Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, со задоволство ја претставува понудата на новогодишни честитки за 2020 година, кои ги изработија македонските уметници Ване Костуранов, Иван Петрушевски (Флим), Зоран Инадески, Варвара Николовска (Ва Дот), „Кокидо“ и Георги Равански.
Честитките на „Лице в лице“ се начин, сите заедно да им додадеме дополнителна вредност на празниците, испраќајќи топла, искрена и пријателска порака до нашите пријатели, соработници и драги луѓе - со приод што значи враќање кон добрите традиционални вредности, наместо формалните електронски честитки.
Приходот од новогодишните честитки е наша субвенција за креирање општество со еднакви можности за сите граѓани.
Цена на еден примерок е 50 денари
Честитките се на преклоп и со плик, а дополнително, постои опција и да бидат персонализирани со ваша порака.
За сите дополнителни информации и нарачка, контактирајте нè на:
ema@public.org.mk како
и на 078/337-318 ; (02) 2466-444