Преспа станува европска сцена за алтернативна фотографија – почнува „Зрно“
Фотограф(к)и од кај нас и од различни земји во Европа ќе бидат дел од петтото издание на Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“, кој ќе се одржи од 9 до 15 септември во Отешево.
-„Зрно“ е фестивал посветен на алтернативните фотографски процеси, но и на експериментот, природата и слободниот пристап кон фотографијата. Во текот на работилниците, 30-тина учесници од Германија, Австрија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Турција, Украина, Србија и Македонија ќе работат со различни аналогни и алтернативни техники, разменуваат искуства и учат едни од други, во амбиентот кој полека исчезнува, Преспа – велат организаторите.
Од „Зрно“ додаваат дека низ годиниве, се наметна како едно од најзначајните места во Европа за учење и размена на знаења поврзани со алтернативната фотографија, привлекувајќи автори и учесници од повеќе европски земји.
„Зрно“ носи изложби, филм и музика во јавната програма
Покрај работилниците, фестивалот носи и јавна програма.
На 11 септември, во Центарот за култура во Ресен, ќе бидат отворени изложби на Андраш Согор од Будимпешта и Тома Димовски од Скопје, проследени со филмска проекција. На 12 септември пак, програмата продолжува на плажата во Отешево, каде Мартина Пенева ќе одржи диџеј сет насловен „Зајдисонце и нова месечина“.

– Работилниците и програмата на „Зрно“ годинава повторно го поврзуваат она по што е препознатлив овој фестивал: фотографија, експеримент, природа и луѓе што сакаат да направат нешто поинаку – велат организаторите.
- Наташа Гелева – Лени: Дваесет години архива на oтпорот кон наметнатите рамки
- Yes for Less Викенд во Скопје: два дена за одржливи избори и локални еко-бизниси
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји