Скопје џез фестивал започнува на 16 октомври
Оваа година Скопје џез фестивалот ќе се одржува од 16-ти до 19-ти октомври 2025. На главната сцена на фестивалот, Националната опера и балет ќе ги слушнете: Андреј Југодзински Трио, Националниот џез оркестар со Сиги Феигил и Луис Бонила, Марк Рибот и многу други. Ова, 44. издание на фестивалот ветува изведби на музичари со висок меѓународен квалитет и уникатна атмосфера.

Во склоп на фестивалот во делот Џез Кино во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, публиката ќе може да ги гледа документарните филмови „We want the Funk!“ и „Sun Ra: Do the impossible.“
Дизајн на постер: Ѓорѓе Јовановиќ
- Индира Кастратовиќ: Спортот прво учи на човечност, па на победи
- Повеќе од четири децении уметност: Почнува 37. Ликовна колонија „Галичник“
- „Само сонот е стварност“ е пораката со која „МакеДокс“ го најавува своето 17. издание
- Највредните искуства не се мерат со пари: моето лето како волонтерка во „Лице в лице“
- Го паметите Игорче? Денес има работа што ја сака и ново поглавје во животот