Магазин, Одговорна иднина

Oдржлива иднина е можнa само со одговорен бизнис

Пан­де­ми­ја­та ја на­те­ра свет­ска­та јав­ност на по­ши­ро­ка ди­ску­си­ја за ас­пе­кти­те на кор­по­ра­тив­на­та оп­штес­тве­на од­го­вор­ност: от­пор­но­ста на биз­ни­сот на шо­ко­ви од овој обем, со­ци­јал­на­та си­гур­ност, ра­бот­нич­ки­те пра­ва, со­ци­јал­на­та ед­на­квост, еко­ло­шки­те тро­шо­ци соз­да­де­ни од прет­при­ја­ти­ја­та ја за­се­га­ат це­ла­та пла­не­та. „До­бри­те“ и „ло­ши­те“ пос­ле­ди­ци од биз­нис-актив­но­сти­те сре­де пан­де­ми­ја­та се­га се реф­ле­кти­ра­ат на раз­лич­ни на­чи­ни: про­да­ва­чи­те во су­пер­мар­ке­ти­те ста­наа но­ви­те хе­рои, до­де­ка за­сег­на­ти­те од ин­ду­стри­ско­то за­га­ду­ва­ње „не са­кај­ќи“ го по­до­бри­ја сво­е­то здрав­је за­тоа што мно­гу ин­ду­стри­ски ка­па­ци­те­ти беа за­тво­ре­ни. Еден од клуч­ни­те пре­диз­ви­ци на одрж­ли­ви­от раз­вој што се нај­де под реф­ле­кто­ри сре­де пан­де­ми­ја­та е пра­ша­ње­то на не­ед­на­кво­ста. Ако кли­мат­ски­те про­ме­ни до­се­га имаа нај­ди­рект­но вли­ја­ние на ма­ли­те зем­јо­дел­ци, чи­и­што при­но­си беа де­се­тку­ва­ни по­ра­ди су­ши­те или поп­ла­ви­те, ко­вид–19 е пр­ва­та од „при­род­ни­те“ ка­та­стро­фи што вли­јае ап­со­лут­но врз се­кој од нас, без ог­лед на на­ша­та бла­го­со­стој­ба. Кри­за­та по­ка­жа де­ка е очај­но по­треб­на стру­ктур­на транс­фор­ма­ци­ја на еко­ном­ски­от и оп­штес­твен гло­ба­лен си­стем кон по­го­ле­ма одрж­ли­вост и от­пор­ност и прис­по­соб­ли­вост.
И во зем­ја­ва сле­ди­ме при­ме­ри за ком­па­нии што на раз­лич­ни на­чи­ни се гри­жат за за­ед­ни­ца­та во ко­ја ра­бо­тат и оп­сто­ју­ва­ат – за сво­и­те вра­бо­те­ни, за жи­вот­на­та сре­ди­на и за мно­гу дру­ги ас­пе­кти по­вр­за­ни со еко­но­ми­ја­та и оп­штес­тво­то. До­ни­ра­ат опре­ма на бол­ни­ци, ин­вен­тар на учи­ли­шта, сти­пен­ди­ра­ат мла­ди та­лен­ти­ра­ни, по­ма­га­ат во гра­де­ње ин­фра­стру­ктур­ни об­је­кти, об­но­ву­ва­ат или гра­дат но­ви ду­хов­ни хра­мо­ви, спон­зо­ри­ра­ат спорт­ски на­ста­ни и клу­бо­ви итн. И нај­че­сто по­ра­ди овие актив­но­сти се ве­ли де­ка де­лов­ни­те суб­је­кти што ги пра­кти­ку­ва­ат се оп­штес­тве­но од­го­вор­ни.

