Без табуа: Скопје добива вечер за менструална правда со вино и сликарство
По повод Меѓународниот ден на менструална хигиена, 28-ми мај, Period. The Menstrual Movement Skopje, Tiiiit! Inc. „Лабораториум“ и Paint and Wine Skopje организираат посебно и несекојдневно издание на „Paint & Wine“ – вечер посветена на уметноста, менструалната правда и отворениот разговор, сето тоа во пријатна и инспиративна атмосфера. Настанот ќе се во 19 часот во „Лабораториум“ во Скопје.
Оваа креативна вечер има за цел да отвори простор за слободен и искрен разговор за менструацијата, без табуа, срам или предрасуди – додека сликаме, наздравуваме со чаша вино и уживаме во уметноста.
Обезбедени се платна, бои, четки и вино. Вие само донесете љубопитност, добра енергија и желба за промена – велат организаторите.
Овој иновативен пристап кон промоцијата на менструалната правда е дел од континуираните напори на овие организации да ја доближат темата до младите преку култура и креативност.
Ѕирнете го постот на организаторите доколку сакате да се пријавите.
Дизајнот на постерот е дело на Ива Тодоровска, студентка на програмата за Графички дизајн x AI на NU академија за средношколци, основана од Brainster.
Ментор: Игор Делов.
- Кој ја слуша женската сцена? „Женски Земјотрес Битола“ отвора простор за гласовите што недостигаат
- Книгите излегуваат на плоштад: Скопје го слави Светскиот ден на книгата со бесплатни изданија и настани
- Скопје ќе дише поезија: Над 100 поети од 8 земји на Скопски поетски фестивал
- Умин Дол: Како една жена го претвори малото село во рурална туристичка приказна што привлекува гости?
- „Прво па женско“ ја носи темата „Мајчинствување“ – колективен труд на грижа за животот во време на колапс