Магазин

Учениците треба да ги подготвиме за живот, а не за свидетелство со петки!

Не може тукутака да се смени или надгради застарениот образовен систем, заедно со сите луѓе што работат во него. Имаме пример во Финска каде што за едно работно место, наставник во одделенска настава, конкурираат по 200 луѓе. Критериумите за добивање на тоа работно место се многу поинакви од нашите, знам дека секој заслужува шанса, но зборуваме за едукација на нашите идни поколенија и тука треба да сме ригорозни

И меѓу учениците и меѓу нивните родители важи за нетипичен наставник, кој преку своите  креативни и неконвенционални чекори прави позитивни влијанија кај младите, чиешто внимание не е едноставно да се придобие ако само слепо се следат програмските образовни шеми - без индивидуален печат.Ивица ...
Прочитај повеќе......

Со „градинарска терапија“ до повисока свест за животната средина и до поквалитетен живот

Не чекајте, направете си градина за своја душа, таа ќе ве храни, но и ќе направи да имате посреќен и поквалитетен живот. Една од најблагородните активности на човекот е создавањето храна, притоа истовремено зголемувајќи го урбаното зеленило и придонесувајќи за почиста средина. Секој квадрат зеленило во градската бетонска џунгла придонесува за намалување на екстремите во температурата, со што се подобрува микроклимата - вели екологот од Ботаничката градина во Скопје, Цветанка Цветкоска, за „Лице в лице“

Во време на бетонска доминација низ градовите и сѐ помалку блискост до природата, ботаничките градини се една од опциите да се побегне во една поинаква димензија, која нуди богатство од ретки видови растенија, бои, форми, мириси и, во исто време, илустрира грижа на човекот за тоа што значи природа....
Прочитај повеќе......