Кри­тич­на точ­ка за дол­го­ро­чен оп­ста­нок на ком­па­ни­и­те

Но, кор­по­ра­тив­на­та оп­штес­тве­на од­го­вор­ност (КОО во на­та­мош­ни­от текст) ве­ќе одам­на со сво­ја­та су­шти­на и зна­че­ње из­ле­зе од рам­ки­те на кла­сич­на­та фи­лан­тро­пи­ја (до­ни­ра­ње­то), фор­ма­та пре­ку ко­ја, всуш­ност, бе­ше пре­поз­на­ва­на и фор­мал­но ве­ри­фи­ку­ва­на во сво­и­те по­че­то­ци. Де­нес, КОО е мно­гу по­комп­лекс­на ка­те­го­ри­ја.
Ди­ску­си­и­те за тоа што зна­чи КОО за прет­при­ја­ти­ја­та се пре­фр­ла­ат од зо­на­та на ре­пу­та­ци­ски­от ме­наџ­мент кон по­го­ле­мо, фун­да­мен­тал­но зна­че­ње за биз­нис-мо­де­лот, ду­ри ег­зи­стен­ци­јал­но. Мнош­тво  на­уч­ни сту­дии по­ка­жаа де­ка еко­си­сте­мот на сер­ви­си што ги под­др­жу­ва си­те еко­ном­ски актив­но­сти се­га ја до­стиг­ну­ва кри­тич­на­та точ­ка и на­ско­ро не­ма да би­де во мож­ност да го из­др­жи де­неш­ни­от, страш­но ди­на­ми­чен на­чин на функ­ци­о­ни­ра­ње на прет­при­ја­ти­ја­та.  За­тоа, КОО не е са­мо оп­ци­ја, ту­ку и кри­тич­на точ­ка за дол­го­роч­ни­от оп­ста­нок на при­ват­ни­от се­ктор.

Ако ком­па­ни­ја­та до­ни­ра, не зна­чи де­ка е оп­штес­тве­но од­го­вор­на

Гра­ѓан­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ко­нект“ по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја е по­све­те­на на зго­ле­му­ва­ње на свес­но­ста за КОО и за по­ма­га­ње на прет­при­ја­ти­ја­та да спро­ве­дат оп­штес­тве­но од­го­вор­ни стра­те­гии и пра­кти­ка во сво­и­те биз­нис-мо­де­ли. Ди­ре­ктор­ка­та на „Ко­нект“, Ни­ки­ца Ку­си­ни­ко­ва, ве­ли де­ка во на­ци­о­нал­на­та еко­но­ми­ја ве­ќе е офор­ме­но и ед­но ја­дро на ком­па­нии што има­ат из­гра­де­но свес­ност за од­го­вор­но­ста кон одрж­ли­ви­от раз­вој и ја ин­те­гри­ра­ат КОО во сво­и­те стра­те­гии.
– Дра­го ни е што гле­да­ме зго­ле­мен ин­те­рес и вклу­чу­ва­ње на ком­па­ни­и­те во на­ши ини­ци­ја­ти­ви на те­ми за кои до пред не­кол­ку го­ди­ни во­оп­што не се збо­ру­ва­ше, ка­ко на при­мер биз­ни­сот и чо­ве­ко­ви­те пра­ва, уло­га­та на ком­па­ни­и­те во спре­чу­ва­ње­то на ко­руп­ци­ја­та и сл. Се­пак, ако ја пог­лед­не­ме вкуп­на­та кор­по­ра­тив­на кул­ту­ра и еко­но­ми­ја, има про­стор за зна­чи­тел­но по­до­бру­ва­ње за да по­стиг­не­ме по­го­ле­ма кри­тич­на ма­са на од­го­во­рен биз­нис, ко­ја ќе прид­ви­жи су­штин­ски одрж­лив раз­вој – ве­ли Ку­си­ни­ко­ва.
Таа об­јас­ну­ва  кои се нај­го­ле­ми­те ми­то­ви или заб­лу­ди што тие ка­ко ор­га­ни­за­ци­ја се оби­ду­ва­ат да ги раз­би­јат и да им ги пре­до­чат на ком­па­ни­и­те и на јав­но­ста:

По­и­сто­ве­ту­ва­ње на до­на­ции и на фи­лан­тро­пи­ја со оп­штес­тве­на од­го­вор­ност

Фи­лан­тро­пи­ја­та е са­мо еден сег­мент од оп­штес­тве­на­та од­го­вор­ност. Мно­гу по­важ­но пра­ша­ње со кое се за­ни­ма­ва КОО е на кој на­чин ком­па­ни­ја­та го ге­не­ри­ра про­фи­тот. Да­ли го пра­ви тоа на сме­тка на за­га­ду­ва­ње, пре­ку ла­жен мар­ке­тинг, пре­ку зло­у­по­тре­ба на вра­бо­те­ни­те, пре­ку по­ткуп на тен­дер или, пак, во се­ко­ја сво­ја биз­нис-од­лу­ка се стре­ми да го на­ма­ли на ми­ни­мум не­га­тив­но­то вли­ја­ние врз оп­штес­тво­то и жи­вот­на­та сре­ди­на, а да го зго­ле­ми по­зи­тив­ни­от ефект врз одрж­ли­ви­от раз­вој? Тоа е пра­ша­ње­то во­дил­ка на ком­па­ни­и­те по­све­те­ни на КОО.

