Националниот парк Шар Планина отвори повик за бизнис идеи за заштита на природата и одржлив развој
Националниот парк Национален парк Шар Планина објави повик за бизнис идеи насочен кон поединци, стартапи, компании и тимови кои развиваат решенија за заштита на природата и одржлив развој на регионот. Рокот за аплицирање е 19-ти јуни 2026 година.
Според повикот, право на учество имаат студенти, претприемачи, земјоделци, програмери, постоечки бизниси и сите други заинтересирани кои имаат идеја што може да придонесе за зачувување на природните ресурси на Шар Планина. Не е потребно апликантите да имаат регистрирана компанија.
Фокус на шумите, водите и руралниот развој
Повикот е наменет за идеи што можат да придонесат за заштита на шумите и водните ресурси, спречување на криволовот и превенција од шумски пожари. Воедно, се охрабруваат и иницијативи насочени кон ревитализација на руралните средини и поттикнување одржлив развој на регионот.
Организаторите бараат иновативни решенија кои ги поврзуваат претприемништвото, технологијата и креативноста со заштитата на природата, со цел да се создадат долгорочни придобивки и за локалните заедници и за природните екосистеми на Шар Планина.
Повикот има цел да поттикне иновативни решенија кои ги поврзуваат претприемништвото, технологијата, креативноста и заштитата на животната средина.
Менторство и финансиска поддршка за избраните идеи
Избраните кандидати ќе имаат можност да работат со професионални ментори на доразвивање на своите идеи и нивно претворање во одржливи бизнис-концепти. Програмата вклучува поддршка за подготовка на бизнис план, можност за добивање неповратен грант, како и вмрежување со меѓународни експерти од областа на иновациите, претприемништвото и заштитата на природата. За дел од учесниците е предвидена и дополнителна поддршка во текот на 2026 година.
Како да се аплицира?
Крајниот рок за поднесување апликации е 19 јуни 2026 година, а сите детали се на овој линк.
Фотографија: Национален парк Шар Планина.
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји
- Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен
- „Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот