Доза вести

Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ одбележува јубилеј – 34 години борба за детски права, мир и поддршка за децата

Јубилеј на „Меѓаши“ 34 години

Организацијата го одбележува својот роденден со потсетување на 34 години активна работа во заштита на детските права, мировно образование и поддршка преку сервисот „Ало Бушавко“ 116 111.

Во време кога правата на децата сè уште не се подразбираат, туку постојано се освојуваат, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, одбележува 34 години постоење и повеќе од три децении посветени на гласот, заштитата и достоинството на најмладите.

– Со непоколеблива визија за праведен свет за секое дете: продолжуваме – велат од „Меѓаши“

Основана во 1992 година, „Меѓаши“ е првата детска амбасада од ваков вид во светот и низ годините се профилира како клучен актер во поддршката на децата и нивните права во општеството. Организацијата континуирано работи на унапредување на детските права, промоција на мировно образование и обезбедување директна помош за децата и семејствата.

По повод јубилејот, од „Меѓаши“ потсетуваат на дел од своите значајни активности и достигнувања, меѓу кои се и документарниот филм „Гласна тишина“, кој ја одбележува 15-годишнината на Програмата за мировно образование:

За историјата и влијанието на организацијата во овие 3 декади, направен и е филм кој е достапен на овој линк:

Особено значаен сегмент од нивната работа е и сервисот „Ало Бушавко“ (116 111), европски телефонски број за помош на деца, преку кој се обезбедува поддршка и советување за најмладите.

Организацијата во изминатиот период ја унапреди и својата дигитална комуникација преку нова веб-страница (линк овде), која овозможува полесен пристап до информации, ресурси и услуги за децата, родителите и институциите.

Дополнително, преку монографијата „30 години Меѓаши“ и бројни јавни материјали, организацијата ги документира своите активности, резултати и влијанието што го има во општеството.