Оп­штес­тве­но од­го­вор­на ком­па­ни­ја, не зна­чи ком­па­ни­ја со­вр­ше­на во си­те ас­пе­кти на ра­бо­те­ње­то

Слу­ша­ме за одре­де­ни ком­па­нии де­ка се дек­ла­ри­ра­ат ка­ко оп­штес­тве­но од­го­вор­ни, а, од дру­га стра­на, не ги тре­ти­ра­ле нај­до­бро вра­бо­те­ни­те или го за­га­ду­ва­ле воз­ду­хот и слич­но. КОО е про­цес на осоз­на­ва­ње, со­зре­ва­ње и кон­ти­ну­и­ра­но по­до­бру­ва­ње на пла­ни­ра­ње­то и на во­де­ње­то биз­нис во на­со­ка на од­го­вор­ност и одрж­лив раз­вој. Во си­те ком­па­нии и ор­га­ни­за­ции се слу­чу­ва­ат про­пу­сти и не­га­тив­ни вли­ја­ни­ја. Ком­па­ни­ја­та ја по­ка­жу­ва сво­ја­та ви­стин­ска оп­штес­тве­на од­го­вор­ност ко­га ќе вос­по­ста­ви ме­ха­низ­ми што ќе ги иден­ти­фи­ку­ва­ат ма­ни­те, а ко­га ќе се слу­чи не­га­тив­но вли­ја­ние, ком­па­ни­ја­та ќе ре­а­ги­ра, ко­ри­ги­ра и ќе се по­гри­жи да не се по­вто­ри таа не­га­тив­на пра­кти­ка.

Транс­па­рент­ност и от­чет ка­ко клуч

Транс­па­рент­но­ста и от­че­тот се клуч­ни за до­бро­то кор­по­ра­тив­но упра­ву­ва­ње и за КОО. За жал, кај нас ком­па­ни­и­те мно­гу се пла­шат да проз­бо­ру­ва­ат во јав­ност за сво­и­те пре­диз­ви­ци од ас­пект на оп­штес­тве­на од­го­вор­ност и са­ка­ат да се при­ка­жат са­мо во нај­до­бра свет­ли­на. Кор­по­ра­тив­ни­те ко­му­ни­ка­ции од ас­пект на КОО не по­драз­би­ра­ат са­мо од­но­си со јав­но­ста за тоа ка­ква до­бри­на на­пра­ви­ла ком­па­ни­ја­та, ту­ку и што пла­ни­ра­ла, а не ус­пе­а­ла да на­пра­ви, и со ка­кви пре­диз­ви­ци се со­о­чи­ла. Во сво­и­те де­лов­ни из­ве­штаи или из­ве­шта­и­те за КОО и одрж­ли­вост, ком­па­ни­ја­та за­дол­жи­тел­но тре­ба да вклу­чи це­ли што са­ка да по­стиг­не во си­те сег­мен­ти на КОО на кра­ток, сре­ден и на долг рок, и по­тоа тоа да го сле­ди и отво­ре­но да го спо­де­ли со јав­но­ста и со за­сег­на­ти­те стра­ни. Ни­ед­на ком­па­ни­ја не­ма не­о­гра­ни­че­ни ре­сур­си за одед­наш да на­пра­ви чу­да. Важ­но е да ко­му­ни­ци­ра ка­де са­ка да стиг­не и да по­ка­же ви­стин­ска по­све­те­ност де­ка се­ко­ја го­ди­на оди че­кор по­на­пред. Та­ка ќе ја за­си­ли и до­вер­ба­та во јав­но­ста.   

Три по­драч­ја, во кое сме ние?

Уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор од Еко­ном­ски­от фа­кул­тет – Скоп­је, Сто­јан Де­бар­ли­ев, по­со­чу­ва де­ка во до­маш­ни­от кон­текст на оп­штес­тве­на од­го­вор­ност сѐ уште не се за­бе­леж­ли­ви ком­па­нии што го про­ме­ни­ле сво­јот биз­нис-мо­дел за во нив­ни­те ми­сии и биз­нис-стра­те­гии да при­ста­пат це­лос­но ин­те­гри­ра­но и ин­кор­по­ри­ра­но кон адре­си­ра­ње на нај­кон­крет­ни­те оп­штес­тве­ни или еко­ло­шки пре­диз­ви­ци.

Тој спо­де­лу­ва де­ка актив­но­сти­те на КОО се по­де­ле­ни во три по­драч­ја: фо­ку­си­ра­ње на фи­лан­тро­пи­ја, по­до­бру­ва­ње на опе­ра­тив­на­та ефи­кас­ност и транс­фор­ма­ци­ја на биз­нис-мо­де­лот. По­јас­ну­ва де­ка во пр­во­то по­драч­је, фи­лан­троп­ски­те актив­но­сти вклу­чу­ва­ат до­на­ции на па­ри или опре­ма за раз­лич­ни ен­ти­те­ти, вклу­чу­ва­ње во ло­кал­ни ини­ци­ја­ти­ви на за­ед­ни­ца­та и под­др­шка пре­ку во­лон­тер­ска ра­бо­та на вра­бо­те­ни. Во вто­ро­то, актив­но­сти­те се спро­ве­ду­ва­ат во рам­ки­те на по­стој­ни­те биз­нис-мо­де­ли за да обез­бе­дат оп­штес­тве­ни или еко­ло­шки при­до­би­вки та­ка што ги под­др­жу­ва­ат опе­ра­тив­ни­те про­це­си низ син­џи­рот на вред­но­ста, че­сто по­до­бру­вај­ќи ја ефи­кас­но­ста и ефе­ктив­но­ста, ка­ко, на при­мер, ини­ци­ја­ти­ви за одрж­ли­вост што ги на­ма­лу­ва­ат упо­тре­ба­та на ре­сур­си­те и от­па­дот, ин­ве­сти­ции во чо­веч­ки ре­сур­си за по­до­бру­ва­ње на ра­бот­ни­те ус­ло­ви, здрав­стве­на за­шти­та, еду­ка­ци­ја, кои тре­ба да го зго­ле­мат за­до­волс­тво­то од ра­бо­та­та и про­ду­ктив­но­ста во ра­бо­те­ње­то. Де­бар­ли­ев по­јас­ну­ва де­ка ду­ри кај тре­то­то по­драч­је, ком­па­ни­и­те соз­да­ва­ат но­ви фор­ми на де­лов­но ра­бо­те­ње на­ме­не­ти за ре­ша­ва­ње на оп­штес­тве­ни­те или еко­ло­шки­ пре­диз­ви­ци.
– Пре­хран­бе­ни ком­па­нии ка­ко „Нест­ле“, „Уни­ле­вер“ и „Да­нон“ се ре­по­зи­ци­о­ни­раа ка­ко ком­па­нии за ну­три­ци­о­ни­зам и здра­ва хра­на. Та­ка, „Да­нон“ ги про­да­де биз­нис-еди­ни­ци­те за пи­во, ме­со и за си­ре­ње фо­ку­си­рај­ќи се на здра­ви млеч­ни про­из­во­ди и во­да, ка­ко и за хра­на за бе­би­ња и ме­ди­цин­ска ну­три­тив­на ис­хра­на – об­јас­ну­ва Де­бар­ли­ев, чи­е­што по­тес­но по­ле на екс­пер­ти­за и на ин­те­рес е до­бро­то кор­по­ра­тив­но упра­ву­ва­ње и во тие рам­ки и КОО.
Ка­ко оваа „школ­ска“ по­дел­ба на сфе­ри­те на КОО се реф­ле­кти­ра­ во ма­ке­дон­ска­та кор­по­ра­тив­на ре­ал­ност? Ако се разг­ле­да­ат кор­по­ра­тив­ни­те веб-стра­ни­ци, на при­мер на бан­ки­те и на те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски­те опе­ра­то­ри, мо­жат да се за­бе­ле­жат мно­гу­број­ни актив­но­сти на оп­штес­тве­на од­го­вор­ност, но, глав­но, фо­ку­си­ра­ни кон фи­лан­троп­ски актив­но­сти. Иа­ко овие актив­но­сти се пре­зе­ма­ат со до­бри на­ме­ри, ка­ко што ве­ли Де­бар­ли­ев, се­пак тие се од­не­су­ва­ат на пр­во­то по­драч­је, со нај­ни­зок им­пакт и до­стрел на вли­ја­ние на ос­тва­ре­ни­те бе­не­фи­ти за оп­штес­тве­но­то и за при­род­но­то оп­кру­жу­ва­ње.
– За­бе­ле­жу­ва­ме и по­зи­тив­на оп­штес­тве­но од­го­вор­на пра­кти­ка, ко­ја по­крај ова по­драч­је, го оп­фа­ќа и тоа за уна­пре­ду­ва­ње на опе­ра­тив­на­та ефи­кас­ност, во кое гле­да­ме ком­па­нии што има­ат по­зи­тив­на пра­кти­ка во об­ла­сти­те од­нос кон вра­бо­те­ни­те, етич­ко упра­ву­ва­ње, од­но­си на па­за­рот (кон снаб­ду­ва­чи­те, ку­пу­ва­чи­те , по­тро­шу­ва­чи­те и кон­ку­рен­ти­те), од­нос кон жи­вот­на­та сре­ди­на, вло­жу­ва­ње во за­ед­ни­ца­та (обра­зо­ва­ние, здрав­ство, кул­ту­ра). Се­пак, иа­ко ста­ну­ва збор за иск­лу­чи­тел­на пра­кти­ка, таа се ре­а­ли­зи­ра од ли­дер­ски и пи­о­нер­ски ком­па­нии во овие по­драч­ја, кои прет­ста­ву­ва­ат мал про­цент од вкуп­ни­от број ком­па­нии, но кои мо­жат да слу­жат ка­ко од­лич­ни при­ме­ри по­ста­ву­вај­ќи по­зи­тив­на пра­кти­ка и стан­дар­ди за ре­а­ли­за­ци­ја на оп­штес­тве­но од­го­вор­ни актив­но­сти од кои дру­ги­те ком­па­нии, кои дејс­тву­ва­ат во слич­ни деј­но­сти, мо­жат да учат – сме­та про­фе­со­рот Де­бар­ли­ев.

