Ре­у­по­тре­ба­та на про­стор и на об­је­кти што се ве­ќе на­пу­ште­ни е ва­жен еле­мент ко­га се ос­мис­лу­ва стра­те­ги­ја за одрж­лив раз­вој. Освен тоа, прет­ста­ву­ва и со­од­ве­тен од­го­вор на пре­ку­мер­на­та упо­тре­ба на ре­сур­си­те во на­ше­то жи­ве­е­ње. Ур­ба­ни­те праз­ни­ни, по де­фи­ни­ци­ја, не прет­ста­ву­ва­ат са­мо пра­зен про­стор што че­ка да се из­гра­ди, ту­ку и ре­а­ли­зи­ра­на ар­хи­те­ктон­ска стру­кту­ра, ко­ја ги из­гу­би­ла сво­е­то зна­че­ње, вред­ност и упо­тре­ба.
Че­сто се со­о­чу­ва­ме со проб­ле­мот на гра­до­ви што се ши­рат и згус­ну­ва­ат, што ре­зул­ти­ра со на­ма­лу­ва­ње на ур­ба­ни­те праз­ни­ни што се на­о­ѓа­ат во ур­ба­на­та тка­е­ни­на. Не­о­ли­бе­рал­ни­те тен­ден­ции ја ре­де­фи­ни­раа вред­но­ста на овие праз­ни­ни: од ко­ле­кти­вен про­стор со со­ци­јал­на вред­ност, до оку­пи­ра­ње со из­град­ба на пре­о­ста­на­ти­от про­стор со по­тен­ци­јал­на еко­ном­ска вред­ност.

Ре­об­но­ва на со­ци­јал­ни­от иден­ти­тет во за­ед­ни­ца­та
Сом­ни­тел­на­та тран­зи­ци­ја на си­сте­мот, отво­ре­ни­от па­зар кон стран­ска кон­ку­рен­ци­ја и не­раз­ви­е­ни­от фи­нан­си­ски се­ктор се ме­ѓу глав­ни­те фа­кто­ри што вли­ја­ат не­га­тив­но на раз­во­јот на ин­ду­стри­ја­та во зем­ја­ва, што до­ве­де до бан­крот на го­лем број фа­бри­ки низ це­ла­та те­ри­то­ри­ја. Де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја­та на ин­ду­стри­ја­та и јав­ни­те згра­ди од 1991 го­ди­на пре­диз­ви­каа фа­бри­ки­те да пре­ста­нат со ра­бо­та и оста­ви­ја зад се­бе го­ле­ма на­пу­ште­на ин­фра­стру­кту­ра во зем­ја­та. Мно­гу од овие згра­ди по­ве­ќе од 20 го­ди­ни че­ка­ат сопс­тве­ник. Дру­ги­те се пре­теж­но во сопс­тве­ност на при­ват­ни ли­ца, кои не во­дат гри­жа за овие об­је­кти. Со те­кот на вре­ме­то, об­је­кти­те се на­пу­ште­ни и се по­тен­ци­јал­на опас­ност за око­ли­на­та.
Пос­лед­ни­от одо­брен ур­ба­ни­стич­ки план за Скоп­је при­до­не­се за згус­ну­ва­ње на ур­ба­на­та ма­три­ца на гра­дот, осо­бе­но во цен­трал­ни­те де­ло­ви, ка­де што ве­ќе по­стој­но­то до­му­ва­ње се пре­тво­ри во стан­бе­ни гра­деж­ни бло­ко­ви. Мно­гу дво­кат­ни згра­ди за­зе­доа до­пол­ни­тел­ни че­ти­ри ка­та. Ова по­ка­чу­ва­ње на ви­си­на­та при­до­не­се за на­ма­лу­ва­ње на цир­ку­ла­ци­ја­та на воз­дух низ гра­дот и не по­мог­на да се на­ма­ли за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот. Скоп­је бе­ше на вр­вот на нај­за­га­де­ни­те гра­до­ви во Eвро­па. Во­де­ни од ва­ква­та со­стој­ба, но и од на­ши­те ос­нов­ни вред­но­сти, ре­шив­ме да обе­ле­жи­ме, ана­ли­зи­ра­ме и да пред­ло­жи­ме ар­хи­те­ктон­ски ре­ше­ни­ја за мно­гу од овие ур­ба­ни праз­ни­ни. Ние не се сог­ла­су­ва­ме со шпе­ку­ла­тив­на­та тен­ден­ци­ја за из­град­ба на лу­ксуз­ни гра­деж­ни про­е­кти, до­де­ка ло­кал­но­то на­се­ле­ние би мо­же­ло да има ко­рист од кул­тур­ни ме­ста ка­де што ќе се по­вр­зе и вос­по­ста­ви не­го­ви­от со­ци­ја­лен иден­ти­тет во за­ед­ни­ца­та.

