Синдромот на втора позиција: во која позиција го живееш животот?
За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!
Пишува: Викторија Јордановска
Знам дека ова издание доаѓа малку подоцна, но надвор пролетта е во полн ек и можеби и ти, како и јас, го чувствуваш пролетниот умор во мускулите. Го чувствувам секоја година и си давам дозвола да одморам и да му дадам на телото она што му е потребно. А ти?
Ајде да почнеме…
Отсекогаш ме привлекувале патерни или шеми – да ги забележувам, да ги создавам, да ги прекинувам, да си играм со нив или да ги преобликувам во нешто сосема ново и различно. Не е чудно што се вљубив во Невро-лингвистичкото програмирање (НЛП). Тоа е методологија што ги преобликува шемите на ниво на нивната структура, или она што е во позадина на приказната што секој од нас ја носи. Веќе некое време забележувам една впечатлива шема кај луѓето со кои работам. Без оглед на полот, возраста, професијата или фаза во кариерата, повеќето често кога зборуваат за себе го користат зборот „ТИ“. Зборуваат во второ лице еднина. Истовремено, во овие реченични конструкции „ти“ индиректно се однесува на себеси. Говорат за својата болка, своите граници, своите избори како да тие работи му припаѓаат на некој друг човек.
„Мора да си ја држиш устата затворена ако сакаш да ја задржиш работата.“
„Чувствуваш дека треба да се промениш, но нешто те спречува.“
„Ти просто мораш се справиш, бидејќи така функционира светот.“
Во НЛП, оваа навика ја отсликува втората перцепциска позиција – гледање на ситуацијата низ очите на друг човек или генерализирано „друго нешто“. Оваа перспектива е исклучително вредна за емпатија и за „влегување во чевлите на другaта личност“. Но, кога станува збор за начинот на кој секојдневно зборуваме за нашиот сопствен живот, оваа несвесна навика тивко нè оддалечува од нашите чувства, потреби и од гласот кој треба да каже „ЈАС“.

Ајде да нурнеме подлабоко…
Трите перцепциски позиции во НЛП
Кога луѓето од навика зборуваат од позиција на „ти“, тие всушност заземаат хронична втора перцепциска позиција – го опишуваат своето сопствено искуство како да се наоѓаат во кожата на соговорникот или како некое безлично општествено правило да зборува преку нив. Во НЛП, ова е една од трите перцепциски позиции кои ја даваат структурата за тоа како ги претставуваме релациите во нашата сопствена глава.
Трите перцепциски позиции се развиени од Џон Гриндер (ко-основачот на НЛП) и Џудит де Лозиер, и нудат моќна рамка за самосвест и интер-персонална ефикасност:
Прва позиција (1-ва): ЈАС – внатре. Целосно сум присутна во моето сетилно, емоционално и когнитивно искуство. Речениците во својата структура имаат „ЈАС“ искази и припадност кои опишуваат што гледаме, слушаме, чувствуваме, сакаме и избираме. Целосното искуство. Ова е целосно асоцирана перцепциска позиција, го доживуваш светот низ твоите филтри. Позиција што ја зацврстува самодовербата, и одговорноста. (Внимание: Има многу луѓе кои се заглавени овде, исто така!) (тие веројатно не го читаат ова, а се надевам некој да го прочита 😃)
Втора позиција (2-ра): ТИ – другиот. Се ставам во чевлите на другата личност и зборувам од нејзина перспектива. Оваа позиција овозможува да почувствуваме емпатија и да ја разбереме другата личност. Целосно асоцирана перцепциска позиција, го доживуваш светот низ филтрите на другиот. Многу е корисна за градење rapport, но ризична ако стане default начин за опишување на нашиот внатрешен живот.
Трета позиција (3-та): Набљудувач – мета перспектива. Излегувам од себе и ја гледам интеракцијата како надворешен набљудувач, како да сум мува на ѕидот. Овде можеме да забележуваме шеми, контексти и системски динамики без да заземеме страна. Оваа позиција е дисоцирана и е идеална за стратешко размислување и носење одлуки. (Внимание: Има и многу луѓе кои се заглавени во оваа перцепциска позиција! Оние како компјутери.)
Сите позиции се корисни! Проблемот настанува кога автоматски и несвесно користиме втора или трета позиција за да зборуваме за себе и за нашите лични искуства. Ова често е покривка над подлабокиот проблем на немање лични граници. Тоа се манифестира со потешкотии да кажеме „не“, толерирање на дела кои нè повредуваат или затемнување на сопствената светлина за да се вклопиме и да припаѓаме. Со текот на времето овој начин на изразување ја нагризува самодовербата. Го губиме контактот со тоа што навистина мислиме, чувствуваме и ни треба.
Пред да продолжиме, сакам да споделам неколку новости со тебе…
Оваа година онлајн работилницата „Внатрешна експедиција“ или The Self-Expedition ќе се одржи на 16 јуни 2026, од 18 до 20 часот. Овој пат на англиски јазик, на јазикот на кој е создадена. Можете да ја резервирате својата карта тука, или едноставно скенирајте го QR кодот подолу (доколку пристапувате овде од десктоп). Моментално трае промоција 2 за 1 до крајот на мај, па можете да си донесете пријател/ка или да изненадите некого со вреден подарок.