Отсус­тво­то  на прин­ци­пи­те на КОО во ком­па­ни­ска­та ДНК но­си го­ле­ми ри­зи­ци

Ку­си­ни­ко­ва по­со­чу­ва де­ка во де­неш­на­та гло­бал­на еко­но­ми­ја сѐ по­ве­ќе се зго­ле­му­ва при­ти­со­кот и оче­ку­ва­ња­та од ком­па­ни­и­те да ги ме­на­џи­ра­ат сво­и­те вли­ја­ни­ја врз жи­вот­на­та сре­ди­на и оп­штес­тво­то.
– Во Евро­па ве­ќе по­стои за­кон­ска об­вр­ска за не­фи­нан­си­ско из­ве­сту­ва­ње за го­ле­ми­те ком­па­нии. Ин­ве­сти­то­ри­те, пак, ја зе­ма­ат пред­вид КОО при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки за тоа во кои ком­па­нии ќе ин­ве­сти­ра­ат, ком­па­ни­и­те се со­о­чу­ва­ат со туж­би и со гу­бе­ње биз­нис по­ра­ди не­од­го­вор­но од­не­су­ва­ње, кр­ше­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и ко­руп­тив­но дејс­тву­ва­ње. Тие оче­ку­ва­ња се пре­не­су­ва­ат и на ма­ке­дон­ски­те ком­па­нии пре­ку нив­ни­те стран­ски де­лов­ни парт­не­ри, ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски па­за­ри, фи­нан­си­ски­те ин­сти­ту­ции ка­ко Свет­ска бан­ка, ЕБОР итн. Ако са­ка­ме ка­ко оп­штес­тво да има­ме одрж­ли­ва ид­ни­на, не­оп­ход­но е да ги пот­тик­не­ме и ком­па­ни­и­те да се вклу­чат и да го гра­дат биз­ни­сот на прин­ци­пи­те на КОО – ве­ли Ку­си­ни­ко­ва.

