Одговорна иднина

Постојниот економски модел не донесе посакувани резултати, време е за радикални промени!

Капитализмот што го познаваме е мртoв, потребен е нов и поодговорен систем. Опсесијата со постигнување максимален профит за своите акционери доведе до неверојатна нееднаквост во општеството и до глобална климатска криза“ - беше порачано на годинешниот, 50. по ред Светски економски форум каде што беше промовиран и нов манифест според кој целта на компаниите не е да им служи само на акционерите, туку на сите засегнати страни: вработени, клиенти, снабдувачи, локални заедници и општеството во целина

Во контекст на  Агендата за одржлив развој 2030 година, неопходно е да го негуваме развојот на социјалните претпријатија како ефективна алатка во трансформирањето на светот и на економијата. Нив треба да ги гледаме како основа за локален развој, која ги регенерира и развива локалните области преку ...
Прочитај повеќе......

Струга го доби првиот вработен продавач

Организацијата „Порака Нова“ пет години работи со еден продавач, а од оваа година тој стана првото лице со попреченост кое е вработено во организацијaта од нејзиното основање пред 36 години. Пандемијата донесе нови предизвици, но тимскиот дух и целта за подобро општество за сите, води кон позиции кои ја активираат целата заедница, за поголем, заеднички успех

Фото: Горан Ристовски
Струшката организација „Порака Нова“, која е дел од мрежата партнерски организации што го дистрибуираат „Лице в лице“  во Струга и во Охрид го вработи Игор Шајноски, единствен продавач на уличното списание во овој дел од земјава. Со ова, Игор стана првиот вработен со попреченост во оваа ...
Прочитај повеќе......

Ото Шармер: Тоа што ни е во умот денес – е иднината утре!

ИНТЕРВЈУ СО ОТО ШАРМЕР, ПРОФЕСОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТЕХНОЛОГИЈА НА МАСАЧУСЕТС (МИТ): Поголем дел од луѓето имаат погрешна перцепција за лидерството. Многу често го поистоветуваат со хиерархија и со тие што се на врвот од хиерархиската структура. Тоа веќе не е така. Лидерството денес мора да се развива кон капацитетот да сочувствува и да ја оформува иднината што доаѓа. Сето ова не може да биде направено од само еден човек што е на врвот.

„Како да го активираме нашиот капацитет за да се потпреме на иднината што доаѓа?“ е, можеби, најважниот лидерски предизвик на нашето време. Методот наречен „Теорија У“, развиен на Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), е движење за активирањe на таквите промени во бизнисот, владата и во ...
Прочитај повеќе......

Менталното здравје ни е на почек

Попусто е грижа за околината, животните, планетата и за сѐ друго, ако недостига здравјето, ментално, на тој што треба да ја зачува оваа веќе полупропадната планета во општествено-културолошко-историска смисла

Одамна помина времето кога здравјето и болеста се подразбираа како два посебни вида реалност, т.е. здравјето како отсуство на болест и болеста како отсуство на здравје. Дуализмот изумре уште кога Декарт изусти дека имаме две битија, душа и тело, две стварности посебни една од друга, но кои си ...
Прочитај повеќе......

Како да се избегне апокалипсата за 12 години?

Нашите лидери во политиката, религијата и во заедниците треба да преземат храбри, компетентни и итни активности за да се унапредуваат вредностите на одржливоста и на етиката и да се фокусираат на општото добро

Седумнаесетте цели за одржлив развој (Агенда за одржлив развој 2030 година, усвоена од сите земји-членки на Обединетите нации, вклучувајќи ја и Македонија, во 2015 година) се повик за итно дејствување за големи промени за да се стави крај на сиромаштијата, да се намали нееднаквоста, да се подобрат ...
Прочитај повеќе......

Смртноста кај бебињата ќе се намали кога негрижата ќе се повика на одговорност

На бебињата можеме да им дадеме повеќе од еден ден, повеќе од еден месец - повеќеод само опстанок. Можеме да спасиме огромен дел од децата што умираат во првите 28 дена од животот со економични и квалитетни здравствени решенија за секоја мајка и за секое новороденче

Ед­на од нај­го­ле­ми­те од­го­вор­но­сти на се­кое оп­штес­тво е од­го­вор­но­ста спре­ма сво­и­те де­ца. Во све­тот се­га по­стои мно­гу ед­но­ста­вен на­чин на ме­ре­ње на тоа што се­ко­ја зем­ја го пра­ви за сво­и­те најм­ла­ди гра­ѓа­ни. Тоа е стап­ка­та на смрт­ност кај но­во­ро­ден­чи­ња­та -...
Прочитај повеќе......

Нов живот за напуштените објекти

Напуштените индустриски објекти се опасност за децата, за здравјето, ја уништуваат естетиката на градот и влијаат негативно врз животната средина

Ре­у­по­тре­ба­та на про­стор и на об­је­кти што се ве­ќе на­пу­ште­ни е ва­жен еле­мент ко­га се ос­мис­лу­ва стра­те­ги­ја за одрж­лив раз­вој. Освен тоа, прет­ста­ву­ва и со­од­ве­тен од­го­вор на пре­ку­мер­на­та упо­тре­ба на ре­сур­си­те во на­ше­то жи­ве­е­ње. Ур­ба­ни­те праз­ни­ни, по де­...
Прочитај повеќе......