Ре­де­фи­ни­ци­ја на сли­ка­та на гра­дот
На­пу­ште­ни­те ин­ду­стри­ски об­је­кти се опас­ност за де­ца­та, за здрав­је­то, ја уни­шту­ва­ат есте­ти­ка­та на гра­дот и вли­ја­ат не­га­тив­но врз жи­вот­на­та сре­ди­на. Овие об­је­кти има­ат по­тен­ци­јал за ре­ви­та­ли­за­ци­ја и за ре­а­дап­та­ци­ја, со што во нив­ни­от про­сто­рен ка­па­ци­тет би се вмет­на­ла со­од­вет­на про­гра­ма, ко­ја би овоз­мо­жи­ла функ­ци­о­нал­ност и гра­деж­но-еко­ном­ска са­мо­о­држ­ли­вост на об­је­ктот.
Би­деј­ќи нај­го­лем дел од об­је­кти­те се фа­бри­ки, од­нос­но ин­ду­стри­ски комп­ле­кси што се во др­жав­на сопс­тве­ност, са­ми­те по се­бе по­се­ду­ва­ат кул­тур­но-исто­ри­ски иден­ти­тет. На тој на­чин, би са­ка­ле да го пот­тик­не­ме во­ве­ду­ва­ње­то на ин­ду­стри­ско­то нас­ледс­тво ка­ко гран­ка на кул­тур­но­то нас­ледс­тво во др­жа­ва­та, кое сѐ уште не е во­ве­де­но ка­ко дис­цип­ли­на кај нас, а ве­ќе е до­ка­жа­на европ­ска пра­кти­ка. На­ши­от тим, пре­ку актив­но­ста нас­ло­ве­на „На­пу­ште­ни мож­но­сти“, ги де­те­кти­ра овие об­је­кти и се оби­ду­ва да да­де по­зи­ти­вен од­го­вор за нив­на­та мож­на ре­а­дап­та­ци­ја во на­со­ка за нив­на ре­у­по­тре­ба од стра­на на ло­кал­но­то на­се­ле­ние, кое има енорм­на по­тре­ба од об­је­кти од кул­ту­рен или мул­ти­функ­ци­о­на­лен ка­ра­ктер. По­зи­тив­ни­от трет­ман на на­пу­ште­ни­те об­је­кти би зна­че­л ре­де­фи­ни­ци­ја на сли­ка­та на гра­дот во ко­рист на гра­ѓа­ни­те и во­ди кон кре­а­тив­ни ре­ше­ни­ја за одре­де­ни де­ло­ви на гра­дот ка­де што се по­зи­ци­о­ни­ра­ни овие об­је­кти.

Ва­кви­те об­је­кти, кои во се­бе мо­жат да при­мат го­лем број про­гра­ми од кул­тур­но-еду­ка­ти­вен ка­ра­ктер и мул­ти­функ­ци­о­нал­ност, мо­жат да би­дат по­тен­ци­јал­на точ­ка ка­де што би гра­ви­ти­ра­ло ло­кал­но­то на­се­ле­ние. Без ин­тер­вен­ци­ја на нив­на­та над­во­реш­ност, во сво­јот про­сто­рен ка­па­ци­тет мо­жат да при­мат ди­вер­зи­тет на функ­ции, мо­же да ста­нат мул­ти­функ­ци­о­нал­ни са­ли или, пак, кул­тур­ни цен­три. Со одрж­лив кон­цепт, на­пу­ште­ни­те об­је­кти мо­же да ин­те­гри­ра­ат про­гра­ма што би би­ла по­треб­на на на­се­ле­ни­е­то. Ус­пеш­ни­от при­стап кон кон­вер­зи­ја­та на фа­бри­ки­те ги за­чу­ву­ва од бри­ше­ње од ма­три­ца­та на гра­дот, ги за­чу­ву­ва и ги наг­ла­су­ва ка­ко нас­ледс­тво, при што се соз­да­ва ар­хи­те­ктон­ски единс­твен про­стор со својс­тве­ни ква­ли­те­ти што не мо­жат да се ре­соз­да­дат во нов про­стор. Тран­сфор­ма­ци­ја­та тре­ба да прет­ста­ву­ва естет­ски сим­бол, кој ќе го прив­ле­че вни­ма­ни­е­то на око­ли­на­та. Пре­ку рас­пре­дел­ба­та на но­ва и со­од­вет­на про­гра­ма на не­и­ско­ри­сте­ни­от про­стор, тие, за­ед­но со окол­ни­те об­је­кти, тре­ба да иску­сат еко­ном­ска и со­ци­јал­на ре­ха­би­ли­та­ци­ја, ка­де што лу­ѓе­то ќе поч­нат по­втор­но да ја на­се­лу­ва­ат ло­ка­ци­ја­та.