Спо­де­лу­ва де­ка, за да ста­не­те снаб­ду­вач на не­ко­ја го­ле­ма европ­ска ком­па­ни­ја, мо­ра за­дол­жи­тел­но да по­ка­же­те што пра­ви­те од ас­пект на оп­штес­тве­на­та од­го­вор­ност.
– Ми­на­та­та го­ди­на и во јав­но­ста бе­ше спо­де­ле­но де­ка на ед­на тек­стил­на ком­па­ни­ја од Ве­лес ѝ бе­ше рас­ки­нат до­го­во­рот од стра­на на гер­ман­ски­от парт­нер по­ра­ди не­по­чи­ту­ва­ње­то на чо­ве­ко­ви­те пра­ва на ра­бот­ни­ци­те. Ком­па­ни­и­те што не ги вгра­ду­ва­ат прин­ци­пи­те на КОО во сво­е­то ра­бо­те­ње ри­зи­ку­ва­ат да из­гу­бат биз­нис (без во­оп­што да ги спо­ме­ну­ва­ме и мож­ни­те санк­ции). За­тоа, иа­ко на кра­ток рок на ком­па­ни­и­те им се чи­ни ка­ко до­пол­ни­те­лен тро­шок, на сре­ден и долг рок, са­мо од­го­вор­ни­от биз­нис е ус­пе­шен и одрж­лив биз­нис – истак­ну­ва Ку­си­ни­ко­ва.

Прет­при­ја­ти­ја ка­ко клуч­ни игра­чи што ги ме­ну­ва­ат пра­ви­ла­та за си­те нас

Илустрација: Зоран Инадески

Гејмчејнџерс“ e пла­тфор­ма во ко­ја чле­ну­ва­ат по­ве­ќе од 250 ком­па­нии од це­ли­от свет, кои се дек­ла­ри­ра­ат ка­ко пред­вод­ни­ци на но­ва­та ера во биз­ни­сот, ка­де што про­фи­тот ка­ко единс­тве­на цел се на­пу­шта ка­ко за­ста­рен кон­цепт и поч­ну­ва да ва­жи но­ва­та па­ра­диг­ма –биз­нис на­со­чен кон цел­та за пра­ве­ње оп­што до­бро. Ме­ѓу ком­па­ни­и­те се мно­гу поз­на­ти гло­бал­ни кор­по­ра­ции ка­ко „Фејс­бук“, „Гугл“, „Тес­ла“,  „Уни­ле­вер“, но и по­мал­ку поз­на­ти ими­ња од нај­раз­лич­ни биз­нис-се­кто­ри.
На веб-сај­тот на пла­тфор­ма­та се оп­фа­те­ни про­фи­ли на си­те член­ки, ка­ко и нив­на­та оп­штес­тве­но од­го­вор­на пра­кти­ка што е со­ста­вен дел од се­оп­фат­ни­те стра­те­гии за одрж­лив раз­вој на овие ком­па­нии. Изд­во­ју­ва­ме са­мо не­кол­ку ин­те­рес­ни при­ме­ри на оп­штес­тве­но од­го­вор­на пра­кти­ка од член­ки­те на „Гејм­чејн­џерс“.

