Давајќи им поголем простор на производителите од локалните заедниците, добиваме храна што не го пропатувала светот пред да стигне до нашата чинија.
според Николче Николовски, вторник, 29 декември 2020 12:42 Министерство за храна
Николче Николовски(Авторот е претседател на Национален одбор на „Слоу Фуд Македонија“)„Нашата храна, наша иднина“, е идејата водилка што стои зад концептот што го промовира „Слоу Фуд Македонија“. Овозможувањето подобри предуслови за ревитализација на за...
Државата нѐ гледа само како бравари или шнајдери. Што ако не сакате да бидете бравар. Сте се родиле глув, ама не сакате да сте бравар… Таа тортура што ја наметнува државата преку старомодните образовни профили веќе не одговара за младата генерација. Велиме ни требаат демократски процеси, сакаме да бидеме демократско општество, ама тапкаме во место со старите навики и со старите постапки, вели претприемачот Мартин Ангелов
според Анета Ристеска, вторник, 29 декември 2020 12:33 Инклузија
Анета РистескаКафетерија, фарма за животни или нешто трето. Победила првата идеја во дилемата на двојката Мартин Ангелов и Радмила Периќ за тоа каква претприемачка приказна да почнат.Оштетениот слух не е и не треба да биде пречка за да развиваме одредена бизнис-идеја, и покрај скепсата што често ја ...
Се претворивме во погрешни, во себични луѓе. И ова е насоката што економијата ни помогна да ја создадеме за себе. Најдобрата одлука во моментов е да не се вратиме назад. Ни треба свет со три нули. Нула емисија на јаглерод, нула концентрација на богатство за да се создаде нула сиромаштија и нула невработеност. Ако човештвото се врати на истиот стар начин, ние сме готови. Никој не може да нè спаси
според Небојша Илијевски, Маја Раванска, Превод од англиски јазик: Марко Mихајловски, вторник, 29 декември 2020 12:27 Социјална економија
Небојша ИлијевскиМаја РаванскаПревод од англиски јазик: Марко MихајловскиПрофесорот Мохамед Јунус важи за еден од најпознатите лидери на одржливиот развој, човек што е иноватор на микрофинансирањето и на микрокредитирањето и што го постави целиот концепт на социјалниот бизнис, на што гледа како на ...
Глобочица е синтеза на приказни кои го запираат здивот за некогашниот начин на живеење, и, во исто време, на раѓањето нов живот, поттикнат од солидарната и иницијативна природа на мештаните.
вторник, 29 декември 2020 12:16 Зелена република
„По Караорманските ридови, на патот за Дебар, во Малесијата, змијулесто се пробиваат Глобочичките води. Акумулацијата, што ја снабдува хидроцентралата Глобочица, достигнува длабочина и до 80 метри. А, таму на дното, го чува она што некогаш беше село. Некогаш дом на 400 жители во подножјето на овие ...
Природата на мислата е таква што го фрагментира светот на делови: јас и другите, ние и вие, луѓето и животните, човекот и природата, соларниот систем и галаксијата, галаксијата и универзумот.
според Сергеј Ѓеоргиев , вторник, 29 декември 2020 12:09 Синапси
Сергеј Ѓеоргиев Природата на мислата е таква што го фрагментира светот на делови: јас и другите, ние и вие, луѓето и животните, човекот и природата, соларниот систем и галаксијата, галаксијата и универзумот. Кога оваа илузија ќе се согледа како таква, ...
Недостапен и непристапен јавен превоз, намалени шанси за вработување, намалени можности и вклучување во високото образование, недостиг од чиста вода за пиење, лоша инфраструктура, непостоење амбуланти, ниту достапен лекар… Сето ова се одразува на женското сексуално и репродуктивно здравје на жените што живеат во рурални подрачја
според Кристина Михајловска, вторник, 29 декември 2020 12:01 Час по родови прашања
Кристина Михајловска„Каков гинеколог во ова село!? За да стигнеш до гинекологот ти требаат пари и автомобил, а во селово ретко кој може да си го дозволи тоа!“ ни одговори една жителка на село Тработивиште кога ја прашавме дали користи гинеколошки услуги во нејзиното место на живеење. Жените од ...
