња, свеќи, лотуси, светилки, чил-зона, просторот зад сцената.

Раз­лич­на е сатисфакцијата по успешно завршен фестивалски ден, па и зас­лу­же­но­то гледање филм на крајот на денот. Благодарение на „Македокс“, ја про­нај­дов љубовта кон документаристиката, чепкање во туѓиот начин на живот, осоз­на­ва­ње нови места, професии, луѓе, приказни што се вистински и треба да би­дат споделени со светот на филмско платно. Убаво временски посветено време, кое става поголем акцент на љубовта, првичниот порив за нешто што сакаш да го правиш.






Снимањето филм – најголем предизвик

Во 2018 година се приклучив во нивната школа за документарен филм До­ко­ни­кул­ци. Еден од најголемите бенефити од волонтерската работа е што сè повеќе се запознаваш себеси, откриваш некои страни што никогаш не би помислил де­ка се, можеби, твојот пат.
Јас имав можност да снимам свој документарен филм. Се запознав целосно со про­це­сот од идеја, до развивање. Постојано трагајќи кон поентата на при­каз­на­та, запознавање со целиот технички дел од снимањето, камера, монтажа. Мен­то­ри­те, односно сите што се дел од создавањето на приказната на „Македокс“, не­се­бич­но ни го пренесуваа знаењето на сите нас што сме биле дел од неа, како во­лон­те­ри, или дел од школата за документарен филм. Снимањето на филмот бе­ше најголемиот предизвик што сум го поминала досега. Запознавање со ли­ко­ви­те, срамежливоста пред камера и како да ја извадиш вистинската приказна од нив беше добра психолошка вежба, начинот на комуникација, гестикулација, по­ле­сен пристап до луѓето, како и  тоа тие да се чувствуваат слободно со тебе.
Да се вратам на почетокот, почнав со волонтерска работа на „Македокс“, се вљу­бив во заедницата, фестивалот. Три години подоцна, ја имав првата пре­ми­е­ра на филм на истиот тој фестивал, кој за мене претставува прва љубов, прво де­те.

Правете ги нештата од љубов, а не од привилегија

Во кое било време да се наоѓаш, која било доба на живеењето, посебно во ова вре­ме сега, кога живееме во време на пандемија и на карантини, нешто со кое се немаме соочено досега, размисли за тоа што сакаш да го правиш и што мис­лиш дека ќе те направи среќен и исполнет на крајот на денот.
Без разлика дали е тоа волонтерска работа на некој културен настан или по­ма­га­ње на лицата на кои им е најпотребна твојата помош. Покрај сѐ, ти несебично го по­све­ту­ваш времето на нешто поголемо од сам себе.
Се обидувам да мотивирам повеќе луѓе да се стремат кон тоа. Младите луѓе тре­ба сѐ повеќе да бидат ангажирани во тој сегмент. Според моето мислење, нив­на­та перспектива треба да биде насочена кон тоа да ги прават работите од љу­бов, а не од привилегија. Секој млад човек во својот живот има потреба од ра­бот­на сигурност или работно искуство, кое може да се здобие на различни на­чи­ни, со работа во кафуле, делење летоци, волонтерска работа на фестивал. Се разбира дека  работата што ја бараме треба да е во согласност со нашите мо­рал­ни карактеристики, љубов, почит, соработка, емпатија. Токму тоа што „Ма­ке­докс“ претставуваше за мене и сѐ уште претставува - едно големо семејство што создава магија во вистинска смисла на зборот.

(Автор­ка­та е дел од Фестивалот за креативен документарен филм, „Ма­ке­докс“)