Доза вести

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја имаше американската премиера на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк

Премиера на скејдбордингот на Дина Дума во ЊУјорк на Трајбека филм фестивал

Филмот на Дина Дума беше прикажан пред преполна сала на еден од најзначајните независни филмски фестивали во САД, проследен со долга дискусија со публиката, соопштија од продукцијата.

Пред преполна сала во срцето на Менхетен, синоќа се одржа американската премиера на македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, во рамки на престижниот фестивал „Трајбека“ во Њујорк.

Филмот е прв македонски долгометражен игран проект што е селектиран на овој фестивал, основан од актерот и продуцент Робер Де Ниро, кој важи за една од најзначајните платформи за независен филм во САД.

– Богатата дискусија после проекцијата разви емотивна и прекрасна атмосфера, особено околу прашањата кон Дума за тоа како работела со глумците и како ја постигнала таа автентичност во филмот – соопштуваат од продукцијата на филмот, „Сестри и брат Митевски“.

.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е втор долгометражен игран филм на Дума, по нејзиниот наградуван дебитантски филм „Сестри“. Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Директор на фотографија е Фредерик
Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Со оваа премиера, филмот го продолжува својот меѓународен фестивалски живот, носејќи приказна што започнува во локален контекст, а комуницира со публика далеку надвор од границите на земјата.