Економските мерки на пократок рок ќе влијаат на промена на однесувањето кај граѓаните, но мерките во образование се клучните. Образованието за климатските промени и за одржливиот развој мора да се засили на сите нивоа и да биде застапено хоризонтално во сите предмети што се изучуваат за уште од најмали нозе да се развие свест и чувство на одговорност кон природата знаејќи ја вистината дека ние зависиме од неа, не таа од нас
според Анета Ристеска, петок, 03 јануари 2020 11:23 Зелена република
Додека го подготвуваме ова интервју, во кое зборуваме за индивидуалната и колективна улога во соочувањето со отпадот, по порталите се вртат видеа во кои комунални редари ги учат граѓаните како да фрлаат во канти за ѓубре. Октомври 2019 година. И да, сѐ уште главниот рефрен што ни одѕвонува е: „Да ...