Магазин

Во лето охридски домат и цреши, во зима ресенски јаболка!

Локално произведената храна е највкусна и најсвежа, па употребувајќи ја придонесувам и кон одржливо земјоделство и економски развој. Поддршката на мали локални органски фарми и производители за мене секогаш е на прво место

Одржливата исхрана денес се чини е прилично комплексна идеја. Меѓутоа, во основа, таа има позитивно влијание и на луѓето и на планетата Земја и сега, но и во иднина. Зошто? Затоа што помага во одржување на доброто здравје на луѓето, истовремено осигурувајќи се дека планетата ќе има доволно ресурси ...
Прочитај повеќе......

Одговорни патници - важноста на искуствениот туризам и поддршка на локалното

Лу­ѓе­то сакаат кога ќе ги пофалиш за тоа што го добиваш преку нивната работа, им зна­чи кога ќе го видат уживањето од тоа што ти го дале како можност и тогаш се отвора еден топол човечки муабет, кој ти ја пренесува вековната култура и традиција на тоа ма­ло место

По десетте дена поминати во Барселона, неколку работи ми станаа кристално јасни. Искус­тво­то што го добив во шармантното ресторанче во маалото на работ на ту­ри­стич­ка­та метропола во текот на последните три дена, не можеше да се спореди со искус­тво­то на Ла Рамбла или во која и да е друга „...
Прочитај повеќе......

Од Радожда до Свети Наум – рекорди во продажба и во километри

Од Радожда до Свети Наум! Тоа е маршрутата на Игорче, кој вообичаено, летните месеци е најмотивиран за работа. Тимскиот дух на „Порака нова“ придонесува тој да може непречено да ги посетува местата на охридското крајбрежје уривајќи рекорди во продажба, но и во поминати километри на дневните релации ...
Прочитај повеќе......

Лит-Чет: Лана Басташиќ и Румена Бужаровска

Басташиќ и Бужаровска се писателки, чиишто книги претходните години стигнаа до широката книжевна публика и до недвосмислени пофалби од критиката, но и писателки што на своите јавни настапи укажуваат на многубројните аномалии на општеството во кое живееме. Во соработка со српското улично списание „Liceulice“, во следниве три броја на двете списaнија паралелно ќе ја објавуваме нивната преписка. Во првото продолжение, читајте го разговорот на Лана, додека е во Цирих, и на Румена, која беше во Маврово, за тоа како се носат со светот во кој има премногу состаноци на „Зум“, а премалку книжевни фестивали

Румена: Се чувствувам како повторно да пишуваме дневник, и тоа баш заеднички овој пат.Лана: Мене ништо не ми се прави. Не ми се зумира, не ми се скајпува... Не ми се вклучува во никакви интеракции. Најрадо би дошла кај тебе во Маврово и би ти ги чувала кучињата.Румена: Ех, сега ги има баш многу. ...
Прочитај повеќе......

Дестинација – одморај активно и безбедно

Актуелната состојба може да се претвори во позитивна можност за повеќе насочено создавање нови туристички производи и за интензивно промовирање на вредностите на активниот туризам и на потенцијалот на Македонија да ги задоволи ваквите пазарни потреби и трендови

Фотографија „Мозаик“Новите трендови во туризмот, предизвикани од ковид-19, покажуваат оддалечување на туристите од масовниот туризам и свртување кон активниот туризам фокусирајќи се првенствено на домашните туристи како прва фаза на закрепнување на секторот. Се очекува овој тренд да продолжи и во ...
Прочитај повеќе......

Истокот нѐ повикува на авантура!

Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево го собра на едно место сето знаење за регионот околу реката Брегалница нудејќи содржини за деца, млади и за возрасни

Знаете ли дека подрачјето на сливот на реката Брегалница е главен и најзначаен воден ресурс во источна Македонија? А дека во близина на селото Негрево вирее ендемичниот вид инсектојадно растение?Вложувањето во одговорни патници неминовно значи заложба за едукација што нуди свесност и носи еден куп „...
Прочитај повеќе......

Нова туристичка реалност: пештери, летање, истражување

Фотографии:Mustseedonia, Scout Camp, SharOutdoors, Бојан Шашевски, Сфаќањето за убавините на земјата се изменија со пандемијата, кога граѓаните беа принудени да тераат одмор во границите на Македонија. Домашни туристи и авантуристи не само што тргнаа  да откриваат нови локации, туку почнаа и да ги ...
Прочитај повеќе......

Масовниот туризам зеде преголем данок од планетава: време е за одговорно патувачко искуство!

Соочени со погубните ефекти што неконтролираниот развој на масовниот туризам ги остава врз локалната заедница и животната средина, светските влади, како и Светската туристичка организација, сфатија дека е време за вклучување на алармот и дека туризмот како економска гранка што остварува глобален годишен приход од речиси 1.500 милијарди долари мора да се стави во поинаков колосек. Па така, беше дефиниран терминот одржлив / одговорен туризам, чијшто натамошен развој треба да биде во согласност со усвоените глобални цели за одржлив развој на Обединетите нации (Sustainable Development Goals – SDG)

Фотографии: „Genuine Experiences”, „Mustseedonia“, Дали сте го знаеле податокот дека повеќе од седум милиони луѓе годишно доаѓаат во парискиот музеј „Лувр“ за да ја видат со свои очи „Ла Џоконда“, попозната како „Мона Лиза“, фамозната слика од Леонардо да Винчи? Ако претпоставиме дека музејот е ...
Прочитај повеќе......