Живот на село – чекор напред кон одржливо живеење

Пре­сел­ба­та на се­ло не е лес­на, но јас­но е што ни тре­ба: ви­зи­ја, вла­ди­на стра­те­ги­ја, ин­ве­сти­ции и за­лож­ба за раз­но­вид­ност на по­ли­тич­ки­от и на фи­нан­си­ски­от фо­кус од ур­ба­ни­от кон ру­рал­ни­от жи­вот, за­др­жу­вај­ќи ги пред­но­сти­те на два­та све­та. Тоа е ви­зи­ја што, во се­кој слу­чај, тре­ба да се ос­тва­ри, по­до­бро по­ра­но, откол­ку по­доц­на, по­ра­ди не­о­држ­ли­ва­та при­ро­да на еко­но­ми­ја­та на „го­ле­ми­от град“ и кли­мат­ски­те про­ме­ни

Скоп­је ја вшму­ку­ва жи­во­ста од це­ла­та др­жа­ва. Ги прив­ле­ку­ва лу­ѓе­то што има­ат со­ни­шта за ра­бо­та во јав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја, за за­ра­бо­тка, за го­ле­ми авто­мо­би­ли, за бег­ство од си­ро­ма­шти­ја­та. Во гра­дот се и нај­го­ле­ми­от дел од фи­нан­си­и­те, дом е на си­те вла­ди­...
Прочитај повеќе......

Еснафски одговор на консумеризмот и на нееднаквоста

Новото социјално претпријатие е интернет-платформа за промоција на ракотворби, но има и физички простор, продавница во центарот на Скопје. Тоа што го издвојува од другите креативни платформи е начинот на кој ги комбинира бизнисот и социјалната еднаквост

Уникатноста на ракотворбите, духот на традицијата, моќта на сплотените идеи и дејствувањето, меѓусебното учење, соработката и поддршката и промоцијата на зелен бизнис што не ѝ штети на природата се спецификите што ги нуди новата платформа за развој на мали занаетчиски претпријатија „Еснаф“. Станува ...
Прочитај повеќе......

Локален развој за доброто на сите

Здружено дејствување на поголема група невработени жени од Крушево иницираше Платформа за развој на туризмот, која, пак, под своја закрила води социјално претпријатие, кое нуди нови услуги на туристите во градот

Славно, револуционерно, но заборавено. Крушево. Највисокиот град во земјава, местото што се гордее со својата историја, познато по првата република на Балканот, но и како родното место на Никола Мартиноски. Градот што изгледа како да е во зимски сон, може да живее од туризам. Но нема туристичко ...
Прочитај повеќе......

Печива со вкус на социјална промена

Велат дека еден град е вистинска метропола само ако има „Бејгел“... пекарница, во која, додека уживаме во вкусот, придонесуваме средината во која живееме, а и, генерално, светот , да бидат подобро место за живеење

Да вкусите добро печиво и во исто време да вкусите квалитетна социјална промена, денес, во нашата земја, е единствено можно во новоотворената пекарница „Бејгел“ во Струмица, која функционира по модел на социјално претпријатие. Тоа значи дека главната интенција за неговото основање и егзистирање, ...
Прочитај повеќе......

Нов жи­вот за ме­бе­лот, но и за лу­ѓе­то што го ре­па­ри­ра­ат

„Ре­то на­деж“ е со­ци­јал­но прет­при­ја­тие што ра­бот­но ин­те­гри­ра за­вис­ни­ци од дро­ги, а во исто вре­ме се гри­жи за жи­вот­на­та сре­ди­на ре­па­ри­рај­ќи стар ме­бел на кој му се да­ва нов жи­вот и со тоа се из­бег­ну­ва овие пар­чи­ња да за­вр­шат на де­по­ни­ја и да за­га­ду­ва­ат ...
Прочитај повеќе......

Се ба­ра­ат одрж­ли­ви ли­де­ри!

„Ме пра­шу­ва­ат - ко­ја е де­лов­на­та ло­ги­ка зад одрж­ли­во­ста?“ Од­го­ва­рам, „зар има­ме дру­га оп­ци­ја?!“ – Кеј Вид, „Уни­ле­вер“ Не по­стои дру­га оп­ци­ја, освен одрж­лив биз­нис​. За жал, сѐ уште се од­не­су­вав­ме ка­ко да по­стои, ка­ко да има­ме ре­зерв­на пла­не­та и ар­ми­ја дру­...
Прочитај повеќе......

Во хо­стел ка­ко до­ма, со ж'та ка­ва­да­реч­ка

И до­де­ка си­те истра­жу­ва­ња ука­жу­ва­ат на фа­ктот де­ка мла­ди­те од Ма­ке­до­ни­ја са­ка­ат да ку­пат би­лет за во еден пра­вец за Евро­па и низ све­тот, или, пак, до­ма, са­ка­ат да ра­бо­тат са­мо во ад­ми­ни­стра­ци­ја, Фро­си­на, Ол­ги­ца, Пе­тар и Ми­ше има­ат еден по­и­на­ков став кон ...
Прочитај повеќе......