Доза вести

Онлајн конференција „Како да креираме општество без бариери?“ отвора дебата за пристапност и инклузивни градови

Онлајн конференција за општество без бариери

Пристапноста во јавниот простор, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество на лицата со попреченост ќе бидат во фокусот на онлајн конференцијата „Како да креираме општество без бариери?“, која ќе се одржи на 27 мај, во организација на здружението „Икуалити“, во рамки на меѓународниот проект ID:CITIZEN. Настанот ќе обедини партнери и експерти од Македонија, Полска, Словачка и Унгарија, со цел размена на искуства и политики за поинклузивни заедници.

Настанот ќе ги презентира резултатите од студиските посети реализирани во Полска и Словачка, како и публикацијата „Препораки за политики за подобрена инклузивност“, која нуди конкретни насоки за подобрување на пристапноста во урбаните средини, јавните простори и институционалните практики.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на партнерските организации од четирите земји учеснички – покрај македонското здружение „Икуалити“ и фондација „Интеграција“ (Полска), организација „Рака под рака“ (Унгарија) и здружение „Тененет“ (Словачка), како и претставници на институции, општини, урбанисти, архитекти, културни работници и граѓански организации.

Учеството е бесплатно, со претходна регистрација преку линкот: Регистрациска форма.