Популарни рубрики

Блог 1 тест > ПЛАНЕТАТА УМИРА ЗА ПРОФИТИ НА ПОЕДИНЦИ

ПЛАНЕТАТА УМИРА ЗА ПРОФИТИ НА ПОЕДИНЦИ

Share on Facebook
Tweet
Пожарите на сибирските шуми што гореа во август зафатија површина од 3,1 милиони хектари, што е еднакво со големината на Белгија. Огнената стихија во Амазонија, пак, зафати површина колку територијата на Велика Британија.  

Гренланд за 24 часа загуби 11 милијарди тони површински мраз на океанот - еквивалентно на 4,4 милиони олимписки базени.

Се давиме во пластика - од 1950 година до лани, произведени се 9,2 милијарди тони пластика. На годишно ниво, пластиката убива повеќе од 1,1 милион птици и животни. На годишно ниво, човекот, во просек, јаде 70.000 различни видови микропластика. 

Горат белите дробови на планетата Земја. Се пеплосува амазонската прашума, таа што обезбедува 20 проценти од кислородот што го дишеме ние, Земјаните. Нашиот грев е забележлив од вселената, алармираат светските медиуми.
„Домот ни гори! Сакам да кревате паника!”, предупредува активистката Грета Тунберг со „замрзнат“ изглед на лицето. Тоа се зборови на дете, но ја отсликуваат опасноста што е веќе забележлива. Место да ни „ги боде очите“, ја оттурнуваме и ја забораваме, одбирајќи да живееме во пеколот.
 
Блог 2 тест > ПЛАНЕТАТА УМИРА ЗА ПРОФИТИ НА ПОЕДИНЦИ

подарете (си) лице в лице

Добивај новости на мејл
 
Ја стартувавме новата програма именувана „Лице в лице СЕНС“, која, во духот на принципите и вредностите на досегашните залагања на нашата платформа за активизам и улично списание „Лице в лице“, има за цел да даде свој придонес и печат во градењето подобро и поправедно општество