Хо­тел­ски­от син­џир што го из­мис­ли „ре­цик­ли­ра­ње­то“ на пе­шки­ри­те

Илустрација: Зоран Инадески

„Скан­дик“ е нај­го­ле­ми­от хо­тел­ски синџир во скан­ди­нав­ски­те зем­ји, кој ста­на свет­ски поз­нат по рев­нос­но­то спро­ве­ду­ва­ње на стра­те­ги­ја­та за одрж­лив раз­вој. Уште пред ре­чи­си три де­це­нии, ре­ши­ле да би­дат ли­дер во одрж­ли­ви­от раз­вој во гло­бал­на­та хо­тел­ска ин­ду­стри­ја. Ток­му еден од вра­бо­те­ни­те на „Скан­дик“ до­шол до иде­ја­та на хо­тел­ски­те го­сти да им се пред­ло­жи да ги за­ка­чат сво­и­те пе­шки­ри до­кол­ку са­ка­ат по­втор­но да ги упо­тре­бат, а во спро­тив­но, да ги оста­ват на по­дот, со цел да се за­ште­ди во­да, да се упо­тре­бу­ва по­мал­ку пра­шок за пер­е­ње и сл. По­тоа оваа пра­кти­ка ста­на во­о­би­ча­е­на во хо­те­ли­те низ цел свет. Во 1996 го­ди­на „Скан­дик“ поч­нал да из­ве­сту­ва за вли­ја­ни­е­то на биз­ни­сот врз жи­вот­на­та сре­ди­на. Ја исфр­ла од упо­тре­ба пла­стич­на­та ам­ба­ла­жа за ед­но­крат­на упо­тре­ба, а ком­па­ни­ја­та е по­све­те­на да ги на­пра­ви хо­тел­ски­те об­је­кти при­стап­ни за си­те. Нив­на­та де­неш­на ви­зи­ја е „Скан­дик“ да би­де нај­о­држ­ли­во­то ме­сто на пла­не­та­ва ка­де што мо­же да се срет­не­те со дру­ги, да ја­де­те и да спи­е­те над­вор од до­ма.

Ре­ду­ци­рај ги за­гу­би­те на во­да и ќе има за си­те

Илустрација: Зоран Инадески

„Ми­ја“ е ме­ѓу­на­род­на ком­па­ни­ја спе­ци­ја­ли­зи­ра­на за тех­но­ло­шки ре­ше­ни­ја за ме­на­џи­ра­ње вод­ни ре­сур­си. Ве­ру­ва­ де­ка во све­тот има до­вол­но во­да за си­те и де­ка чо­веш­тво­то тре­ба да ја по­до­бри ефи­кас­но­ста во ме­на­џи­ра­ње­то на вод­ни­те си­сте­ми во го­ле­ми­те ур­ба­ни сре­ди­ни. Ус­пе­а­ла да нај­де на­чин ка­ко да се из­ва­ди ма­кси­мум од се­кој ли­тар во­да, се спе­ци­ја­ли­зи­ра­ла за на­ма­лу­ва­ње на за­гу­би­те на во­да. Тех­но­ло­ги­ја­та за по­до­бру­ва­ње на во­до­вод­ни­те си­сте­ми  и на­ма­лу­ва­ње на за­гу­би­те на во­да ве­ќе по­стои во све­тот, са­мо е по­треб­на екс­пер­ти­за за да се из­ве­дат стра­те­ги­ски, еко­но­мич­ни про­е­кти и се по­треб­ни и фле­кси­бил­ни фи­нан­си­ски мо­де­ли за да стар­ту­ва­ат.

Ка­ко да го на­пра­виш оси­гу­ру­ва­ње­то до­стап­но за не­кој што жи­вее со 250 денари днев­но?
„Ми­кро­ен­шур“ си по­ста­ви ам­би­ци­оз­на цел да ги убе­ди нај­си­ро­маш­ни­те гра­ѓа­ни на пла­не­та­ва де­ка мо­же да си доз­во­лат, но и да си ку­пат оси­гу­ру­ва­ње. Со план до 2020 го­ди­на да овоз­мо­жи при­стап на по­ве­ќе од 30 ми­ли­о­ни се­мејс­тва со ни­зок при­ход во Афри­ка и во Ази­ја до оси­гу­ри­тел­ни про­ду­кти, дој­де до ре­зул­тат: на­ма­лен број се­мејс­тва што то­нат во без­из­лез­на си­ро­ма­шти­ја ка­ко пос­ле­ди­ца на не­на­деј­ни не­среќ­ни на­ста­ни.
„Ми­кро­ен­шур“ им исп­ла­ќа­ оси­гу­ри­тел­ни ште­ти на сво­и­те кли­ен­ти од си­ро­маш­но­то на­се­ле­ние за најм­но­гу 72 ча­са, што е по­бр­зо од про­сеч­но­то вре­ме на исп­ла­та во раз­ви­е­ни­от свет. Им по­ма­га на лу­ѓе­то да при­ја­ват ште­та  ја­ву­вај­ќи им се на тие што по­ка­жу­ва­ат го­лем пад во ме­сеч­но­то ко­ри­сте­ње на мо­бил­ни­от те­ле­фон, што го упо­тре­бу­ва­ат ка­ко клу­чен ин­ди­ка­тор, кој че­сто е знак за бо­лест, или смрт. Овие по­ви­ку­вач­ки цен­три им по­ма­га­ат на лу­ѓе­то да при­ја­ват ште­та, што, ина­ку, не би би­ло сто­ре­но.

24/7 пси­хо­ло­шка под­др­шка за вра­бо­те­ни­те и за чле­но­ви на нив­ни­те се­мејс­тва

„Ри­ко­ло­џи“ е компанија спе­ци­ја­ли­зи­ра­на во на­о­ѓа­ње но­ви на­чи­ни за про­це­си­ра­ње и по­втор­на упо­тре­ба на тоа што не­ко­гаш се сме­та­ло за от­пад. Нејзината ми­си­ја зна­чи фун­да­мен­тал­но скрш­ну­ва­ње од тра­ди­ци­о­нал­ни­от на­чин на упра­ву­ва­ње на от­па­дот – над­вор од де­по­ни­и­те. Ком­па­ни­ја­та се тру­ди да изд­вои од от­па­дот кол­ку што е мож­но по­ве­ќе ма­те­ри­ја­ли за ре­цик­ли­ра­ње, кои по­тоа ќе мо­же да се иско­ри­стат за соз­да­ва­ње но­ви про­из­во­ди. Нејзина зна­чај­на цел е транс­фор­ми­ра­ње на ор­ган­ски­от от­пад во ко­рис­ни до­да­то­ци за поч­ва­та, бо­га­ти со хран­ли­ви ма­те­рии или, пак, во енер­ги­ја. Осо­бе­но ва­жен дел е и вос­по­ста­ву­ва­ње­то  24-ча­сов­на про­гра­ма за пси­хо­ло­шка под­др­шка на сво­и­те вра­бо­те­ни и на чле­но­ви на нив­ни­те се­мејс­тва, се­дум де­на во не­де­ла­та. Тие, до­кол­ку има­ат не­ка­ков проб­лем, мо­же да се ја­ват на пси­хо­ло­зи со ли­цен­ца, кои ќе им по­мог­нат со сос­лу­шу­ва­ње, со­вет, но и со криз­но ин­тер­ве­ни­ра­ње до­кол­ку има по­тре­ба. 

Бан­ка­ри со по­и­на­кво сфа­ќа­ње на бла­го­со­стој­ба­та

Илустрација: Зоран Инадески

„Вен­си­ти“ e фи­нан­си­ска кооператива, ко­ја има ви­зи­ја за по­и­на­кво раз­мис­лу­ва­ње око­лу бо­гат­ство­то ре­де­фи­ни­рај­ќи го прос­пе­ри­те­тот ка­ко не­што што мо­же­ме да го по­стиг­не­ме са­мо ако сме оп­кру­же­ни и по­вр­за­ни во жи­ва, здра­ва за­ед­ни­ца, ко­ја е одрж­ли­ва на долг рок. Ви­зи­ја­та на „Вен­си­ти“ е да се за­до­во­лат дол­го­роч­ни­те по­тре­би на неј­зи­ни­те чле­но­ви – со­друж­ни­ци и нив­ни­те за­ед­ни­ци. Ус­пе­хот го ме­ри спо­ред тоа кол­ку при­до­не­су­ва­ за бла­го­со­стој­ба­та на сво­и­те чле­но­ви и на нивната за­ед­ни­ца – не са­мо фи­нан­си­ска­та бла­го­со­стој­ба, ту­ку и со­ци­јал­на­та и еко­ло­шка бла­го­со­стој­ба. Пот­пис­ни­к е на Принципите за од­го­вор­но ин­ве­сти­ра­ње на ООН. Нејзиното те­мел­но истра­жу­ва­ње на ком­па­ни­и­те во кои вло­жу­ва вклу­чу­ва про­це­на на тоа ка­ков им­пакт има се­ко­ја од нив врз жи­вот­на­та сре­ди­на, за­ед­ни­ца­та, ка­ко и врз сопс­тве­ни­те  вра­бо­те­ни.

Из­вор: gamechangers.co

Напишете коментар