Николче Николовски
(Авто­рот е пре­тсе­да­тел на На­ци­о­на­лен од­бор на „Слоу Фуд Ма­ке­до­ни­ја“)

„На­ша­та хра­на, на­ша ид­ни­на“, е иде­ја­та во­дил­ка што стои зад кон­цеп­тот што го про­мо­ви­ра „Слоу Фуд Македонија“. Овоз­мо­жу­ва­ње­то по­до­бри пре­дус­ло­ви за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на за­ед­ни­ци­те и на кон­цеп­тот на се­меј­ни­те фар­ми во ру­рал­ни­те сре­ди­ни тре­ба да би­де за­лож­ба на си­те во оп­штес­тво­то. Хра­на­та што ја про­из­ве­ду­ва­ат и по­ну­ду­ва­ат на па­за­рот има зна­чај­на уло­га од по­ве­ќе ас­пе­кти, за кои си­те тре­ба да сме свес­ни. Дој­де­но е вре­ме­то ко­га ва­кви­те раз­мис­лу­ва­ња за­се­га­ат сè по­ве­ќе лу­ѓе да поч­нат да ја пер­ци­пи­ра­ат ло­кал­на­та хра­на ка­ко важ­на, а, спо­ред нас, кои сме дел од ова дви­же­ње, и не­оп­ход­на во обез­бе­ду­ва­ње на ид­ни­на­та на чо­веш­тво­то.

Хра­на­та е за­ед­нич­ко до­бро, средс­тво што ги спо­ју­ва един­ки­те во за­ед­ни­ца и овоз­мо­жу­ва ко­му­ни­ка­ци­ја во са­ма­та за­ед­ни­ца, но и со све­тот. Не слу­чај­но се ве­ли, ако са­каш да се за­поз­на­еш со жи­во­тот и со кул­ту­ра­та на ло­кал­но­то на­се­ле­ние во одре­ден ре­ги­он, нај­лес­но ќе го за­поз­на­еш ако им се при­дру­жиш на тр­пе­за­та би­деј­ќи хра­на­та е дел и од иден­ти­те­тот на таа за­ед­ни­ца. Хо­ли­стич­ки­от при­стап  на „Слоу Фуд“ во од­нос на пра­ша­ње­то на хра­на­та, во цен­та­рот на сво­јот ин­те­рес ја ста­ва вр­ска­та на хра­на­та со ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци.

Целиот текст е достапен во 41. издание на „Лице в лице“