Штетните микрочестички од воздухот, особено во зимскиот период, може да предизвикаат здравствени проблеми како инфаркт, мозочен удар, дијабетес и висок крвен притисок. Но, во најновата брза студија од Универзитетот „Харвард“, во сегашнава новонастаната ситуација, овие заболувања се сметаат за подлога што го зголемува ризикот од компликации и од фатален исход од инфекцијата со вирусот корона
според Јана Мелоска-Петрова, вторник, 29 декември 2020 11:57 Скок во здравје
Јана Мелоска-ПетроваПандемијата во светот не стивнува, го живееме таканаречениот втор бран, кој беше најавуван уште кога не му се гледаше крајот ни на првиот, а со неговото доаѓање уште еднаш се покажаа сите можни слабости на сите здравствени системи во светот, некои дури и многу поразвиени од ...
според Анета Ристеска, вторник, 29 декември 2020 11:45 Актив арт
Во година полна со предизвици, која нѐ задржува да останеме дома со цел да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на блиските, решивме да му дадеме друга боја на секојдневието и ги поканивме децата до 12 години да креираат дизајн на новогодишна честитка за „Лице в лице“.Ги поттикнавме да ...
Концептот се очекува да ја поттикне конструктивната соработка на локалната власт со жителите за обезбедување подобри јавни услуги и да го унапреди користењето на отворените податоци со цел решавање на проблемите во локалната заедница
според Марија Николоска Арсовска, вторник, 29 декември 2020 11:37 Граѓаните можат
Марија Николоска АрсовскаОбјавување податоци што се значајни за граѓаните, како финансиските податоци, податоци за животната средина – загаденост на воздухот, зелени површини, води, урбанистички податоци – за граѓанското учество во донесувањето на урбанистичките планови, реконструкција на улици, ...
Ако сакаме да предизвикаме големи општествени промени, треба да почнеме да се менуваме самите себе
вторник, 29 декември 2020 11:31 Блог на странец
Амбасадор Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Родовата еднаквост е неопходна основа за помирни и попросперитетни заедници. За жал, ситуацијата со КОВИД-19 ја засили веќе постојната нееднаквост кај жените и девојчињата во секоја сфера од нашиот живот, вклучително и здравството, ...
Кога родителот во подолг временски период се бори за да опстане, му се уништува и најмалиот атом на задоволство од живеењето. Тој се гаси, станува автомат, не успева да понуди ништо друго, освен гола егзистенцијална филозофија, нерегулиран афект, автоматска нерасположеност, казна и обвинување
според Радмила Живановиќ, вторник, 29 декември 2020 11:26 Одговорна иднина
Радмила ЖивановиќРодителот е среќен кога неговото дете е среќно, мирен е кога неговото дете е мирно, сигурен е кога знае дека направил сè за да ја осигури безбедноста на сопственото дете. Денес, дополнително, родителот преживува кога секојдневно гледа и проверува дали и неговото семејство ...
Тоа што сите граѓани треба да го знаат во врска со приватноста на интернет е дека кликнувањето на копчето „се согласувам“, при инсталирање апликација или отворање профил на социјалните мрежи, има иста законска важност како ставање потпис на хартиен договор
според Филип Стојановски, вторник, 29 декември 2020 11:21 Лице в лице став
Филип СтојановскиЧовековите права се универзални, важат и во светот на интернет, а законите што ги заштитуваат се применливи и на однесувања на интернет. За човековите права во дигиталната сфера се користи поимот дигитални права. Претставуваат збир од основни човекови права во дигиталното ...
Теоретските основи за човековите права во образованието се солидно поставени, но проблемот настанува кога тоа што го учат децата не го гледаат во вистинскиот живот, а со самото тоа, не се ниту способни, ниту расположени да се изборат за него
според Елизабета Секирарска, вторник, 29 декември 2020 11:14 Образование
Елизабета СекирарскаУмниот млад свет во клупите, сега зад мониторите, изморен и дезориентиран, е осуден да расте, да созрева, да си ја гради младоста и, воопшто, да си го конципира животот во едно многу турбулентно, хаотично, многу обезвреднето и деформирано време, во кое еден факт е непобитен: ...