Во Струмица се избираат најдобрите зелени бизнис идеи: Средношколци се натпреваруваат за одржливи решенија
Младински тимови од средни училишта ќе презентираат иновативни зелени бизнис идеи пред стручно жири во рамки на натпревар во Струмица со парични награди за најдобрите проекти.
Во Младинскиот центар во Струмица, денеска ќе се одржи натпревар за зелени бизнис идеи, на кој ќе учествуваат тимови од средните училишта. Настанот започнува во 11 часот и ќе се одржи во просториите на Младинскиот центар, веднаш до Собранието на Општина Струмица. Учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни и одржливи бизнис идеи пред стручно жири.
За најдобрите три идеи се предвидени парични награди: прва награда од 15.000 денари, втора награда од 10.000 денари и трета награда од 5.000 денари.
Организаторите најавија дека целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и развојот на зелени и одржливи решенија, како и да се инспирираат младите за активно учество во креирање на поодржлива иднина.
Натпреварот го организиран Здружение „Проагро Фармери“ во рамки на проектот GREENHUB4IDEA, кој е дел од пошироката иницијатива „RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите“, поддржана од Европската Унија и имплементирана во соработка со повеќе граѓански организации во Македонија.
Oбјавата е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
- Тоа е што е
- Шведска има и свој „Див Запад“: три места што функционираат по свои правила
- Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари, предупредува ХЕРА Млади
- „МакеДокс“ од 20 до 27 август: 71 документарец, Шпанија во фокус и над 100 гости
- Различни патишта, исти желби: Битола го одбележува 12-ти август, Меѓународниот ден на младите