И уште нешто, почнавме со формирање на новата генерација НЛП практичари 2026/2027 – една група во Виена и една во Скопје. Јавете се ако сакате да го искористите попустот за рана пријава.

Продолжуваме…
Моќта на дисоцијацијата
Важно е да кажам дека дисоцијацијата не е по природа негативна или лоша. Во многу ситуации таа служи како вредна психолошка алатка:
Во ситуации каде влогот е висок или се работи за критичен фидбек, преминувањето во трета позиција овозможува мирно да набљудуваме без да бидеме емоционално преплавени.
Во преговори или конфликти, свесното влегување во втора позиција помага да ги разбереме мотивите и грижите на другата страна.
Во моменти на силен притисок или криза, создава ментален простор за ефективно функционирање, и дава можност емоциите да се обработат подоцна, кога ќе имаме капацитет.
Клучот е во флексибилноста. Здраво психолошко функционирање подразбира намерно движење меѓу трите позиции, наместо да бидеме несвесно заглавени во една.
Кога работам со лидери и професионалци, вежбаме развивање на силна перцепциска флексибилност. Таа им помага го развијат своето чувствуво на емпатија (втора позиција), да се дисоцираат за да добијат поголема перспектива (трета позиција) и потоа да се вратат во чиста прва позиција – каде се грижат и залагаат за себе со јасност, самодоверба и сочуство.
А ти?
Дали си се фатил/а себеси како користиш „ти“ кога зборуваш за сопствените предизвици?
Дали ја забележуваш можеби оваа шема кај своите блиски, својот тим?
Ако одговорот е да, почни да слушаш. Свесноста е првиот чекор кон промена.
Фати го „ти“ во твојот внатрешен или надворешен монолог.
Врати се во прва позиција: „Што јас чувствувам/ми треба/сакам?“
Влези во трета позиција за балансиран поглед пред да одлучиш.
Предлагам да ја направиш следната вежба:
Опиши една иста ситуација три пати: од прва позиција (ЈАС), потоа од позицијата на другиот (ТИ), па како набљудувач (тој/таа/тие или „ситуацијата“). Забележи ги разликите во твоите внатрешни сензации, јасноста и можните реакции.
Оваа промена не само што ја подобрува комуникацијата – таа гради поголема отпорност, автентичност и лидерско присуство.
За крај, мојата порака за месец мај е:
Зачекори целосно во твоето автентично ЈАС.
Многу љубов, Викторија ❤
Оригиналниот текст е објавен на англиски јазик и може да го прочитате на профилот на социјалната мрежа „Линкдин“ на авторкатае на овој линк.
Претходниот блог на Викторија:
Не го добиваш тоа што го заслужуваш, го добиваш тоа што ќе го испреговараш
- Отворен повик за 5 млади амбасадорки за дигитална безбедност: зајакнување на жените во сајбер просторот
- Дејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како автор
- Скопје домаќин на национална конференција за социјално претприемништво: фокус на политики, партнерства и локален развој
- Ден посветен на Дејан Дуковски на „Војдан Чернодрински“: Изложба, промоција на драми и разговор со авторот
- Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот живее додека има сцена, публика и приказни