Про­ме­ни­те се сѐ уште мож­ни
Пр­ви­от об­јект на кој поч­нав­ме да ра­бо­ти­ме бе­ше фа­бри­ка­та „Ку­пром“, во скоп­ска­та на­сел­ба Хром, со огро­мен по­тен­ци­јал и со на­пу­ште­ни 22.000 ква­драт­ни ме­три, 22 ил­ја­ди на­пу­ште­ни мож­но­сти, кои има­ат ка­па­ци­тет да би­дат точ­ка око­лу ко­ја би гра­ви­ти­ра­ле по­ве­ќе скоп­ски на­сел­би. Фа­бри­ка­та е ин­ду­стри­ски комп­лекс на­ме­нет за обра­бо­тка на хро­мо­ва ру­да, из­гра­де­на уште во 40-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Комп­ле­ксот со де­це­нии е дви­га­тел на раз­вој во сво­јот ре­ги­он што ре­зул­ти­ра со соз­да­ва­ње не­кол­ку на­сел­би ка­ко Хром и Влае. Де­нес на­пу­ште­на­та фа­бри­ка е уште еден при­мер од ин­ду­стри­ско нас­ледс­тво во Скоп­је. Иде­ја­та ни бе­ше да не се доз­во­ли да се ури­ва овој ин­ду­стри­ски комп­лекс, ту­ку не­го­ва­та про­стор­ност, спе­ци­фич­на ар­хи­те­ктон­ска стру­кту­ра и ар­хи­те­ктон­ски израз да се иско­ри­стат во пол­за на гра­ѓа­ни­те.

Во мо­мен­тов се ра­бо­ти и на слу­ча­јот со са­ла­та „Пар­ти­зан“ во оп­шти­на Кар­пош, ко­ја бе­ше истак­нат спорт­ски цен­тар. Го по­се­ту­ваа не­кои од нај­до­бри­те на­ци­о­нал­ни спор­ти­сти, а, за жал, пре­ста­на да би­де во сопс­тве­ност на др­жа­ва­та и е оста­вен и на­пу­штен по­ве­ќе од две де­це­нии. По­ну­див­ме пред­лог-про­е­кти за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на згра­да­та, кои ги пре­зен­ти­рав­ме и пред оп­штин­ска­та власт и пред гра­дот Скоп­је, за­ед­но со сопс­тве­ни­кот на згра­да­та. Овие на­по­ри по­мог­наа да се из­вр­ши при­ти­сок во пре­го­во­ри­те за сопс­тве­ност и, што е нај­важ­но, да по­ну­дат ре­ше­ни­ја за проб­ле­ми­те што до­а­ѓа­ат со ур­ба­ни­стич­ки­те праз­ни­ни.
Со со­ра­бо­тка со сту­ден­ти, ор­га­ни­за­ции за ло­кал­на ак­ци­ја, умет­ни­ци и со­се­ди - се на­де­ва­ме де­ка ќе до­стиг­не­ме ши­ро­ка и инк­лу­зив­на пуб­ли­ка, по­себ­но за­тоа што актив­но­сти­те се на­со­че­ни кон мла­ди гра­ѓа­ни, сту­ден­ти на уни­вер­зи­те­ти и кон се­ко­ја лич­ност што са­ка да учи или да ја по­до­бри око­ли­на­та.
Ин­тер­вен­ци­ја­та врз на­пу­ште­ни­те об­је­кти прет­ста­ву­ва ан­ти­те­за на ури­ва­ње­то и ис­пра­ќа оп­ти­ми­стич­ка по­ра­ка де­ка про­ме­ни­те се сѐ уште мож­ни.

(Авто­ри­те се чле­но­ви на Ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние на гра­ѓа­ни, „Кул­тур­но ехо“)

*Автори на предлог решение: Матеус и Томас Ромеро

Текстот е објавен во 37.број на „Лице в лице“.