Охрид домаќин на 11. Конгрес за ретки болести 2026: Над 300 учесници и светски експерти во фокус на персонализираната медицина
Македонското здружение за ретки болести го најавува претстојниот 11-ти Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај 2026 година во Охрид.
Под мотото „Кон персонализирана медицина“, конгресот претставува еден од најзначајните научни собири во регионот. Организациониот одбор на Македонското здружение за ретки болести најави дека се пријавени над 300 учесници, што го потврдува огромниот интерес и релевантноста на темите кои ќе бидат опфатени.
– Горди сме што успеавме во Охрид да обединиме научна елита од целиот свет. Присуството на реномирани странски предавачи и големиот број на пријавени учесници се доказ дека заеднички го трасираме патот кон подобра иднина и персонализиран третман за пациентите со ретки дијагнози – велат од организацијата.
Од таму додаваат дека настанот е значаен и поради учеството на еминентни странски експерти, кои заедно со домашните специјалисти ќе ги споделат најновите сознанија, истражувања и современи пристапи во дијагностиката и третманот на ретките болести.
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји
- Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен
- „Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот