На 24 декември зимски саем за социјални претпријатија и солидарна економија „Барбара и пријателите“ во Скопје
Во духот на солидарноста, социјалното претприемништво и циркуларната економија, на 24 декември 2025 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во Центарот за социјални претпријатија на ул. „Македонија“ бб (во близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза), ќе се одржи зимскиот собир и саем за социјални претпријатија и солидарна економија „Барбара и пријателите“.
Настанот ги обединува граѓаните, партнерите и поддржувачите на социјалното претприемништво со цел да се промовираат солидарноста, креативноста, заедничкиот дух и одржливите модели на работа и производство.
Оваа година, организаторите информираат дека саемот има и хуманитарна цел: поддршка за Фондацијата „Барка“ и Марисија Садовска во борбата против тумор на мозокот. Како што најавуваат, 100% од приходите од настанот ќе бидат донирани за каузата. Влезот за посетители се обезбедува со купување влезница во износ од 500 денари, која се купува на лице место.
Програма на настанот
- 12:00 – 13:00 | Отворање и панел-дискусија
(поздравни обраќања, вовед во саемот, Стратегија за социјални претпријатија, Закон за социјални претпријатија, нови трендови) - 13:00 – 15:00 | Саем за социјални претпријатија
(штандови и презентации)
Програмата, покрај топлото добредојде, вклучува и панел-дискусија посветена на развојот на социјалното претприемништво и иднината на Законот за социјални претпријатија, како и зимски саем на кој ќе учествуваат невладини организации, социјални претпријатија и индивидуални уметници.
Организаторите упатуваат отворена покана до јавноста да присуствува и да ја сподели информацијата со сите кои би сакале да бидат дел од настанот, нагласувајќи дека секое присуство ја зајакнува заедницата и придонесува кон солидарната кауза.
- Индира Кастратовиќ: Спортот прво учи на човечност, па на победи
- Повеќе од четири децении уметност: Почнува 37. Ликовна колонија „Галичник“
- „Само сонот е стварност“ е пораката со која „МакеДокс“ го најавува своето 17. издание
- Највредните искуства не се мерат со пари: моето лето како волонтерка во „Лице в лице“
- Го паметите Игорче? Денес има работа што ја сака и ново поглавје во животот