Радмила Живановиќ

Родителот е среќен кога неговото дете е среќно, мирен е кога неговото дете е мирно, сигурен е кога знае дека направил сè за да ја осигури безбедноста на сопственото дете. Денес, дополнително, родителот преживува кога секојдневно гледа и проверува дали и неговото семејство преживеало. Го живееме, можеби, најинтензивниот период во кој семејствата принудно битисуваат заедно, во кој имаат можност подолго и поблиску да се сретнат, да ги погледнат и да бидат со своите деца. Но,  дали тоа доволно долго и доволно блиску е нешто што ги подобрува релациите со децата, ја подобрува семејната атмосфера, ги зближува членовите, нѐ прави подобри родители? Или, пак, нѐ преплавува, не знаеме како да избегаме од ова, па често чувствуваме дека се вртиме во магичниот круг на сѐ подлабока исцрпеност, без можност да допреме до изворите што ни овозможувале да се напоиме со енергија за со поголема љубов и внимание им се вратиме на децата.

Исцрпеност на родителските капацитети

Прегореноста ги прогонува родителите, токму поради неможноста јасно да се постават граници, да се направи личен пресек на активностите, да се помести фокусот од напрегнатоста, да се направи сета можна компензациска практика што го смирува и така брзото живеење. Како смрдливиот воздух оваа есен во Скопје – залегнува, тежи и тешко се разбиструва.


Целиот текст може да го прочитате во 43. број на „Лице в лице“, посветен на тема: човекови права